Тиенри одличен, топ се вклопува во Арсенал
Лаказет колку што е предобар за дупли пасови и атрактивни проигрувања (налик Жиру), толку е криминален во ситуација кога треба да финишира. Единствен добар шут во последниве 20 натпревари му беше кога ја шутна одбиената топка после катастрофалниот слободен, и некако таа топка се одби до Вилок да соберем 3 бода.
Нелсон и Бељерин се сплеткуваат пречесто и пропаѓаат шансите или многу време губат дур проиграат и секој центаршут им е блокиран, со ова паѓа во вода тоа што се брзи и излетуваат во празен простор од десна страна, драгоцени шанси пропаѓаат.
Цело полувреме не припарија до нашиот гол и овој Мустафи пак успеа да поеба топка во наш шеснаесетник, среќа се добро помина.
Мартинез е мераци да го гледам, цело време низ годините или имаме џуџиња пантери или тромав џин, вака конечно имаме пантер џин, секој натпревар по некоја парада, топ сме на голманска позиција.