Јавно експонирање на децата преку социјалните мрежи

Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Непотребно според мене, што има врска странство или дома. Сакаш некој да го види твоето дете, му праќаш слика на приватен чат. Која е поентата да ставиш слики од дете на социјална мрежа. Ок е некоја фамилијарна од типот на кога детето ќе има некоја годинака, две, три ама да редиш слики како да е модел, тоа не ми е јасно и општо народот зошто и од каде потребата да го прави.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.196
Поени од реакции
16.337
Се се трпи, освен „Гласајте за мојот Максимилјан на изборот за нај бебе за да добиеме 5 килограми пелени“.
дали со регистрирање на ФБ корисникот му дозволува да користи негови слики од објави ( јавни?) за комерциални цели ???( реклами...)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.045
Поени од реакции
83.486
Никој од моето семејство не постира слики од себе си онлајн. Никогаш.
Али кој како си сака. Знам за луѓе кои постираат слики од себе си и своето семејство он-лајн, секој ден.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Ne e toa dali tebe ti e interesno, objektivno, covekot posvetuva mnogu poveke vo podmladokot od insekti.

Spodeluvanje vest za novorodence vo familijata ke gi napravi radosni najbliskite, pa i podalecnoto semejstvo i tvoite prijateli.
Se soglasuvam deka e pozelno toa da ne se pravi javno so slikite, na socijalni mrezi poradi opasnost.
Чек, не зборуваме ние да споделиш еднаш вест за новороденчето, или во неколку месеци/година да ставиш 10тина слики (роденден/крштевка/некој излет/одмор и слично). Муабетот е за фаци кои на дневна основа прават од детето по неколку слики, и така секој ден во континуитет.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.452
Поени од реакции
17.892
Чат пат знам да ставам некоја слика, најчесто за некој повод, роденден, именден, некој нов момент и слично, или пак ако ептен ми се допаѓа сликата. Не се тоа многу слики, не се повеќе од десет за овие неколку години. Не гледам никаква причина за страв, дилема или слично, зошто не би смеело тоа да се прави. Ниту мислам дека некој ако претерал со слики од своето дете дека сега треба да биде распнат и полеан со секакви стручни психолошки анализи зошто тоа го прави и убедувања да престане. Не верувам у причите за несигурноста и изложување на опасност на детето со самиот чин итн.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.196
Поени од реакции
16.337
Никој од моето семејство не постира слики од себе си онлајн. Никогаш.
Али кој како си сака. Знам за луѓе кои постираат слики од себе си и своето семејство он-лајн, секој ден.
некој користат вибер групи на најблиски лица и се оди преку слики, од предмет, направено јадење, до човек или дете... па и во продавници се слика нешто ако треба ( ако не се забранува изрично сликањето) што викаат една слика вреди 1000 збора...
бај тхе веј, пред многу децении беше во мода бебе да се слика голо, легнато на мев...
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Што не го прави целиот процес помалку банален и досаден. Што е поентата да се фалиш со нешто што скоро секој здрав човек може да го направи?
Еден процес не е банален и досаден, но може на тебе или на мене да ни биде банален и досаден. И на луѓето им е тешко да го одвојуваат својот субјективитет кога ги опишуваат своите сентименти за нештата. „Досадно е - Досадно ми е/Гадно е - Гадно ми е" итн.

1. Па оттаму доаѓаат конфликтите: „Книги се досадни", „Не, не се, ти не сфаќаш која е магијата у читање добра книга пошто Х", „Шах е досаден"... итн. Ги имаш луѓето на кои им е досадно нешто пошо не ја гледаат/разбираат неговата лепота и другите кои ја разбираат, па ги убедуваат првиве дека не е досадно.

На некои им е физика досадна, а историја интересна; на други им е физика најинтересна, но филозофија досадна; на трети им е џез досаден; на друг му е постпанк; на мене ми е фудбал итн. Досадноста на една активност не е интринзична особина, зависи од субјектот. А апсолутизирање лични сентименти е грешка на која сите сме подложни. :D

2. Го знаеш тоа „Ако немаш дете, не разбираш"? Има смисла. Многу работи ми немале смисла и ми биле досадни пошо не сум ги разбирал, не бил пробуден аспектот од мене/или сум го немал за да ги разберам. На пример, порано читање поезија и размислуење за романтика, срцепарателни срања итн. ми биле чизи и патетични. Зошто, пошто сум бил емоционален инвалид што репресира емоции и пробуе да ги рационализира у вербални структури.
И цел тој јазик на вљубените со „Јас давам у врската, тој/таа не вложува бидејќи не ме разбира" ми бил нејасен јазик, без никаква логична структура, а и крајно патетичен.
И така влегов у врска со едно девојче у кое се заљубив до уши. Кога излегоа едни чувства од мене, естетики, цела палета од бои и звуци што не сум знаел дека постојат. Нејзините очи станаа небото, нејзиниот глас ветерот, читање поезии, контање на цел тој јазик - не само контање, туку употребуење. Се фаќам себеси дека зборуем работи што други заљубени луѓе ги контаат, и ја сеа ги контам - а сум бил лишен од одредени аспекти од себе што не сум знаел дека ги имам - работи кои сфаќам дека се екстремно битни и здрави за моето битие. И конташ, интуитивно, дека вербалните структури се лишени од многу состојби на умо и душата; оти си потиснал многу аспекти од себеси што се здрави. Пред да забегам...

За децата... Ја не разбирам оти толку се гордеат, нејасно ми е. И шо ако имаат дете, интуитивно не ја сфаќам цела таа гордост. Продужиле ген (го банализирам емотивно и го интелектуализирам), голема работа. Читаш книга, мозокот разменуе електрони, и шо... Зошто читањето книги е битно, досадно е, се гордееш пошо имаш нова книга у меморија, ново знаење... Едно време имав тешка криза на идентитет... Зошто треба да учам нови работи, се надградувам ли или тоа е илузија што си ја стварам за да се осеќам добро, сум стаил нови концепти у глава, пермутација од истите структури, само нова дејта со друг назив - а у истите логичко последователни конструкци. И што ако сеа го знам Х? Зошто тоа праи да се осеќам добро? И сконтав дека не мора да има некаква смисла или илузорно „надградување" - на мене ми е убаво. На мене лично, не мора да му биде секому. Излегов од обидот да му ги проектирам моите морални вредности на светот, со големи маки. Природно ми иде да го праам тоа.

Не знам дали имаш дете (а и не навлагам у тоа), ама ќе зборуем у мое име пошто истово ми се дешава и на мене... Ја не сфаќам какво е чувството да имам мое дете и што значи тоа за родителите на егзистенцијално ниво. Поради тоа ја сум емоционално лишен од тоа чувство. Проблемот е у мене, а не у родителот што се гордее со тоа. Ако станам родител, не знам дали ќе ми изгледа глупо. Веројатно не. Обично ние што зборуеме вака неаме деца, ама многумина магично, после детето, напраиле преокрет у ставови. Според мене, тоа не е бидејќи станале плитки, туку бидејќи се збогатиле со нов сентимент и откриле нов аспект од својата свест - чувството да бидеш родител. Тоа има огромна тежина од феноменолошка перспектива. Они се побогати, а ја посиромав - они не се поплитки, а ја подлабок (ова го зборувам на друго ниво, батали ги тие што спамаат на фејсбук). Ја нема да имам мајчински инстинкт.... Никад. Татковски не знам, рано е. И не можам да го разберам, и мене ми делуе банално.

Увек како пример за вакви нешта ги давам психопатите. Ним емпатијата им е патетична, ама они се емотивните инвалиди, а не емпатичните луѓе.

Успеав сам да си индуцирам егзистенцијална криза од ова што ти го напишав. Браос за мене. :D
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.045
Поени од реакции
83.486
бај тхе веј, пред многу децении беше во мода бебе да се слика голо, легнато на мев...
и после ја умножуваа и лепеа по бандери низ градот, сите да видат.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.196
Поени од реакции
16.337
и после ја умножуваа и лепеа по бандери низ градот, сите да видат.
па на вибер групите се од потесна родбина, 4-5 луѓе, а и на ФБ не оди секој пост јавно... не само тоа, јас имам ни 40-на приатели, па постовите ретко одат за сите пријатели, не само слики мои, туку и тие што ги шарувам од онлајн медиуми ги селектирам... едноставно ако се иде јавно секому се гуши ФБ и не може да дојде на право место тоа што некому би го интересирало ....
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
Јас мразам слики од мене како мал. Може и нивните деца ќе мразат...Но они си знаат.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.326
Јас се колнев дека нема да сум една од овие, ама... :D Ставам слики првенствено затоа што и двајцата сме одвоени од родители, пријатели и роднини, повеќето не го ни сретнале воопшто детето, овака ми е најлесно да им споделам до каде сме со развој.
Зошто на пример сликите од растењето на детето не им ги испраќате во приватни пораки на родителите, роднините и блиските пријатели наместо да ги објавувате на дирекно на профилите ?
Ако е заради заштеда на време тотално ќе те разбеарам но заради опасноста од секакви суштества на нетов треба да внимавате.
Инаку истото тоа за да не спамам посебно на секого го правам со сликите од патувања. Се што сметам дека нема да ме загрози од било кој аспект иде дирекно на ИГ.
Пример врв на идиотизам се снимањето сториња каде што ја снимаш куќата, зградата, хотелот каде што си сместен додека си на одмор. Дирекно се нудиш на нишан на локалните криминалци.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.906
Поени од реакции
25.254

Имам четири групи на роднини и пријатели од најтесен круг на кои им давам инфо почесто и дури и на тие четири групи кога им праќам, ми е напорно и тука ќе се јави некоја подалечна роднина која ќе се побуни зошто "го криеме" детето. А имам и подалечни, а блиски луѓе еден куп на кои би сакала да им покажам до кај сме. Кај ќе ми биде крајот ако на сите поединечно им праќам?
И пак станува збор за затворен профил со слики видливи за пријатели. А во врска со педофилите и криминалците, шта речи... Не знаеш кој може да испадне педофил, може да е и блиска рода на која редовно ѝ споделуваш слики. Да не дојде до тоа...
Јас имав една замерка за мајка која ме извади од патики, отворен профил со слики од фамилија и деца, име и презиѓе, за 5 минути можам да дознаам која е и каде е. Истава ставила експлицитна слика од приватните делови на детето и бара медицински совет. Ѝ реков совет не се бара на интернет, туку на лекар, најдобронамерно ѝ дадов до знаење дека е лесна мета на педофили, па среќа ме послуша и ја избриша сликата. Од овој аспект не поддржувам ставање голи слики од децата, да природно е, да детенце е, ама не знаеш како некој ќе гледа на тоа, а и верувам дека на самите деца ќе им биде непријатно да се видат кига ќе потпораснат.
 
Ako ne stavaat sliki od decata i hotelot nemaat da imaat sto da stavat.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Имам четири групи на роднини и пријатели од најтесен круг на кои им давам инфо почесто и дури и на тие четири групи кога им праќам, ми е напорно и тука ќе се јави некоја подалечна роднина која ќе се побуни зошто "го криеме" детето. А имам и подалечни, а блиски луѓе еден куп на кои би сакала да им покажам до кај сме. Кај ќе ми биде крајот ако на сите поединечно им праќам?
И пак станува збор за затворен профил со слики видливи за пријатели. А во врска со педофилите и криминалците, шта речи... Не знаеш кој може да испадне педофил, може да е и блиска рода на која редовно ѝ споделуваш слики. Да не дојде до тоа...
Јас имав една замерка за мајка која ме извади од патики, отворен профил со слики од фамилија и деца, име и презиѓе, за 5 минути можам да дознаам која е и каде е. Истава ставила експлицитна слика од приватните делови на детето и бара медицински совет. Ѝ реков совет не се бара на интернет, туку на лекар, најдобронамерно ѝ дадов до знаење дека е лесна мета на педофили, па среќа ме послуша и ја избриша сликата. Од овој аспект не поддржувам ставање голи слики од децата, да природно е, да детенце е, ама не знаеш како некој ќе гледа на тоа, а и верувам дека на самите деца ќе им биде непријатно да се видат кига ќе потпораснат.
Во слични дилеми бев, јас фб немам али нели другарка ти има за сите нас, од исти причини роднини пријатели нек се у тек.

АЛИ се сликам ја со неа често, со стегнати веѓи за да знаат дека татко и е тука... и е зезнат тип... у случај некој да добие идеа.

Примети баш... секаде кај шо ме има... сум намрден.

Љ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom