Ѕвезда број 1 1ТВ (македонско музичко талент шоу)

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516

Ново музичко македонско талент шоу кое е во организација на Томато и 1тв

Водители : Жаре Бербер и Нина Деан

Жири : Бане Поповиќ- Томато, Елена Петреска, Сергеј Варошлија и уште некој кој сеуште не се открива а плус ќе има и гостин во жири.

Едни од гостите се потврдени а тоа се Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ.

Спонзори : Мермерен комбинат Прилеп, Зегин, Прилепска пивара, Витаминка Прилеп

Аудициите ќе се одржат во повеќе градови низ државата.

Целиот проект шоу започнува наредната недела поточно во среда.

Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Караванот тргна, се бара ѕвезда во Македонија!

Поп пејачката Елена Петреска како претставник на тимот од Мел Фест и Бане Поповиќ започнаа интересен проект, со цел да ја заживеат нашата музичка сцена. Тие започнуваат со големо талент музичко шоу, каде секој кој има талент за музика ќе може да го покаже истиот и да добие шанса да стане ѕвезда.
-Караванот тргнува, а сите кои имаат талент и се подготвени да застанат на сцената имаат шанса да си го остварат сонот. Ќе избираме Ѕвезда број еден, а караванот каде талентите ќе можат да се пријават на аудиции, тргнува низ градовите утре. Значи, утре сме во Гевгелија, во 12 часот во Пионерски дом, а потоа и во Струмица, во 18 часот, во клубот Селект. Во недела сме во Кавадарци во 12 часот во Реборн, а потоа од 18 часот во Штип, во Дом на млади. Сите кои имаат желба да станат дел од нашето естрадно небо можат да дојдат и да запеат на аудициите – раскажува Петреска.

Додава дека секој ден од понеделник до петок ќе има 30 – минутни емисии на 1ТВ, каде ќе бидат претставени кандидатите од сите градови.

-Потоа започнуваме со емисиите на големата сцена во кои ќе се натпреваруваат кандидатите кои ќе ја поминат првата селекција. Покрај секојдневните емисии Ѕвезда број еден талент шоуто со голема емисија ќе се емитува секоја седмица, во време траење од два часа – информира таа.

Десет финалисти од шоуто ќе добиеле снимање на песна и видео запис за истата. Победникот добивал договор и снимање на албум, но листата на награди се уште не била комплетирана и следувале многу изненадувања за финалистите.

Вики Клинчарова
Извор : Фокус
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280

Ново музичко македонско талент шоу кое е во организација на Томато и 1тв

Водители : Жаре Бербер и Нина Деан

Жири : Бане Поповиќ- Томато, Елена Петреска, Сергеј Варошлија и уште некој кој сеуште не се открива а плус ќе има и гостин во жири.

Едни од гостите се потврдени а тоа се Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ.

Спонзори : Мермерен комбинат Прилеп, Зегин, Прилепска пивара, Витаминка Прилеп

Аудициите ќе се одржат во повеќе градови низ државата.

Целиот проект шоу започнува наредната недела поточно во среда.

Kolku losh narator.
Probuva da go naprai spektakularno, ama ustvari deluva kako top-shop reklama.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Томато кога го работеше М2 првите некој сезони тоа шоу беше супер сработено но сега гледајќи на ова шпицата ми делува ефтино. По ова може да се заклучи дека е узбрзано.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Мора да се формира некаква интелектуална комисија, меѓуминистерска (или не знам веќе каква), која ќе го санкционира овој шунд.
Сега ќе седнат наказиве у фотеља ко крлеуша и ќе се спрдачат со млади овци шо не знаат ни да зборат, ни да се понашаат, нити имаат грам елементарна култура и само инстаграм им е живот.
Вучич, бербер, сергеј ни станаа мејнстрим, у комплет со турска серија и дневна селска политика. Мора некое интелектуално јадро, ако е останато такво, да се стаи над ова деградирање и овој културолошки колапс.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630

Nemame nie takvi lugje,se e otideno u kurac u ovaa vukojebina,samo losa kopija sme na se sto ni doaga od srbija a svetot ne sme go ni videle
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Добро бе, јас да имам голем талент за пеење (а немам) за мене би било најголема навреда Варошлија да ме оценува дали ме бидува или не. Од кога е бе тој релевантен за ваков избор?

Па и водител го ставиле ропакот Жаре Бербер. Таков лик е само за во селска кафана и на никое друго место...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Да потсетам и Влатко Лозано беше во талент шоу каде што во жири па и целиот проект беше на Вучиќ кој исто многумина и не го сакаат, го критикуваат, се зезаат со него.

Лозано ете успеа да се задржи со музиката, снима песни, има слушани песни, годинава и концерт направи и тоа полна му била салата. Така да нема врска кој ќе те оценува, ако имаш талент и глас ќе се снајдеш за успех, ќе се задржиш долго, ќе имаш обожаватели.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Ако бе. Со што ќе се забавља плебсот денес, ако нема вакви срања? Ако не му пуштат вакво нешто, тогаш ќе укључи интернет и ќе блене у нешто друго еднакво ретардирано.

Памтам ко бев копиљ, си идеш дома од школо и имаш еден канал на телевизија, ни интернет, ни избор. Е, али изборот за тебе го праи некој кој има песто пути бољи идеи за твоето образование и културен живот, па на тој еден ебан канал, можеш да начекаш само училишна програма, што значи - Опстанок во продукција на Темза, емисија за научна фантастика со Зоран Живковиќ, Па Де Де - емисија за сериозна музика и балет, емисија за стрип или евентуално Бранко Коцкица.
А тоа е само една мала причина зашто нашите генерации се сто пути бољи од усраните денешни генерации.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
А тоа е само една мала причина зашто нашите генерации се сто пути бољи од усраните денешни генерации.
Изгледа од многу кокица ја доведовте мајка Македонија на ниво на Бангладеш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom