дЏанго - Јавање кон елитата

дЏанго

Gunslinger
Член од
21 август 2010
Мислења
366
Поени од реакции
791
Конечно излезе кракот и конечно можев и јас да ја искусам новата FM, па си реков да отворам тема за моите достигнувања.

Се решив да играм во journeyman стил и почнав без клуб, со надеж дека во иднина ќе бидам дел од елитните тренери кои ги водат врвните светски клубови. Се кандидирав за неколку клубови и ме прифатија во ФК Младост Лучани од Прва лига во Србија (по ранг втора во државата).
ФК Младост е професионален клуб создаден во 1952 година. Бојата на клубот е сина и затоа прекарот е „небесно плави“. Во поновата историја единствен успех на клубот е освојувањето на Прва лига во 2007 година. Следната сезона Младост се има натпреварувано во Супер лигата, но веднаш испаднал.

На старт управата ми даде барање клубот да се претстави солидно и да заврши во горниот дел од табелата, додека медиумите како предвидување ми го дадоа 10то место. Финансии има многу малце па добив околу 50к за трансфери и некои 3к за плати. Играчите сите се некои анонимци, како и неколкуте засилувања кои ги земав на слободен трансфер.


Некое време експериментирав со формацијата, за на крај да се одлучам дека 3-5-2 одлично лежи на овој клуб.


Сезоната ја почнав солидно и долго време се врткав 5-8 место. Пред почетокот на 3 месечната зимска пауза направив една серија од 4 натпревари без пораз која продолжи после паузата и се издолжи на 12 натпревари, што беше и рекорд за лигата. Но дури 7 од тие натпревари беа нерешени, па до крајот на сезоната со неколку добри настапи успеав да се доближам до 2рото место кое води до Супер лигата. Последно коло бев 3ти, а играв против 2риот кој имаше 2 бода повеќе од мене. Мораше да се победи!

За жал изгубив и со овој пораз останав барем уште една сезона во Прва лига.

Во купот управата ми бараше да стигнам барем до првиот круг, додека јас стигнав до вториот каде загубив од Рад, па така и си добив бонус поени во нивни очи и заслужено ми беше понудено нов 2 годишен договор, кој секако го прифатив.

Еве како се одвиваше цела сезона, со таа рекордна серија од 12 натпревари без пораз.


И еве ја табелата на крајот на сезоната.


Следната сезона, со некое засилување, се надевам на пласман во Супер лигата.
 
Член од
11 април 2013
Мислења
191
Поени од реакции
122
Kade mozam da go najdam karakot na fm2013?
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Апдејт? Навистина ме интересира доколку го играш сејвот дали влезе во супер лигата
 

дЏанго

Gunslinger
Член од
21 август 2010
Мислења
366
Поени од реакции
791
Арно ме поцети, ми се еба компјутерот и скроз заборавив да пишам :D

Сезона 2013/14
На почеток на сезоната очекувањата на управата беа да влезам со Супер лигата, додека медиумите ме ставија на 4то место. Од оваа сезона поради некоја причина на крајот од сезоната 3тиот од Прва лига игра мајсторка со 14тиот од Супер лигата за кој ќе игра во највисокиот ранг на натпреварување во Србија. Со трансфери се засилив со 3ца играчи, кои доста ми помогнаа во моите цели.


Сезоната одеше како што требаше и во поголем дел од сезоната се држев на првото место. При крај имав неколку киксови, но за среќа и ривалите киксираа па на крај заслужено бев крунисуван за шампион. Во главно ја играв истата формација од ланската сезона.




За жал мојот најдобар играч и стрелец, а воедно и најдобриот играч во лигата се реши да не потпише нов договор и си замина на крај од сезоната.
 

дЏанго

Gunslinger
Член од
21 август 2010
Мислења
366
Поени од реакции
791
После пола сезона во Супер лигата јасно е дека нема да биде така лесно. 3 победи, 1 нерешено и 11 порази резултираат во претпоследното 15то место. Мислам дека со мали измени ќе можам да обезбедам опстанок, со оглед на тоа што главен проблем ми е нападот, каде еден од напаѓачите има 5 погодоци, додека другите 3ца немаат воопшто дадено гол...

Со формацијата малку експериментирав затоа што не одеше со таа од ланската сезона, па се надевам дека ќе се воиграат играчиве и дека некако ќе успеам да се изборам за опстанок.

Во купот испаднав во второто квалификационо коло од клуб кој е една лига под мене :facepalm:
 

дЏанго

Gunslinger
Член од
21 август 2010
Мислења
366
Поени од реакции
791
Го земав Bakari Kone на слободен трансфер на полу сезона, али пак за 3 бода не успеав да обезбедам
опстанок.


Важно им ги продолжив договорите на подобрите играчи, плус имам договорено неколку на слободен трансфер кои би биле добри и за Супер лигата, па очекувам да доминирам следна сезона и експресно да се вратам во најдобрата српска лига.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom