Сега кога говориме за телевизии во Македонja ке се транслира не официалните канали БНТ1 и БНТ2 а сателитскиот канал БНТ4.Порано каналот се викаше БНТ Сат и е наменет за Бугарите во странство .
Каналот нема своја продукција, а емитува програми од двајцата официозни канали БНТ1 и 2, како и снимени програми.
Инаку, во блиска иднина може да започнат да се гледаат уште 3 Бг.телевизии во Мк.
Бучковски: Во Македонија сакаат да се емитуваат и бугарските телевизии: Европа, Блумберг и Велнес
Макс ТВ на Телеком ќе ја реемитува BNT4 како дел од балканскиот пакет од 1 март. Во исто време еден од каналите на Македонската радиотелевизија, сателитскиот канал, ќе се реемитува преку бугарските оператори. Имаме уште три барања за влез на бугарски приватни телевизии, ТВ Европа, ТВ Блумберг и Велнес ТВ, но тие се проверуваат во моментов како би можеле да влезат во пакетот на Макс ТВ. Истото ќе се направи и со неколку приватни национални телевизии за реемитување во Бугарија. МРТ и БНТ се пред потпишување на договор за размена на дописници и размена на забавна и музичка програма. Ова треба да кулминира со создавање на заедничка продукција во блиска иднина – рече Бучковски во вчерашното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Новинската агенција МИА веќе има и свој дописник од Софија,
новинарот Николај Крастев, а на името на
дописникот на Бугарската телеграфска агенција од Македонија сè уште се чека.
Неделава беше договорено и Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија, а МРТ во Бугарија.