Фондот за здравство испрати 15.000 граѓани на обвинителна клупа.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Фондот за здравство испрати 15.000 граѓани на обвинителна клупа
од НОВА | објавено на: 18-09-2014 11:20:07


Од Саше Димовски

Фондот за здравствено осигурување на Македонија поднел кривични пријави против 15 илјади Македонци и инсистира тие да бидат осудени, затоа што употребиле исправа со невистинита содржина за висината на нивните приходи,и на тој начин оствариле право на здравствено осигурување на товар на Фондот.

ФЗОМ се жали на одлуките на обвинителствата кои отфрлиле речиси половина од поднесените пријави иако нема законско право на тоа. Граѓаните без судење и без нивно знаење веќе се осудени на казни затвор во траење од по три месеци, условно за една година.

Донесените пресуди веќа им се доставуваат на домашна адреса. Доколку граѓаните поднесат приговори на ваквите одлуки ќе има ново судење, а доколку не се жалат, ќе треба да платат по 3 илјади денари судски трошоци и да се помират со фактот дека се осудени.
Јавните обвинителства низ земјава буквално биле затрупани со околу 15 илјади кривични пријави, што ги поднел Фондот за здравство за 2011 и 2012 година, против граѓани од сите делови во земјава.

Фондот за здравство, тврди дека граѓаните пополнувајќи го образецот, дале неточни податоци за нивните примања, а тие, по проверките во УЈП, утврдиле дека имале повеќе приходи од пријавените и им поднеле кривични пријави за „употреба на исправа со невистинита содржина“ казниво според членот 380 од македонскиот Кривичен законик.

-Еве, може да видите и самите, ова се илјадници пријави кои се поднесени од Фондот. Не можеме да се снајдеме, затрупани сме со работа, а апсурдот оди до таму, што немаме папки за да ги ставиме пријавите и да оформиме предмети, па како папки ни служат листови од тетратки. Покрај пријавите, сега добиваме и жалби од Фондот за предметите каде што не сме покренале кривична постапка- вели за НОВА обвинител од едно од обвинителствата во земјава, покажувајќи кон купот предмети на неговото биро.

Обвинителот, кој според хиерархијата во обвинителството, не смее да дава официјални изјави, вели дека само предметите од Фондот им „обезбедиле“ работа за наредните две години, што секако ќе се одрази на гонењето на другите дела од сериозниот криминал.

-Не се случило до сега некој орган да поднесе илјадници предмети како што го стори тоа Фондот за здравство наеднаш- вели обвинителот кој зад себе има три децении работно искуство.

Според законот, сите граѓани, од невработени, занаетчии, земјоделци, кои имале годишни приходи под 96 илјади денари можеле да побараат здравствено осигурување на товар на Фондот. Тие биле должни да пополнат изјава во Фондот, формуларот „ИОП-1“, со кој потврдуваат дека немаат повеќе средства и на тој начин се стекнувале со право на здравствено осигурување на товар на државата.

Меѓу граѓаните кои се гонат кривично има: невработени, студенти, земјоделци, занаетчии, трговци поединци и луѓе кои се ангажирано хонорарно во одредени институции и медиуми.

ФОНДОТ НЕМА ПРАВО, АМА СЕ ЖАЛИ

Но обвинителствата во речиси половина од пријавите не нашле докази докази дека граѓаните ги сториле кривичните дела, па ги отфрлиле.. ФЗОМ за сите отфрлени решенија поднел жалби до Вишите обвинителства и барал да се гонат кривично и тие осигуреници. Со илјадниците жалби Фондот ја блокирал и работата на Вишите обвинителства.

Работата со пријавите од Фондот станала пресериозна бидејќи ја отежнала работата на обвинителствата, па Јавниот обвинител Марко Зврлевски, според информации на НОВА, ја повикал директорката на Фондот за здравство Маја Парнарџиева Змејкова и било побарано да ги повлечат жалбите. Но Парнарџиева не се откажала од намерата да ги повлечат жалбите. Од Јавното обвинителство потврдија дека имало средба Зврлевски – Парнарџиева.

- Јавното обвинителство постапувајќи по законските надлежности ценеше дека има потреба од средба со подносителот со цел да се разгледаат општите факти и состојбата по пријавите, како и доказниот материјал со кој располага Фондот за здравствено осигурување- соопшти за НОВА, Елизабета Недановска, портпарол на Јавното обвинителство.

Претставниците на Фондот инсистирале да бидат осудени сите пријавени лица, што се гледа и од жалбите, каде што Фондот наведува дека на ваков начин се рушеле здравствените реформи и концептот за плаќање на здравство самостојно од самите осигуреници кои имаат годишен приход повисок од 96 илјади денари по било кој основ, па затоа тие граѓани требало сами да си го плаќаат надоместокот за здравствено осигурување.

Но експертите се децидни дека Фондот за здравство ги пречекорил своите овластувања со поднесувањето на жалбите бидејќи тоа право не му е дозволено по закон. Обвинителството во Велес, на пример, не му дало правна поука на ФЗОМ да се жали за отфрлените пријави, како што дозволувале обвинителствата во Кавадарци и Струмица, но Фондот се жалел за сите отфрлени пријави, без исклучок.

-Фондот за здравство нема право да поднесува жалби на отфрлените решенија. Не може да се однесуваат како физички лица кога им одговара. Можноста за жалба е дозволена само за граѓаните. Фондот и Обвинителството се на иста страна - децидна е професорката од Правниот факултет„ Јустинијан Први“ во Скопје, Гордана Бужаровска.

Таа очекува Вишите обвинителства да ги отфрлат жалбите на Фондот како недозволени.
Потегот на Фондот значи исто како и МВР на пример , доколку обвинителот не ја прифати некоја пријава, да се жалат до повисокото обвинителство или како што беше до сега да гонат сами по принципот на „субсидијарно обвинение“ што е нон-сенс, затоа што Јавниот обвинител е единствен овластен кој го врши кривичниот прогон.

Основните обвинителства во решенијата што ги отфрлиле наведуваат дека пресметките на УЈП не се доказ дека лицата оствариле реален приход, туку се однесувало за очекуван приход, кој не значи дека бил и остварен.

-Пријавениот кој е земјоделец бил задолжен да плаќа паушален данок на остварен приход. Факт е дека тој поседува нива, но нема доказ дали таа нива била обработувана и биле заработени пари по основ на продажба на земјоделски производи за да се тврди дека остварил повеќе приходи отколку што пријавил- констатира еден од обвинителите во образложението на пријавата што ја отфрлил.

-На јавните обвинителства дадено им е упатство да постапуваат согласно на својата надлежност, ценејќи го постоењето на елементите на пријавените кривични дела за секој предмет поединечно како посебен кривично правен настан, и тоа како субјективните елементи така и објективните- велат во Јавното обвинителство на Македонија за НОВА, на прашањето што сугерирале во задолжителното упатство што го испратиле до Основните обвинителства за решавање на илјадниците пријави.

Сепак, голем дел од кривичните пријави завршиле пред судовите и судиите на предлог на обвинителите донеле пресуди со кои издаваат казнен налог, без судење и сите пресуди се идентични, на граѓаните им се изрекуваат казни затвор во траење од 3 месеци, условно за една година и треба да платат паушал од 3 илјади денари.

-Според новиот Закон за кривична постапка тоа е можно и врз основа на поднесените барања ние веќе донесовме пресуди, со кој луѓето најчесто ги осудуваме на условна казна, три месеци затвор условно за една година. Обвинетите не знаат дека им се судело се додека не ги добијат пресудите на домашна адреса. Доколку некој од нив поднесе жалба, тогаш ќе има класично судење и ќе се оспоруваат аргументите на Фондот за здравство.

Ако не поднесат жалби, пресудите стануваат правосилни- објаснува за НОВА судија кривичар кој работи во Основен суд и носи пресуди по пријавите на Фондот.
На прв поглед, како што посочува судијата, условните казни може и не изгледаат страшни, бидејќи овие луѓе не се криминогени личности, но ако направат некое друго дело, тогаш за нив во судската евиденција ќе пишува дека се осудувани и тоа ќе им се смета како отежителна околност и ќе бидат построго казнети.

КАЗНИ ОД ТРИ МЕСЕЦИ ЗАТВОР И 3 ИЛЈАДИ СУДСКИ ПАУШАЛ

Дел од судиите не ги задолжиле обвинетите да ја платат штетата што ја предјавил Фондот, но откко виделе дека во овие пресуди има маани, сега носат нови во кои досудуваат и штета.

Судот во Велес на пример, утврдил дека: „ Д.Ѓ. од Чашка виновен е затоа што на ден 05.03.2012 година, како доказ во правниот сообраќај употребил исправа за која знаел дека е невистинита, на начин што до Фондот за здравствено осигурување подрачна единица
Велес како доказ за остварување на правото на бесплатно здравствено осигурување приложил Изјава за остварени приходи Образец „ИОП -1“ во која изјавил дека во 2011 година не остварил приход поголем од 96.600 денари иако знаел дека има остварено лични примање во износ од 152.844 денари и дека лице, член на неговото семејство осигурена преку него, има остварено приход со лични примања во износ од 79.223 денари“.

Идентични пресуди и казни донел и судот во Струмица.

Б.А. од Дабиле струмичко, на 30.03.2012 година направил лажна исправа-изјава за остварени приходи - Образец ИОП-1, во која тврди дека не остварил приход поголем од 96.600 денари во 2011 година, иако остварил приходи од 164.794 денари и истиот ден ваквата лажна исправа ја употребил како вистинска пред Фондот, со што го сторил кривичното дело и му се утврдува затворската казна – пишува во една од десетиците пресуди донесени од Струмичкиот суд.

Н.Ф. од Градско, според пресуда на судот во Велес, е осуден на истата затворска казна, „затоа што на 27.03.2012 година, во изјавата доставена до Фондот навел дека не остварил приходи поголеми од 96 илјади денари во 2011 година, иако проверките покажале дека тој имал лични примања во вредност од 188.889 денари“.

НОВА контактираше со дел од луѓето против кои се водат постапки и тие тврдат дека во Подрачните служби на Фондот им биле давани готови обрасци, на кои тие ги заокружувале понудените опции.

-Зарем е можно на 15 илјади граѓани во исто време да им текне да направат ист криминал. Ако ги погледнете луѓето, ќе видите дека дел од нив не знаат што потпишале, бидејќи се од ранливите категории граѓани, кои преживуваат од собирање на старо железо, пластика или работат како аргати на берење праски, домати и вишни. Тоа се нивните приходи. Мал е бројот на тие кои навистина намерно пријавиле помал износ за да добијат бесплатно осигурување- тврди извор на НОВА од подрачно одделени на Фондот за здравство.

Според податоците што ги доби НОВА, бројот на пријави варира од град до град, па во велес, кривично се гонат 700 граѓани, а во Струмица 1.700 граѓани.

-Сакале да постигнат дисциплина кај осигурениците, но за занемарливи ефекти ја блокираа работата на судовите и обвинителствата. Тројца обвинители работат само на овие предмети, а во судот секој од судиите доби по над 400 предмети. Од нив, ако поднесат жалби, половината сигурно ќе станат спорни и ќе има судење, што значи, два пати ќе ја работиме истата работа –коментира за НОВА судија од суд на истокот на земјава, кој признава дека најмногу одлуки по овие предмети ќе напишат стручите соработници.

Побаравме одговори од Фондот за здравство за овој случај, зошто во управна постапка не ги одбил барањата, доколку барателите не ги исполнувале условите, како и тоа дали ќе бараат штета понатаму од граѓаните во граѓанска постапка? Од Фондот ни беа побарани писмени прашања и рок до кога да ни одговорат, но одговор не беше доставен.

УЈП вели дека податоците што ги доставила до Фондот, за земјоделците на пример, се реални и се збир на паушалот што бил одреден за даночење и пријавен од самите земјоделци, како и од листите што ги правеле компаниите за откп на земјоделски производи од физички лица.

Оданочувањето на физичките лица кои во УЈП се регистрирани како вршители на земјоделска дејност и кои данокот го плаќаат врз основа на паушално утврден приход, се врши врз основа на поднесено Барање за паушално одданочување на остварени приходи од вршење на земјоделска дејност од страна на физичкото лице-земјоделец. Во поднесеното Барање обврзникот самиот го наведува износот на остварен приход во годината за која се поднесува Барањето. Приходот кој обврзникот го има наведено во
Барањето се споредува со евентуално искажаниот приход за истото тоа лице во поднесените Годишни извештаи за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица од откупувачите на земјоделски производи- објаснува за НОВА портпаролката на УЈП Весна новаковиќ.

Според УЈП, ако приходот искажан во извештаите на откупувачите се поголеми од приходот кој обврзникот го искажал во поднесеното барање, УЈП како вистински остварен приход за тоа физичко лице го смета приходот пријавен во Годишниот извештај од откупувачот и утврдувањето на данокот го врши врз основа на тој приход.

Меѓу дилемите кои ги имаат и судиите е и тоа: која му била целта на Фондот со овој број на пријави, да ги заплаши граѓаните со изречените казни или понатаму да ги тужи во граѓанска парница па на тој начин да го полни буџетот на Фондот.


ШТО ПРЕДВИДУВА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

Член 380 од КЗ: Употреба на исправа со невистинита содржина
(1) Тој што како доказ во правниот сообраќај ќе употреби исправа, книга или спис за кои знае дека се невистинити, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.


http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=22&vest=16788
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Се зезам јас не викам не, ама не е сеедно да ти пиши во досието дека си кривично осуден. И кај го најдоа селанецот од Дабиле кривично да биде осуден, човекот цел живот на нива работи и највероватно на мрава не гази.
 

MamaLover

Admiral
Член од
2 март 2013
Мислења
296
Поени од реакции
304
Добро што доколку си невработен и не остваруваш приходи, едниот родител е вработен а другиот е пензионер ,дали и во тој случај се рачунаат нивните приходи или се гледа дали невработениот остварува некој приход
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Нека е аиwија бе шо, 15000 граѓани на обвинителна клупа, големо чудо! Штом си траат значи убаво им е.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Сопствената дискусијата (или исповед) на оваа тема ќе ја наречам:

Една година условна казна за 6 евра

Значи во почетокот на 2012 година си поднесов изјава до фондот за здравствено осигурување со цел регулирање на истото. Бидејќи единствените приходи според наведените во упатството и законот за социјални придонеси кои ги остварив во текот на 2011 година се по основ на работен однос од 01.01.2011 до 31.08.2011 (никаква друга земјоделска или билокаква дејност) службеничката на шалтер ми кажа да извадам уверение од УЈП или извод од сметка во банка и да го пресметам износот по основ на плати. Така и направив: го пресметав износот врз основа на изводот од банка и запишав дека сум остварил приход помал од 96.600 денари (односно 12 минимални месечни плати). Остварениот износ беше 96 500 денари.

Во јули годинава, ми дојде пресуда во која пишува дека сум осуден на затворска казна од 3 месеци која се преиначува во една година условна и 3000 денари парична казна. Нормално бев запрепастен, бидејќи никогаш во животот не сум помислувал дека некогаш ќе треба да влезам во судската евиденција ниту како сведок а камоли како осуден. Она што уште повеќе ме изнервира и вознемири (ова го пишувам затоа што и ден денес сеуште користам лекови против депресија и ансиозност), и беше капак на се, е фактот што пресудата се темели на "уверение издадено од УЈП од кое недвосмислено се утврдува дека обвинетиот во текот на 2011 година остварил приход од 137.000 денари." Знаев дека таква сума не е возможно да имам остварено во текот на 2011 бидејќи единствените приходи ми беа деветте месечни префрлувања на плата.

Наредниот ден појдов во банката и извадив извод од сметката, а потоа појдов во УЈП за да побарам податоци во однос на издаденото уверение. Во банката добив извод, во УЈП ми кажаа дека не смеат да ми дадат никакви податоци. Можело само по службена должност.
Потоа бев до адвокат и таму напишавме жалба само врз основа на изводот од банкарска сметка. Во меѓувреме од мој познат човек во УЈП дознав дека износот кој е напишан во нивното уверение е износот на бруто плата. Значи јас сега сум обвинет бидејќи на минималниот износ од годишна нето плата од 96.600 сум се осмелил плус да го убедам работодавачот да ми плаќа персонален данок, здравствени и социјални придонеси. Тие пари се вишок и јас поради нив немам право на бесплатно здр. осигурување следната година.

На закажаното судско рочиште наводите во жалбата не беа прифатени (немало печати од банката), а и уште судијата нашол една трансакција на сума од 480 (непознато по каков основ) денари со којашто сума моите приходи го надминуваат износот од 96.600. Јавниот обвинител се правдаше дека тој нема вина што се работи за бруто плата и него не го интересира какви приходи биле внесени во уверението од УЈП бидејќи и на изјавата и на уверението било напишано само "приходи". Судијата пак од друга страна рече дека и да е така, јас со тие 480 денари за кои не се знае по каков основ се остварени го надминувам износот од 96.600 денари за цели 380 денари и дека подобро казната да остане иста за да не го повикува фондот и да треба да ми пресуди огромна парична казна.
Како и секогаш, никој за ништо не е виновен освен народот.

Со ова сакам да ги предупредам сите вработени кои останале без работа на стапицата која им е подготвена од страна на фондот и законот каде не пишува "бруто приходи за вработените" туку само "приходи", бидејќи верувам дека голем процент од овие 15 000 се токму такви случаи на вработени луѓе кои остварувале минимална заработувачка и биле осигурани, а не земјоделци без осигурување и платени придонеси.

aaaaaaaa.jpg

Уште повеќе што никој не го интересира што во моментот на донесување на пресудата важи и друга одлука според која износот може да биде и поголем од 96.600 доколку во последните два месеци при поднесување на пријавата (потцртаните зборчиња му се испуштиле на законодавецот па, очекувајте догодина уште толку "криминалци") остварениот приход е помал од 16.100 денари. Но затоа во изјавата пишува дека за секоја промена ќе сум го известувал Фондот. Сега за да не би одел во затвор ќе морам утре да одам во Фондот и да прашам дали ќе треба секој месец да го известувам Фондот ако во текот на годинава сум остварувал хонорарен паушал којшто некогаш за два месеци е поголем од 16.100, а некогаш помал.

bbbbbbbb.jpg

Ете така станав еден од 15 000 "криминалци" и "пљачкаши" на државата. Со еден потег да си ставиш 1 % од реалното население во судскиот регистар на осуденици треба да си "јака" држава. Браво претседателе, браво премиере, браво министри, браво пратеници, браво директори, браво судии. Едно големо браво за тебе народе, за твојата скромност, трпеливост, трудољубие... Јас толку можев, време е да си одам од државава.
 
Последно уредено:
Член од
27 август 2014
Мислења
87
Поени од реакции
121
Малку е ова. На нас што сеуште сме останале у циркусот од држава треба секој ден и по десет прачки по грб.

Ќе излезе ли некој од овие 15000 да протестира пред влада/собрание/пичкуматер?
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Значи јас се водам како невработен моментално, исто и лани, лани се на се , на мое име имав приход од некои 50 000 денари. А годинава од некои 150 000 денари досега. И јас влегувам во оваа категорија или тоа од наредна година ?
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Малку е ова. На нас што сеуште сме останале у циркусот од држава треба секој ден и по десет прачки по грб.

Ќе излезе ли некој од овие 15000 да протестира пред влада/собрание/пичкуматер?
Сус бе таму да не те чуе некој, каков протест, а полошо да беше? Ќути таму има и полошо.[DOUBLEPOST=1411057106][/DOUBLEPOST]
Значи јас се водам како невработен моментално, исто и лани, лани се на се , на мое име имав приход од некои 50 000 денари. А годинава од некои 150 000 денари досега. И јас влегувам во оваа категорија или тоа од наредна година ?
Наредната година. Големи се шансите ти и доживотна да добиеш со овие суми. :)
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2013
Мислења
873
Поени од реакции
3.429
a kako se presmetuvaat prihodot od koga do koga koj period od 1.1.2013 do 31.12.2013
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Побаравме одговори од Фондот за здравство за овој случај, зошто во управна постапка не ги одбил барањата, доколку барателите не ги исполнувале условите, како и тоа дали ќе бараат штета понатаму од граѓаните во граѓанска постапка?
Ова е главното прашање на кое треба да се одговори и без чиј одговор не може да продолжи судскиот спор понатаму.
Граѓаните се здобиле со право за осигурување за тоа што службеникот така одлучил. Физичкото лице кое бара и поднесува документи, правно необразовано и честопати таа изјава се потпишува по автоматика, не е во положба кривично да одговара за прекршувања на подзаконски акти во форма на правила за кои се одговорни административните службеници во јавната установа.
Дури и треба да се види дали и самото барање за здравствено осигурување кое го пополнувало содржело ставка или предупредување за вкупниот приход.

Ова е преседан и јавноста мора да реагира пред да ситуацијата да стане многу комотна за вакво прекршување на чувството на безбедност и злоупотребата на моќта.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Дури и треба да се види дали и самото барање за здравствено осигурување кое го пополнувало содржело ставка или предупредување за вкупниот приход.
Го има предупредувањето.
Многу од осигурениците лажат намерно на барањата!
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
уште пострашно е што можат да те осудат а ти да немаш поим,значи ниту ти дава право да се браниш ,ниту те повикува на суд,дознаваш од писмо дека си осуден, КАДЕ ГО ИМА ОВА? Хитлер е мала беба за овие
 

Kajgana Shop

На врв Bottom