Ѓорѓија Пулевски

Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
227
Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817, Галичник13 февруари1893, Софија) бил македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач.

Роден во селото Галичник, Ѓорѓија од печалбар-ѕидар во Романија до почетокот на 60-те години својот животен пат го продолжува низ разните ослободителни војни и востанија во текот на целата втора поволина на 19 век. Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи. Верувајќи дека со тоа се бори и за својата татковина, Пулевски најпрвин се вклучува како доброволец во ослободителните акции во настаните од 1862-1863 година кога, како наредник на „понтонерска чета“, се бори против турскиот гарнизон во Белград. Потоа, по избувнувањето на Српско-турската војна (1876) тој пак се вклучува како доброволец, на страната на српската војска.

Веќе во следната година започнува Руско-турската војна и Пулевски е одново со својата чета во редовите на авангардата на руската армија при ослободувањето на Бугарија. Со Одринското примирје и Санстефанскиот прелиминарен договор е прекинато заземањето и на Македонија. Но уште во следната година (1878) Пулевски пак активно учествува како војвода во Кресненското востание, ставајќи се директно во функција на борбата за слобода на македонскиот народ.

Не помалку е значајна неговата културно-национална дејност како учебникар, лексикограф, граматичар, поет, фолклорист, етнограф и историчар. Негово првопечатено дело е „Речник од четири јазика“ (четиријазичник), објавено во Белград во 1873 година. Тоа е всушност петјазичник, бидејќи во колоната на српскиот јазик дава лексички материјал од двата блиски, но сепак различни јазика: македонскиот и српскиот.

Втората публикувана книга на Пулевски е „Речник од три јазика“ (тријазичник), објавена исто така во Белград во 1875 година. Ова дело е особено значајно поради јасната концепција и отворено изнесената идеја за татковината Македонија, за македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни во словенскиот свет.



Од „Тријазичникот“ на Пулевски


По неуспехот на Македонското Кресненско востание и неговото заминување во Софија, во 1879 година Пулевски сепаратно ја публикува првата патриотско-политичка поема во нашата литературна историја „Самовила Македонска“. Во неа е одразена идеологијата на македонските учесници во Кресненското востание. Во тоа време ја објавил и првата одделна стихозбирка на македонски јазик во македонската литературна историја „Македонска песнарка“ (во две книшки). Стихозбирката содржи три лични и повеќе народни песни.

Во следната 1880 година излегува од печат и „Слогница речовска“, којашто претставува прва публикувана граматика на македонскиот јазик. Во неа Пулевски се обидел да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, креирајќи притоа мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани.

Како дел од активноста на Пулевски сред македонската емиграција во Софија е и формирањето на Словеномакедонската литературна дружина во 1888 година, под негово претседателство. Таа има особено значење како прва македонска литературна асоцијација воопшто и тоа е само уште еден доказ за неговата патриотска културна дејност и национално-политичка ориентација. Меѓутоа, посебно место во претставувањето на делото на Пулевски зазема неговата „Славјанско-маќедонска општа историја“, завршена во 1892 година непосредно пред неговата смрт.

Не е за занемарување и неговиот обемен ракопис, насловен како „Јазичница“, завршен исто така во Софија, којшто претставува специфичен прирачник за изучување на македонскиот јазик.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
227
Најпрво се извинувам за текстов горе немам никаква намера тоа да го поситрам ама полуде компјутеров тој ден и се некои глупости излегуваа


Околу книгата на Пулевски

СЛАВЈАНСКО-МАЌЕДОНСКА ОПШТА ИСТОРИЈА

Македонија ја доби најстарата историска читанка некогаш напишана за Македонците и за нивната земја. Нејзин автор е Ѓорѓија Пулевски, Мијак од Галичник, кој во 1893 година во Софија ја издал книгата, која „за да ја разберат сите полуостровски Славјани“ ја напишал на славјанско-македонско наречје. Станува збор за многу значајна книга што се чувала во бугарските архиви.

„Историјата“ летово ја објави МАНУ, а таа содржи досега необјавени информации за населувањето на Словените и за потеклото на Македонците. Ова значајно дело за македонскиот народ стотина години беше во историските архиви во Софија, а историчарите велат дека да била објавена по Втората светска војна, „Историјата“ на Пулевски сосема ќе го променела познатиот пристап за потеклото и за историјата на македонските Словени, како и теоријата за нивното доаѓање од зад Карпатите. Според Пулевски, таа теорија не е точна.

- Најголем дел од неговите сознанија и ставови не е многу далеку од тие во историската наука што функционирала во неговото време. Пулевски бил човек што повеќе сакал отколку што можел, зашто имал скромно самообразование, но остави дела со особена историска важност - наведува академикот Блаже Ристовски, кој заедно со проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, го подготви изданието на ова дело.

Пулевски тврди дека македонските Словени се староседелци на Балканот и оти векови подоцна дошле Бугарите, а потоа и Србите. Тој е еден од ретките творци во 19 век што најдиректно се изјасниле како Македонец. Според него, македонските Словени се ист народ со античките Македонци.

„За Македонци оту имале свои цареви и царствено управленије познаваме уште од Тројанскиот бој“, пишува тој во почетокот на „Историјата“.

Книгата денеска е отпечатена на оригиналниот јазик што го користел галичанецот, а содржи неколку дела: Славјанско-македонска историја од Потопот до 900 година пред Христа, од 900 година до 148 година пред Христа, од 148 година до 395 година во нашата ера, од 395 година до 1360 година и последната етапа до крајот на 19 век.

Тој наведува дека сите Словени во старо време живееле во Азија, а уште во антиката, македонските Словени се населиле на Балканот, а другите заминале преку Кафказ, зад Карпатите (во Сармација), од каде што и тие во 6 век по Христа се спуштиле кон Балканот.

Според Пулевски, Македонците, односно, како што кратко ги нарекува, Мијаците, се народот на Александар Велики.

Старото македонско население, пишува тој, било составено од три поголеми народи, односно нареченија. Првото наречение биле Теменидите, второто Пеонидите, а трето биле Арнаутите.

„Време“ во следните броеви ќе пренесе неколку значајни дела од обемното дело на Пулевски, за кое историчарите и книжевниците велат дека во блиска иднина ќе иницира коренити промени во изучувањето на историјата на Македонија и на македонскиот народ, со што би можеле да се променат општоприфатените историски четива на Балканот.

Последните години од животот Пулевски ги поминал осамен. Починал осиромашен во Софија, а до денеска не му се знае гробот.

Продолжува...
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
227
- 2 -

Македонските Словени се староседелци на Балканот, а векови подоцна кај нив дошле Бугарите и Србите, се наведува во првиот дел од „Историјата“ на галичанецот Ѓорѓија Пулевски, која МАНУ ја издаде лани. Летово во Галичник членови на МАНУ одржаа предавање и презентација на делото чиј оригинал се уште се чува во бугарските архиви.

Станува збор за најстара пишана историја за Македонија и за македонскиот народ, напишана во 19 век. Целосниот назив на ова значајно дело е „Славјанско-маќедонска општа историја“, а е доста значајно поради фактот што Ѓорѓија е еден од малкуте автори од тој период што го истакнуваат постоењето на посебен македонски народ и јазик.

Пулевски донесува многу податоци за потеклото на Словените и за другите балкански народи, за периодот на Александар Македонски, Римјаните, Турците, за доаѓањето на Бугарите и за српското средновековно царство.

Во однос на потеклото на Словените, Пулевски се држи до библиското прикажување на минатото. Според него, сите Словени се синови на Јафет, кој, пак, е потомок на Мосох, еден од внуците на Ное од Стариот завет. За таа теорија авторот го наведува и името на градот Москва, кое го поврзува со словенската почит кон стариот заеднички и сесловенски предок - Мосох.

„За коренот славјански началото си водат уште от разделуването на јазициве (во Вавилон) . Заре уште от тога, тије оставиле полето Синахар, тики от Азија в Јевропа излегле и се населиле во тије места што денес ги држат Македонци, Болгари, Срби, Далматинци, Хорвати, Бошнаци и Ерцеговци“, пишува Пулевски во неговата „Историја“ на околу 1.000 страници, која ја завршил во ракопис во 1893 година.

Тој додава дека Македонците уште од најстаро време постепено се намножувале и живееле на едно исто место, каде што живеат и денес.

Покрај секој дел во „Историјата“, Пулевски го наведува изворот на информациите. Така, се среќаваат историчарите Михаил Ломоносов, Мавро Орбини, Јован Боемски, Никифор Грегорас, Јоан Зонара, Јенеа Силвија, Антонио Бофинио, Јован Раиќ и многу други.

Цитирајќи ги нивните наводи, Пулевски заклучува дека еден дел од големиот славјански народ се населил на Балканот (македонските Словени), а другиот дел од Азија заминал на север кон Сармација, односно кон областа што ги зафаќала Касписко Море, Кавказ, Карпатите, Црно Море, а од каде што подоцна достигнале и до „Ледениот Океан“.

Старите Македонци-Славјани преку Босфор и Дарданелите преминале во Европа, односно на Јужниот Балкан, а другите Славјани заминале кон реките Дон и Волга, од каде што по многу векови тргнале кон југ, дел од историјата што се нарекува „доселување на Словените“. Тие Словени, според неговото толкување, на Балканот се сретнале со нивните блиски роднини, Македонците.

Галичанецот во својот труд се занимава и со објаснување на потеклото и на другите народи, па попатно споменува: „Во гореречена Азиска Сармација живувале различни народи, а меѓу них и Срби. А едни живувале преку река Танаиса, тики со таја страна покрај река Волга седеле, тики поради Волга и име им се призводит Волганци“. Според Паисиј Хилендарски, Волганците, односно Волгарци се денешните Болгари, односно Бугари.

Пулевски пишува дека старовременското македонско население било составено од три народи. Првите биле Теменидите, вторите Пеонидите, а третите биле Арнаутите. Арнаутското население живеело на исток до Црно Море и се нарекувало тракиско, односно тоа биле Тракијците.

Пеонидите живееле на исток и североисток во Македонија, а Теменидите на југоисток.
Пулевски целиот живот бил репресиран од тогашната бугарска власт поради неговите отворени промакедонски ставови. Поради тие причини никогаш не добил пензија од Бугарија, иако како војвода се борел за нејзино ослободување од Турците. Починал во 1893 година, неколку месеци по завршувањето на ракописот на „Историјата“.

Продолжува..
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
227
- 3 -

На Балканскиот Полуостров од старо време живееле осумнаесет словенски и дванаесет несловенски племиња. Меѓу нив се и Македонците, односно Мијаците, потоа Брсјаците, Шопите, Мариовците, Јеновците и другите, но и несловенските Тоски, Арнаути, Грци, Ерменци, Арапи, Курди, Куцо-Власи и уште некои други.

Ова го наведува познатиот македонски преродбеник Ѓорѓија Пулевски во неговата книга „Славјанско - маќедонска општа историја", издадена во 1893 година, а објавена во Македонија ова лето од МАНУ.

Книгата содржи повеќе од 1.000 страници, а во себе носи досега необјавен материјал, кој според многумина историчари кај нас, може од корен да ги промени македонските историски читанки, во однос на потеклото на Македонците, на македонскиот јазик и народите кои живееле во овој дел на Балканот.

Во единаесеттата глава на ова обемно дело, Ѓорѓија Пулевски, галички ѕидар, војник и самоук историчар, дава податоци за старите славјански племиња и за регионите каде тие живееле, „за да си знајат секој народност кога и от коде је дојден во Полостроф".
Според него античките Македонци се Славјани, чии потомци се денешните Македонци, односно Мијаци!

Во „Историјата“ тој најнапред ги наведува словенските „соеви“ на Балканот: Јеновците, Торлаците, Брсјаците, Мијаците, Бондарците, Мариовците, Кардалинците, Ајраните, Врбаците, Пчинците, Улуфите, Свеневците, Чолаците, Челјанците, Задгорците, Шумадинците, Црните Шопи и Белите Шопи.

Пулевски ги наведува и несловенските племиња: Арнаутите, Тоските, Куцо-Власите, Грците, Јуруците, Ерменците, Арапите, Курдите, Евреите, Еѓупците, Татарите и Гагаузите.

Тој се задржува детално кај сите нив. Пулевски е убеден дека Мијаците се старите македонски Словени, народот на Александар Македонски и негова гарда и оти Мијак е кратка форма за - Македонец.

Мијаци - кусо речено, Македонци - продолжено речено. Мијак значит бистар ум, хора бистроумни, оште Македонци", пишува тој. Мијаците, додава Пулевски, живеат во регионот на Долна и Горна Река, горни Дебарски округ и Кичевски округ, а иселени Мијаци има и во Смилево, Битолско, Крушевско, Папрадишта, Орашје и во Бабунската околија.

Галичанецот Пулевски смета дека Брсјаците се викале така зашто биле брзата коњаница на Александар Велики.

За брсјачко место им је Кичева, Порече, Деборца Охридска, Издеглавска околина, Белички реки...".

Црните Шопи се викале така зашто црни одежди носеле, а еднакви биле со Белите Шопи. Првите живееле во околината на Ќустендил, Струма, Саса, Банско, Кресна, Дупничката околина и Горна Џумаја. Белите Шопи живееле во околината на Софија, Банско, Ниш, Морава, Самоков и Ихтиман.

Денешните Албанци Пулевски ги дели на две групи: Арнаути и Тоски. Според него, Арнаутите се потомци на Траките, а Тоските на Фокитите. Арнаутите меѓу себе со Тоските се нарекувале Шкиптари. Првите живееле најнапред во Тракија (просторот меѓу денешна Грција, Бугарија и Турција), за подоцна римскиот император Трајан да ги премести кон Јонско Море.

Кесар Трајан римски като царувал, тики, заради дружението им со Уните Траките ги кренал от Тракија и ги заселил во Музекија, близу до Тоскине. Арнаутското старо име им било Траки", напишал Пулевски.

Тоските, според галичкиот историчар, живееле во околината на Корча, Старова, Јанина, Берат, Епир, Елбасан, Музекиското поле, а ги имало во атинскиот округ.

За Грците, Ѓорѓија ни предава дека така се викаат по името Горци (гора - шума), а и Турците ги нарекувале Кара Качанлар (шумски бегалци).

Ама Грци народно име немајет, токо сами меѓу них си се велет Уруми (Римјани), ама по историја Грцине ги познаваме за Еѓупци (Египќани), а не за Јевропејци", напишал Пулевски, кој нив ги лоцира во Елада и во Пелопонез.

Ѓорѓија Пулевски починал во крајна сиромаштија во 1893 година во Софија, неколку месеци откако го завршил ракописот на ова значајно дело.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
227
„Македонска самовила и еја посестрима“, печатена во неговата книга „Македонска песнарка“, Софија 1879, кн. I. стр. 17, пишува:

Ye, Macedonian inhabitans, listen. Nothing awaits us
Except the Asiatic's tyranny and disgrace abroad.
A foreign country is unpleasant; there, you are looked at suspiciously
And all are called unbearable drones.
In foreign lands, Macedonians, are said all sorts of things,
They are looked at sternly and called rudely.
Have, you, Macedonians, heard what old people say:
“There have not been bolder people than the Macedonians."
“The Tsar Alexander the Macedonian, three hundred
years before Christ”
“Conquered the whole planet with the Macedonians.”
Our king Philip is a Slav, the Tsar Alexander is a Slav,
They have been given birth to by our Slavonic
grandmothers.
Macedonians! remember Macedonian heroism
And follow the path of your ancestors!
It is better to lose our lives in our dear country
Than bear all kinds of maltreatment.”

Оваа поема е исто така цитирана од П. Драганов во Ст. Петерсбург во 1984 година
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
227
Мислам дека Пулевски требаше да се прогласи за Македонец на векот место Мисирков

Ова е извадок од тријазичникот негов.

 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178

Во средниот ред пишува на албански, цитирам:

"Ашту еде Шкиптарет јан њерез, еде вендас, етијсе пофојн Македонија цили, поријн аче"

"Ashtu edhe Shqiptarer jan njerez, edhe vednas, e dij se po thojn Makedonia cili po rijn atje"

Интересно, дека во левиот ред, преводот е друг. Исто и македонциве се народ и Македонија е нивна.

Албанскиот дел, или па средниот ред, ако се преведе во Македонски, би гласел:

И Албанците се народ и тоа од Македониа, и луѓето викаат дека живеат таму.
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
Не е за занемарување и неговиот обемен ракопис, насловен како „Јазичница“, завршен исто така во Софија,
насловен како: "јазичница. Сод'ржајуштаја староболгарски јазик, а уредена ем исправена, за да се учат болгарски и македонски синове и керки - написана от Гьоргија М. Пулевски."

којшто претставува специфичен прирачник за изучување на македонскиот јазик.
да, за изучаване в екзархијските училишта. Штета че не са го отпечатали. Вававено, ходи се чипкај нјак'де.
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
Албанскиот дел, или па средниот ред, ако се преведе во Македонски, би гласел

И Албанците се народ и тоа од Македониа, и луѓето викаат дека живеат таму.
Точните имена на речниците на Пулевски са:

“Речник от четири језика. І. Српско-Албански, ІІ. Арбански-Арнаутски, ІІІ. Турски, ІV. Гр'цки. Скроена и написана от Джорджа М. Пулевски, архитекта у Галичник окружие дибранско 1872 година. І-ва част. Београд, штампарија Н. Стефановича и дружине. 1873.”

т.е. своја диалект Пулевски го представја като 'српско-албански'.

Вторија речник е:
“Речник от три језика с македонски, арбански и турски, книга ІІ. Написао Джордже М. Пульевски, Мијак галички. У Београду у Државној штампарии Таб олумпиш. 1875.”

Повече за Пулевски тука
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Bugarskive lagi i falsifikati, kako ovie pogore, nemaat kraj. :facepalm:

Zosto Pulevski bi pisuval gramatika za''starobolgarski'' za ucilistata vo Makedonija, koga postoel vo 1870 godina literaturen bugarski jazik, kogo bugarskata egzarhija sakala da go nematne i vo Makedonija i da go izbrise makedonskiot jazik?!?

.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Дали знаеме од каде мислата на Пулевски дека античките Македонци се Славјани?
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Славјански: Od kade ti denes se povrzuvas so antickite Makedonci? Taka ti e preneseno od dedo pra dedo. Isto i toj.

Toj e rezultat na nezagaden um, kako tugata propaganda da nemal ama bas nikakov efekt na nego.

Imal izmisleno Vakcina Protiv Propaganda. :D
 
E

emission

Гостин
Ова е единствен извор за Пулевски од кој Бугарите црпат информации (иако многу малку бидејчи се избегнува да го изучуваат неговото дело кое е чисто Македонско. Буквално сите Бугари што го цитираат Пулевски го користат текстот (поголем фалсификат тешко) напишан на:

http://www.historyofmacedonia.info/2007/07/05/za-nacionalnosta-na-georgi-pulevski/

Сега кога кликнав тој линк не се ни отвараше бидејќи очигледно дека се свестиле дека многу работи напишани таму не се во ред и се површно и искривено претставени.


Битушанец, ти го запраша
Zosto Pulevski bi pisuval gramatika za''starobolgarski'' za ucilistata vo Makedonija,
Епа види вака. Од линкот татарчето што го даде имаш "објаснување". И тоа објаснување што само глуп бугарски мозок може да го прифати.
Р'копис'т му се намира в Народната библиотека (НБКМ), но нјакој мр'сник е драскал по заглавието с химически молив, като особено неистово е натискал в'рху "болгарски" в староболгарски и е писал под него "македонски", а буквите "ол" в "болгарски и македонски" с'што е задрасквал и писал "бУгарски".
Поголема патетика здравје.


Друго што е напишано таму е
В поемата “Самовила Македонска”, издадена от печатницата на Б. Прошек в Софија през 1879 година, Г . Пулевски жали за неос'штественото обединение на Македонија с Б'лгарија и за Санстефанскија договор.
А еве погоре беше постирана содржината на таа песна. Еве ја и на македонски
Дал сте чуле, Македонци, стари људи оти говорат: Од Македонци појунаци над них не било -
Цар Александар Македонски триста лета пред Христа
со Македонци сву вселену повладал...
Ево днеска в македонској кралевини наши браќа тужат
зашто само назе под ропство оставјат
зато и мие хоштеме своју домовину...
Браќа наши Македонци од православна вера,
да се сви сложиме, јуначки бориме,
како наши стари под цар Александром,
повтор спомен своим имам по нас оставиме!
Историју стару да оживиме."
Значи од овој текст да заклучиш дека " жали за неос'штественото обединение на Македонија с Б'лгарија и за Санстефанскија договор." е не кретенизам а уште полошо. ГНАСЕН ФАЛСИФИКАТ.

Пулевски со надеж дека ќе и помогне на својата земја и народ се пријавува и во Српската и во Бугарската војска. Во линкот што Бугаринот ни го прати има тврдења од типот
Свидетелство за отличаването на Пулевски за участие в Руско-Турската војна”, от 4 декември 1878 година се отбелјазва , че “…полскијат штаб на активната армија, дава това свидетелство на Б'лгарина[3] Георгија Пулевски…”[
Како прво такви документи не се прикажани и со право можеме да се сомневаме. НО и да е така тоа не значи дека тој се декларирал за таков туку е заведен Бугарин затоа што се борел во Бугарски полк ( ќе повторам со една це, мислејќи дека потоа Бугарите ќе помогнат и на Македонија да се ослободи.) Но поверојатно е дека таков документ ни не постои. Значи Пулевски самиот НИТУ ЕДНАШ НЕ СЕ ДЕКЛАРИРА КАКО БУГАРИН А ЦЕЛО ВРЕМЕ КАКО МАКЕДОНЕЦ НАСЛЕДНИК НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ.

Еве уште еден цитат од Пулевски
Тогаш уште верував дека сме тргнале да се биеме за Македонија. И не само јас, туку сите верувавме и бевме готови да умреме: или слобода или смрт, трето нема. Ама не било така. Едно мислел волкот, друго овчарот... Овде Бугарите се играат со нас и ја вртат водата на својата воденица, заедно со црнокапецот Натанаил, кој е Македонец ама повеќе влече на бугарско... Еве со чети чекаме да заминеме за Турско и да се биеме за нашата слобода, ама не пуштаат. Кладоа оган и сега сакаат повеќе шум пред Европа, моите војници се растураат полека, а и јас нема зошто да чекам”.
Битушанец
Baram da se banira Vasil od forumov i site bugari, zosto ja navreduva makedonskata nacija, a mene na nivniot forum clubs.
Битушанец , напротив би требало да се остават на форумот за да се видат нивните лаги и пропаганди. Секако треба да следи бан и за непочитување на правилата на овој форум а не пак за навреда на Македонците.

Овој мој пост беше повеќе со цел да се увиди до каде одат Бугарските лаги . За делото на Пулевски треба да се пишува многу бидејќи и тој ни има оставено многу.


Дали знаеме од каде мислата на Пулевски дека античките Македонци се Славјани?
Славјански,
(не ја знам точната бројка ) но Пулевски како извор за својата Славјано-Македонска општа историја цитира околу 20-на странски автори. Тоа , комбинирано со народното наследство од неговиот крај и оставно од неговите предци веројатно дава одговор на твоето прашање.

Исто така би можел ( секако ако веќе го немаш направено тоа ) да ја прочиташ оваа тема http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=20871 . И овој Македонски преродбеник го дели истиот став како Пулевски .
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Интересно е како кај Македонците се појавуваат идеите за обединување на Славјаните на Балканот.

Додека овие “големиве“ православни славјански народи се со зинати муцки кон Македонија, ние Македонците стално сме им велеле, само обединети Славјани на Балканот можат да ја имаат иднината во свои раце.

Овака брате не Бугари, не Грци, Срби итн, колку сакаат во гради нека се удараат тие се обична колонија на големите сили и ги зимаат само трошките од изнесените пари од нивните земји.

Не е само Пулевски тој кој со се срце сака слобода и на Србите, Бугарите, има многу Македонци. Но за жал, нивото на тие народи во 20 век беше доста крволочно и погубно по Македонскиот народ.

Јас Пулевски го немам читано, во план ми е купување на неговата книга но го делам истиот став дека античките Македонци припаѓаат на славјанската фамилија.
Точно ја имаме линијата на славјански народи во антиката.

Венети, Македонци, Фригици, Скити, Анти итн. ...
Горе споменатите мислам дека се дел од Пелазгите.
Тракиците мислам дека се асимилирани со култура и јазик од Македонците.
 
A

anaveno

Гостин
Блгарите ги палеле книгите на Пулевски. Истото се случувало и со книгата на Мисирков "за Македонските работи".
Блгарска работа, искам да те стискам, па пишман аџија.

Инаку Пулевски - ЃОРЃИ ПУЛЕВСКИ, РЕЧНИК ОД ТРИ ЈАЗИКА (Извод)* 1875 г.

С Македонски

Пи.
А славјанскијод јазик аљи је секаде еднаков, иљи не, кажи ми со ред?

Од.
Славјанскијод јазик имал пет разљики.


Пи.
Који се тије разљики, кажи ми со ред?

Од.
Тије се руски, хрватски, бошњачки, бугарски и македонски.


Пи.
Који јазици с наљик еден со другијод од напред речените?

Од.
Рускијод и бугарскијод наибљизу се.
А хрватскијод и бошњачкијод и македонскијод наибљизу се.


Пи.
А македонскијод јазик, кога је бљизу со бошњачкијод, зашто се именувад с. македонски?
- Дека с македонскијод јазик је најсроден со церквенославјанските књиги, и тоа је старославјенски.
ИИ.

Одг.
Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборувајед еднаков збор,
и који живунајед и се другарад еден со други,
и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља;
тије људите ји викајд народ,
а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ.
Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.


Пи.
Што требувад за да се управувад и да се крепид еден народ?

Од. Треба да имајед цар и управљеније царско.


Георгија Пулевски - Македонистот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom