Ѓаволски ѕид - Македонскиот "кинески" ѕид

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298

Малку познатитот македонски раритет "Ѓаволскиот ѕид" се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец, покрај самиот десен брег на реката Брегалница.

Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на Богослвоец, и вдолж десниот брег на Брегалница, а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад!
Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк е околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатнина од 4 кубни метри, а помеѓу нанесените камења се наоѓа тенка, црвеникава материја.

Околу потеклото на овој "Ѓаволски ѕид" постојат разни гледишта, но никој досега со сигурност не потврдил дали се работи за дело на природата или човечка рака. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот настанал со ерозија на околното земјиште. Наспроти ова тврдење некои научници кои велат дека станува збор за градба, а не за природен феномен.

Член на нашиот форум, кој веќе ја посети оваа величествена градба, ни ги испрати следниве фотографии.
Како споредба за големината на ѕидот, обидете се да го пронајдете на првата фотографија.




/повеќе/
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089

Gjavolski dzid - Macedonia

Naskoro ako dojdeme do nekoja para ideme da go posetime,da go dokumentirame.......
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Многу сакам да го посетам местово иако е само остатоци од ѕсидот ми се чини, околу само пустелија.
Се прашувам како досега ова место не е речиси воопшто познато. Зошто државата и одговорните служби не се залагаат за негова заштита и понатамошна промоција !?
Ако не за странски би можело местово да стане привлечно за домашни туристи, секако доколку се обезбеди пристон пат до таму и тн ... да не претерам со ентузијазмот. :smir:
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Се прашувам како досега ова место не е речиси воопшто познато. Зошто државата и одговорните служби не се залагаат за негова заштита и понатамошна промоција !?
Ако чекаме од државата ќе дочекаме којзнае кога :( Секоја работа започнува од индивидуата.

Земаш праиш еден блог со информации за ѕидов на англиски; пишуваш на неколку светски форуми за мистерии; праќаш стотина пораки до луѓе што прават тв емисии за мистерии и само еден од нив да се заинтересира за ова е повеќе од доволно. Па и Кокино почнавме сите да го препознаваме што е и како е дури откако го спомнаа од НАСА. таков ни е табиетот. Мора прво во странство да се признае па да почнеме да го цениме самите.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.862
Свака част, ќе се посети ова обавезно...
...тиј бе кој во Шведска да живеам, благе везе немам што убавини имаме во земјава, освен оние дифолтните...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Мистеријата на “Ѓаволскиот Ѕид”

http://taraba.com.mk/?p=1709

Малку познатитот македонски раритет “Ѓаволскиот ѕид” се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец и покрај самиот десен брег на реката Брегалница.

Од магистралниот пат Велес – Штип е оддалечен околу седум километри на југ и до него водат, наЈпрвин макадамски, а потоа излокан земјен пат и од намерникот бараат и добро теренско возило и добра физичка кондиција зашто и најупорните ќе мораат да изодат пеш околу еден километар. Восхитувачката глетка што ќе се отвори пред намерникот ќе биде доволна награда за неговата упорност. Неговата отмена слабо потемнета бела боја, грдандиозниот изглед, неговото мистично молчење без никаква резерва го одземаат здивот на секој намерник, без исклучок. Сино-зелените води на овде немирната Брегалница во неговото подножје, гордото молчење на врвот “Свети Јован” на планианта Богословец, далечните сиви планини само ја дополнуват оваа прекрасна и мистична глетка.

- Ѓаволскитот Ѕид,- ќе запише во своите спомени, пред отприлика сто години, д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг,- е чудо какво не постои во светот, но, ние, Македионците, како и секогаш, не знаеме да ја цениме таа убавина и оригиналност.
Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восихитено изјави:
- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо!

Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни – на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.
П о т е к л о
Околу потеклото на овој во секој поглед монумент постојат разни гледишта. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот настанал со ерозија на околното земјиште. Според нив како “автор” на овој Ѕид е неуморниот неимар – природата, која овде, како ретко каде создала ремек дело. Наспроти ова тврдење има научници кои тврдат дека станува збор за градба, а не за природен феномен. Кон ова тврдење тие го наведуваат фактот дека такви камења како на градбата не постојат во неј-зината околина, потоа неверојатната вештина во градењето и постоењето на тенок врзивен материјал со црвена боја. Истовремено ваквата претпоставка наметнува дилеми околу тоа како се изведувало градењето бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапен терен. До него, велат тие, тешко се стиг-нува пеш и донесувањето наогромните камења кои тежат и по четири тона барало и соодветна техника и соодветно умеење на градителите. Всушност, велат бранителите на овааа теза, тоа е еден од елементите што овој Ѕид го прават мистичен.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443



Понеделник, 07 Ноември 2011 17:08

Сподели
167

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Убавините на Република Македонија не можат да се набројат набрзина и да се опишат со леснотија.


Низ своето богатство оваа прекрасна земја крие многу тајни и мистерии кои се интересни за светот, а значајни за Македонците.
Интересната природна геоморфолошка појава на десниот брег на Брегалница се нарекува Ѓаволски ѕид.
Легендата говори дека ѓаволот се обложил со Господ дека кај месноста Богословец во атарот на општина Свети Николе само за една ноќ ќе изгради ѕид со кој ќе ја пренасочи реката Брегалница од нејзиното природно корито, нејзините води ќе ги упати кон Овчеполието и целосно ќе го поплави. Господ го прифатил облогот, а ѓаволот се обврзал да го изгради ѕидот додека не закукурикаат првите петли. Истата ноќ ѓаволот започнал да го гради ѕидот и тоа го правел толку брзо и вешто што не оставал место за сомневање дека работата ќе ја заврши навреме. Тогаш Господ се послужил со итроштина - пред зори клоцнал еден заспан петел кој закукурикал и така порано го најавил доаѓањето на денот. Ѓаволот не успеал во својата намера, Овчеполието било спасено од потоп, ѕидот го добил името Ѓаволски, а огромните камења останале до ден-денешен да сведочат за легендата за која не се знае кога настанала.
Интересната легенда остана меѓу народот, кој до ден денес ја раскажува секогаш кога ќе се спомене ова прекрасно место.

Друга легенда говори дека токму на овој простор се криело големото богатство од освојувачките походи на Александар Македонски, а овој мит бил предизвик за многу трагачи по закопано богатство да си ја пробаат среќата.
Тоа се карпести изданоци т.е. карпести ленти кои се јасно забележливи во релјефот, а се протегаат фрагментарно во правец исток-запад-северозапад, во должина од неколку стотици метри. Појавата е последица на побрзата ерозија на еродибилните еоцени седименти-песоци, песочници и друго, во однос на тектонски пореметените, вертикално поставени поцврсти карпести ленти. Овие карпи како поцврсти во однос на околните, заостануваат во релјефот во вид на природен ѕид. Според тоа појавата воопшто не е последица на директна човечка активност или градба, освен ако не се смета човековото влијание врз забрзувањето на ерозивните процеси преку оголувањето на теренот.

Д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг рекол дека Ѓаволскиот ѕид е чудо какво не постои во светот.
Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград, Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восхитено изјави:
- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо! Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни - на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.

Кај трагачите на злато постои приказна според која ова е ѕид од римскиот период, односно дека тој крие еден тунел со неверојатно големо богатство. Тој тунел е вцртан и на одредени топографски карти што на наивните трагачи по богатство им ги продаваат вешти измамници од околните земји. Тој тунел, според нив е главната причина што последните години диви копачи на богатство се повеќе го посетуваат овој ѕид и го оштетуваат. Последниве две години предмет на вакво опсервирање и активности Ѕидот бил и на одредени НАТО војници кои со хелихоптери често се спуштале крај самиот Ѕид. Исто така, на повеќе пати се забележани и диви копачи од соседните земји, така што тие стануваат најголемата опасност за состојбата на овој редок феономен.
Ѓаволскиот ѕид создава немир и спокој истовремено. На човекот му носи опасности, но и зрачи со сета своја убавина, грандиозност и мистериозност што го одземаат здивот и предизвикуваат вистинска стравопочит.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/48793-Gavolskiot-dzid---najgolemata-makedonska-misterija
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Може некој да ми каже овај патов обележан со плаво каков е за возење?
Колку има за пешачење од крајот на патот до ѕидот?

1582909466996.png
 
Член од
2 август 2022
Мислења
192
Поени од реакции
119
Јас сум од Св.Николе и имам одено многу пати зидот може да стане светско чудо мојата баба е од селото богословец кое е на ридот каде што се наоѓа зидот.Таа ми кажува дека зидот го надлетувале некакви чудни летала ( НЛО ) а некој и се спуштале до самата земја а кога тие објекти се појавувале по некое време довагале некој луге и зимале нешто од местата каде што летале , а и лично јас со мои очи имам гледано како диви копачи копаат околу зидот.За вакци работи треба владата да обрати внимание и презентација во државата и светот за развивање на туризам на местово.
Ѓаволскиот ѕид
 

Kajgana Shop

На врв Bottom