Тој има 74, а таа 21 година: „Не сум со него поради парите, ние се сакаме“

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516

Милојко Божиќ (74) од Пилатович и Милијана Богдановиќ (21) од Лучани во Србија, овие денови се најпознат пар во земјата. Разликата во години од дури пет децении нималку не ѝ пречи на нивната љубов.
Заљубениот пар, кој планира и брак, овие денови ги посетува сите продавници за венчаници и додека шетаат, минувачите се вртат и многу често ги коментираат гласно.
Кога се родила Милијана, Милојко веќе бил пензионер. Тој цел живот работел во Белград, но после пензионирањето се вратил во родното село, каде сосема неочекувано му се случила нова љубов.
„Свадбата е закажана на 7-ми септември. Прво ме привлече неговиот физички изглед. Не сакам млади момци, постари отсекогаш ми се допаѓале. За своите години тој реално изгледа одлично. Не ме интересира кој што мисли и зборува. Милојко го познавам цел живот, соседи сме и одев кај него да му помогнам кога беше болен, тогаш се роди нашата љубов“, раскажува Милица и се присетува на почетокот на нивното запознавање:

„Го знам од мала. На моите 17, неполни 18 години, почнавме да се дружиме. Малку се заљубив, а потоа и тој. Бевме околу една година во врска. Потоа прекинавме, не знам зошто. Потоа требаше да оди на операција за срцето - вградување на бајпас. Во тој момент немаше никој покрај него и тогаш се роди голема љубов.“

Милојко го оперирале во декември, а после неговата операција ништо не може да ги раздели. Велат дека сакаат деца, а колку, уште не се договориле, само се сигурни дека ќе имаат.
На Милијана, како што вели, јасно ѝ е дека на многумина им се трн во око, дека луѓето се сомневаат во нивната љубов и мислат дека таа е со него поради интерес:

„Многумина мислат дека сум со него од интерес, но сè е најнормално. Немаме проблем да кажеме дека неговите вкупни примања се околу 400 евра. Ние двајца живееме во нашата дрвена палата, тука ќе ја поминеме зимата, а напролет ќе почнеме со реновирање на куќата, која Милојко неодамна ја изгради, но која е сосема нормална, нема никаков луксуз“, тврди таа и додала дека ѝ е најважно што нејзиното семејство го прифатило нејзиниот избор.

Заљубениот Милојко потврдува сè што вели неговата Милијана и додава дека ниту во лудило не помислил дека во овие години ќе му се случи ваква љубов.

„Кој би го очекувал тоа. Ме привлече нејзината добрина и убавина“, вели Милојко.

Текст преземен од порталот Точка.

 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Ја привлекол неговиот изглед:confused:

Велат дека љубовта не познава граници, ама што е многу, многу е.:icon_mrgr:

Доколку не е пресуден финансискиот фактор, во случајов девојкава повеќе бара некоја си татковска љубов или присуство на татко додека била дете, отколку сексуална врска.

Ќе се клука со вијагра дедево :vozbud:
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
Ја привлекол неговиот изглед:confused:

Велат дека љубовта не познава граници, ама што е многу, многу е.:icon_mrgr:

Доколку не е пресуден финансискиот фактор, во случајов девојкава повеќе бара некоја си татковска љубов или присуство на татко додека била дете, отколку сексуална врска.

Ќе се клука со вијагра дедево :vozbud:
Имаш тука објаснето за ова погоре кое го постираа :
https://forum.kajgana.com/threads/Едипов-комплекс.25889/
Оваа погоре го заменува таткото кој го имала или немала со дедово, а дедово ја игра улогата на таткото кој го имала/немала. Некои ќе си кажат спонзоруша, што и можеби е и точно пошто не ја знаеме лично за да ја процениме, но мене повеќе ми личи дека девојкава пати од едипов комплекс односно од недостаток на татковска фигура во нејзиниот живот.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
"Парите не познаваат граници"
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Што е претерано е претерано од нејзина па и од негова страна.

Точно љубовта не познава граници ама на 74 години веќе што се вика народски попуштаат штрафчињата не е исто како на 21 година. Се случува на стари години слабо помнење, мозокот не работи исто како на млади години, слабо движење да не може ни сам до тоалет да отиде. Ете тој имал операција на срце. Да му се случи не дај боже нешто како што набројав малку погоре оваа со 21 година ќе треба да му брише газот, да му менува постелини, пелени и додека не умре она да биде затворена во 4,5, ѕида со него а 21 година се години кога секој сака весел живот, излегување со пријатели, шетање..
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Вакви работи не се нормални, кој што сака нека каже. И во најголем процент идат од дисфункционални семејства, кајшто децата не знаат ни родител, а камоли баба и дедо што се. Разликава во години е буквално ко јас и дедо ми, со самото тоа црева ми се превртуваат.
Да имала девојкава дедо во животот, освен онаа нормална љубов и грижа што ја имаш кон твоите постари, никогаш немало да и текне да ги гледа старците поинаку.
Нека си прави што сака додуша, али вакви случаи се за посматрање искрено.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Требаше Парови или Задруга да бираат, ама во Парови подобри услови им дале.
Штета не го гледам тоа шоу, туку другото, каде што не се.
 

Ne0

上帝的僕人
Член од
15 март 2019
Мислења
67
Поени од реакции
33
На никој ли не му текна дека мачкаат очи т.е. перат мозоци ко у Америка што прават одамна. Поготово ми потврдија со влезот у реално шоу. Само луд може да верува во овие дека се сакаат. Којзнае колкава паричка им дале, за да изпрограмираат балкански женски мозочиња.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Вакви работи не се нормални, кој што сака нека каже. И во најголем процент идат од дисфункционални семејства, кајшто децата не знаат ни родител, а камоли баба и дедо што се. Разликава во години е буквално ко јас и дедо ми, со самото тоа црева ми се превртуваат.
Да имала девојкава дедо во животот, освен онаа нормална љубов и грижа што ја имаш кон твоите постари, никогаш немало да и текне да ги гледа старците поинаку.
Нека си прави што сака додуша, али вакви случаи се за посматрање искрено.
Јас би го искористил терминот не се стандардни. Инаку без разлика на причините врски со повеќе од 10 години разлика не ми се логични. Не можам да ги сконтам каде им се допирните точки т.е заедничи интереси, музика, забава, спорт, секс итн.

П.С Лично не ми пречи ова али не би направил ваков избор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom