Фан клуб - РК Вардар

Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.033
Поени од реакции
34.434
Абе цело време Самсоненко е крив. Па како да инвестира бе, сите бизниси му ги имаат блокирано, демек арапине од ПСЖ се почисти од него, или газдине на Киелце. Темава пред Самсоненко има околу 350 страни, сега има 2.800, тоа е повеќе од доволен показател каков бил Вардар, ова е најдоброто од Вардар пред него:
Прегледај го приврзокот 336351

Ако е точно она што го кажува Михајло, бесмислица е тоа што му го прават на Вардар. Едноставно ЕХФ (и тие пет-шест земји што се вртат околу нив) не ја сакаат Македонија во ЛШ, ок, го исфрлија Вардар, во тој случај требаше да биде заменет со Еурофарм Пелистер. Го одземаат местото кое заслужено Македонија го имаме во ЕХФ - Металург и Вардар работеа на тој ранкинг во претходните 15 години. И ова не е од денес, истиот случај беше и со Кометал ЃП, па ЖРК Вардар сигурно изгуби најмалце две титули затоа што Будимпешта има монопол врз FINAL 4. Тоа е тоа, мора да бидеме задоволни на она што го постигна Вардар, таква доминација не се очекуваше од екипа од факинг Македонија. Да се надеваме дека се'уште има шанси оваа одлука да се смени, ако не се смени треба да се помириме со тоа дека ЕХФ е криминална организација. Убаво е што осетивме како е да бидеш на врвот на Европа, сега фокусот треба да биде на создавање млади македонски играчи. Не само на Вардар, тоа треба да биде приоритет на сите екипи од суперлигата.
Да, зашто го даваат местото што Македонија го има во ЛШ на друга држава? Ако го казниле Вардар, можеа на Пелистер како вице-шампион да му го дадат тоа место. Вака се паѓа у вода уназад 25 години што се вложувало во спортов, почнувајќи од Кометал, па Металург, Вардар и Пелистер.

Плус ракометната репрезентација која е редовен учесник на сите завршни турнири.

Со ова не губи само Вардар како клуб, туку и ракометната федерација и ракометот како спорт во оваа држава. Наместо сите да направат притисок да не дојдеме до ова, тука некој трие раце и се сити на падот на Вардар, а не сфаќаат дека со самото тоа паѓаат и они.

Од држава што имаше свое ракометно градско дерби во Лига на Шампиони спаднавме на рангот на држави што ракометот не е ни во топ 5 спортови.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Мислам дека ќе биде ова едно од многуте заминувања, за жал.

Во врска со долгот, ЕХФ и Михо. Еден член погоре спомна дека во времето на Миххо странава имала 350 страни, а во ерата на Самсоненко стигнала и до 2800. Факт е дека многу навивачи никнаа кога Вардар почна да реди позначајни успеси.
Верувам дека повеќето не се ни запознаени со начинот на раководење на Михо. Плати во кеш на рака, договори со играчи што важат 6-12 месеци, па на крај на сезона се задржуваат 2-3ца и целиот ростер се менува, од сеозна во сезона. Михо не е ни приближно моќен и со пари како Самсоненко, тоа е уште еден факт. Ама со живот би гарантирал овде дека Михо е поголем Вардарец од повеќето тука.
Сигурен сум дека он не би му наштетил на Вардар во ниеден случај, оттаму и сомнежот зошто ЕХФ ни забранува учество. Ако навистина долговите се исплаќале тогаш има нешто друго матно кај нас или ЕХФ нешто не кажува.

Без да го бранам Михо, а вината да ја барам само кај Самсоненко, мене ми мириса на тоа дека има правни постапки према РК Вардар и затоа ЕХФ забранува учество. Она што повеќе ги иритира е веројатно затоа што сега сме РК Вардар 1961, нов субјект без правни постапки. Со добар адвокат ова може да се реши многу лесно. А, исто нелогично е како се исплаќале долгови ако сме нов субјект, тогаш од која причина се фрлале пари во бунар према стар субјект кој не е поврзан со нас? Многу прашања ќе останат нејасни дури и после пресот во понеделник. Имав некоја надеж пред 2-3 дена дека ова ќе се среди, ама работата воопшто не изгледа добро.

Во идеален свет би бил повеќе од задоволен со нешто помеѓу Самсоненко и Михо. Стабилен клуб со ростер што не се менува секоја сезона, ама и клубот да биде стабилен, а не да пропадне заради нечии бизнис интереси.
Самсоненко можеби е најдоброто нешто што му се случило на Вардар, ама од друга страна е и најлошото. Кое фајде од титулите кога клубот е на раб на пропаст?
Реномето е веќе уништено, џабе со години се боревме да стекнеме нешто. На крај остануваме со долговите, лоша репутација во Европа, а од тие инвестирања видовме само повремени блесоци што ќе ги памтиме долго време, исто како што ќе памтиме дека Самсоненко е одговорниот што го уништи Вардар.

Криво ми е од многу причини што гледаме ваков крај, ама тоа е што е. Највеќе ќе ме боли затоа што живеам во странство неколку години веќе, и кога и да збориме за спорт нема кој не го знае Вардар. Колеги се воодушевувале како вака мала држава и клуб им парира на ПСЖ, Барселона и Веспрем. Ама се си има крај нели.

Ако забраната за учество во Лига на Шаммпиони остане, мое мислење е дека сите странци ќе си заминат, можеби Столе би останал и евентуално Тимур да ја заврши тука кариерата. Другите треба да се будали да останат во ваков клуб. Би сакал да видиме светло за брзо и да се вратиме на старите патеки, ама и тоа делува на невозможна мисија.

До поубави времиња...
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.033
Поени од реакции
34.434
А од друга страна читајќи ги идиотите во нивниот фан клуб како се смеат и ситат за ситуацијата, се прашувам дали вреди да се замарам што Македонија нема мора?

Јас во животот дочекав мојот Вардар да го видам два пати на тронот на Европа, и да видам како му се додаваат две ѕвездички на амблемот. Дочекав да видам илјадници луѓе собрани на плоштад како ги пречекуваат ракометарите, гледав како Европски гиганти се тресат и паѓаат во Кале, Борис Трајковски и Јане Сандански, за сега да читам шупаци што Плетвар два пати у годината го проаѓаат, најголемото достигнување им е утакмицата со Лемго пред 30 години, и веројатно никад нема да осетат утакмица од ЛШ, а за учество во Ф4 или титула да не збориме.

Секогаш сум сметал дека националната свест треба да биде над било кое ривалство, дека секогаш се што се прави треба да се прави за доброто и интересите на Македонија и Македонскиот народ без разлика за кој град се работи.

Од секогаш сум сметал дека е неправедно градови како Битола, Прилеп, Струмица, Куманово, Охрид, Велес да имаат второлигашки клубови едвај што ќе живуркаат и никогаш не сум се сител кога некој Македонски клуб ќе падне во втора или трета лига, вечно да нема пари за Македонските клубови, а во исто време за шампион на Македонија да се борат душмани како Слога и Шкендија.

А вреди ли ова кога во моменти кога се уништува се што е Македонско, секогаш ќе се најде некој лик што ќе ти рече јас си фурам филм и не се замрам за друго. Кој филм бе дечко, клубовите ни ги упропастија, за некоја година ќе немаш ни тој филм каде да го фураш, не гледате подалку од носот, и после кога ќе плачете друг ќе ви биде крив.

Вардар нема да игра ЛШ, дали тоа е на сметка на Самс, Михалјо или ЕХФ тоа сега е небитно, кога тогаш ќе се дознае, ама нема да игра ни Пелистер, нема да игра ни наредна година кога ќе освои титула, нема да игра ни Алкалоид ни Голден Арт, ни сите тие други што сеа тријат раце и се смеат.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Донесоа добри засилувања, очекувавме подобра сезона...и на крај вака :(
 
Член од
13 јули 2020
Мислења
161
Поени од реакции
371
20.08.2021 го пишав ова,скоро пред една година!
Gomna neblagodarni , da ne bese Vardar f4 na kabelska kje gledaa a ne pa titula da zemat..

Da vidime sto kje se kaze utre na presot, kje ima nekoja naznaka vo koj pravec kje se dvizi klubot .
Ako sme pravno cisti treba da im se ebe mamicata na mafijasine od ehf so tuzba, da gi odereme za site pari :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom