Минатата година преку летото работев хонорарно една сезонска работа еден месец со неколку луѓе, и кога правевме паузи нели секој си јадеше тоа што понел во ранец.
Тј што ни беше шеф ме забележа како секогаш јас отпадоците и хартијата т.е ѓубрето што останува секогаш го собирам во кеси и назад во ранец и кога ќе се враќавме назад во цивилизација во град го фрлав во контејнери и шефот ме пофалуваше за тоа.
Ама еднаш го приметив шефот како неговата тегла со киселено млеко го испи млекото, а теглата беше стара и шефот сакаше да ја остави теглата покрај автопатот, ама јас скришум ја вратив теглата во гепекот на автото, и кога стигнавме до градот назад, му реков на шефот: еј, ти си ја заборавил теглата, ама јас ти ја ставив во гепекот.
Реакцијата на шефот беше: абе теглата беше за фрлање, затоа и ја оставив на автопат ама добро кога си ја ставил во кола ќе морам да ја носам до контејнер. хехехеххехе
Немаме култура тоа е, шефот 55-56 години, и јас дупло помлад морам да го учам каде да се фрла ѓубре.