Ќе го копирам текстот од друга тема затоа што сакам да споделам како е сликана...
Дефинитивно моја омилена фотографија. Да почне да се опишува можеби и нема да има крај. Фатено е преку задна врата на градски автобус на партизанска некаде кај симпо. Стоев позади, автобусот застана веројатно заради возило кое стоеше пред него и детево се појави пред мене. Среќа реагирав брзо уклучив камера и го фотнав, а во истиот момент автобусот тргна. Немав претстава како успеав да издејствувам така навремено.
Одприлика е пред 3год...
Еве приказ за муабетот со Стев дека не е во прашање секогаш опремата...
Сликано е со Huawei p8 lite