Што све не' изнапромашија денес. Уште не можам да сфатам. Фичо, оној Николов, Наумоски сам пред гол, Глишиќ пречка, Шиле зицер у 90' имал. Што ти значи голман. Буквално сам не откажа денес, со 10 очајни соиграчи. Плус две одбрани у пенал серијата.
На Никола секоја чест за играчката кариера, ама нека се учи на младинска школа, а не на првиот тим. Против Силекс има можност со победа да се приближи на достижни 5 бода - губи, против Воска со победа да ги поминеме на табела - губи, против утепан Пелистер има можност со победа да се избори за домашен меч во полуфинале - испаѓа. Најбитните утакмици полусезонава ги промаши. Денес Шиле го чува на клупа до 70-та минута, а досега секој меч од почеток го играше, па дури и кога немало потреба. Оди разбери го...