Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
На триесетина километри од Мавровската брана, на патот кон Дебар, од левата страна ѕирка малото село Јанче. Сместено во ридско-планински предел, во подножјето на убавата Бистра, Јанче се наоѓа на надморска висина од 760 метри. За ова магично место, според кажувањата, имало неколку легенди, а најинтересната е врзана за специфичната клима во овој крај. Се велело дека ако во Јанче паѓа снег, тогаш и во Солун е такво времето.
Јанче е едно од најстарите села од мијачкиот регион, сместено во долнореканскиот регион. И прво нешто што ќе го украде вашето внимание е недопрената природа. Овде нештата си течат сосема природно. Затвораш очи, ги полниш градите со чист воздух, ги отвораш очите и гледаш вистинска идила! Во Јанче утрата се свежи и пријатни. Сонце, птичји џагор, мешавина на мириси од тревки и цвеќиња. Ноќите, пак, се многу тивки и совршени за оние што сакаат да си ги наполнат батериите. Но она што најмногу го привлекува погледот е реката Радика, чиј кањон поминува низ овој крај. Над нејзиниот тек скалесто наредените куќи во Јанче, во стилот на традиционалната архитектура, оддалеку личат на макета.
Водејќи се од природните убавини на Јанче, еден македонец - повратник од печалба направил традиционален македонски рај и привлекува туристи во истоименото село. Хотел „ТУТО“ е нов и современ хотел идеален за одмор и повеќедневен престој. Нуди низа услуги по високи стандарди и е единствен сместувачки капацитет во селото.
Доколку престојувате во Јанче не заборавајте да ги посетите и останатите убавини во околина како што се:
- водопадите ДУФ, во непосредна близина на село Ростуше,
- с. Галичник по патека Скала, пеш или со коњи
- манастирот Св. Јован Бигорски
- глацијално езеро Локув, над селото Битуше, на планината Крчин,
- мостот Елен скок на Тресонечка река
Јанче и Галичник живееле заедно и создавале несекојдневно единство меѓу нивната архитектура и природниот пејзаж. Архитектурата на овие две села е родена во ретко виден природен амбиент и меѓу себе е поврзана со прекрасен планински, Македонски алпски пејзаж. Оваа архитектура претставува најубава потврда за природните ткаења и взаемни растења во овој простор на каменот и дрвото, земјата и водата, сонцето и воздухот, месечината и ѕвездите, за чардакот и ридот, за градот и предградието. Чудесната структура на оваа народна архитектура и во Галичник и во Јанче меѓусебно е поврзана со сивите карпи, зелените шуми, бистрата вода, небеското синило и ѕвездените ноќи и месечината.
Бојата на оваа архитектура е боја на природниот пејзаж, бојата на кровот е боја на ридот и сe така архитектурата и природата се дополнуваат и прават органски осмислена целина.
За среќа, оваа архитектура сe уште е жива, односно некако преживува.
Овие епитети за село Јанче се доволен предизвик за негова посета во пролетните и летни месеци, кога престојот во овој регион е посебно атрактивен бидејќи природата нуди многу.
Бил ли некој од вас во Јанче? Какво е вашето мислење за ова преубаво село? Би го посетиле ли?