ЈСП - случки, прашања, дискусии

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Абе идам сабајлево, кога гледам на станица гужва. Доаѓа автобус одма (5-ка). И влегов купив карта гледам сите доле седат никој не иде нагоре. ЕЕеее викам ТОП има место горе ќе си седнам. Се качувам гледам оној туристички автобус дува од секаде, а саатот 7 и нешто. Абе седам така неколку станици си викам јас овде не можам ќе идам доле. Кога доле за три станици се напунил пензионер нема место да прднеш. Си останав горе, смрзнав. Кој како се качува горе, одма иде доле.
Среќа пред тргнување од дома ми текна капа да земам иначе сега ќе идев по Амоксиклав во аптека.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.879
Денеска во два часот по полноќ 17-годишниот К.К. бил претепан во автобус бр.57 од неколку лица. Автобусот одел на релација од Центар до Радишани. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите
 
Почнува школска година... Да не речам, ама ќе речам ова изгледа пак ќе стане секојдневие.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.879
Маскирани лица со бејзбол палки ноќта меѓу петок и сабота нападнале две лица во автобус на ЈСП бр.65 во населбата Ченто.

Како што соопшти полицијата, цел на нападот биле Ф.Г.(21) и С.Р.(25) двајцата од Скопје. Откако лицата го извршиле нападот, возачот го запрел автобусот и ги отворил вратите, по што оштетените со трчање се симнале.

Се преземаат мерки за расчистување на нападот.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
нееееездрава работаааа беее морало ли у 4 ипол да пазарите бе да ви ебам тоа вампирите стари уште влагаат како автобус да не виделе луѓе не влегуваат и се крстат .......... :mad::mad::mad:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Коце дал 27 милиони а ќе даде уште 50 на ЈСП

http://www.plusinfo.mk/vest/151713/Koce-mu-prefrlil-plata-na-JSP-dolgovite-se-pravele-poradi-besplatniot-prevoz-
Директорот на ЈСП рекол:

Мишо Николов, дека финансиската состојба во ЈСП е стабилна, а Трајановски треба да е свесен дека тоа е јавно претпријатие кое добива субвенции и дотации откако е формирано.

Според него, наплатата е само еден мал проблем кој влијае на заработката, но останува фактот дека сега голем број граѓани се возат бесплатно.
.....................
Да се надеваме дека ќе укинат бесплатен превоз за пензионери
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.452
Поени од реакции
20.210
Коце дал 27 милиони а ќе даде уште 50 на ЈСП

http://www.plusinfo.mk/vest/151713/Koce-mu-prefrlil-plata-na-JSP-dolgovite-se-pravele-poradi-besplatniot-prevoz-
Директорот на ЈСП рекол:

Мишо Николов, дека финансиската состојба во ЈСП е стабилна, а Трајановски треба да е свесен дека тоа е јавно претпријатие кое добива субвенции и дотации откако е формирано.

Според него, наплатата е само еден мал проблем кој влијае на заработката, но останува фактот дека сега голем број граѓани се возат бесплатно.
.....................
Да се надеваме дека ќе укинат бесплатен превоз за пензионери
паразитско претпријатие е ЈСП ... предходно немаше гага превоз па пак работеа со загуба, а за возен парк да не збориме автобуси од 1962 година или во превод немаат вложено ни 1 денар во претпријатието. Добија нови гага автобуси неспособни се истите да ги одржуваат, али затоа има 50.000 вработени од кој 49.000 се дебили вработени во контрола. превработеност е проблемот а не бесплатниот превоз .
btw
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/172518-FOTO-67-ca-na-JSP-se-prevrte-vo-Dracevo
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
9
Поени од реакции
13
Во неделата се враќав со автобус од средно Водно. Пензионери како никогаш до сега. Преполн автобус со нив се паркираше, за да излезат, а нов чопор од надвор им го блокираше излезот. Бев сведок на една огромна некултура, викање, пцуење, вреѓање на шоферот (кој патем беше одличен смирен тип)... Посматрајќи ја целата таа ситуација, одеднаш ми светна зашто сме ваква хаотична неотесана држава.. Крушата под круша паѓа. Чиста среќа што јас не бев шоферот, оти ќе направев неколку нагли ,,случајни" кочења.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ќе го укинат тој бесплатен четврток за студентите и problem solved...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова се глупости. Сакаат да заплашат
Немој случајно да сте платиле
Се работи за незаконско казнување. Уставот вели:
Член 14
Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.
Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука.
 
marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
Ова се глупости. Сакаат да заплашат
Немој случајно да сте платиле
Се работи за незаконско казнување. Уставот вели:
Член 14
Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.
Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука.
Пресумција на невиност на човекот :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom