TrendS
Work Smart, Not Hard
- Член од
- 14 декември 2018
- Мислења
- 4.405
- Поени од реакции
- 29.797
Имаме на работа еден ix35 2.0 CRDi 4wd службен, сум го возел.....можам да ти кажам од аспект на возење. Џип не е, да не се лажеме, трага нема од теренец. Примарен погон има на задни тркала. Накај терен се заглавив во првото "калче".....со 4x4 мануелно пуштено. Има општо тврда/непријатна амортизација на пат, мртви агли од позади на малите прозорчиња (рикверц камерата е океј), аеродинамичност не можеш да очекуваш од "висока кола", зошто нема. Внатре ентериерот е солиден, има некои работи ефтино изработени, како што се неквалитетни тастери од команди на волан, рачката на мењачот се излижа за кратко, кваките на вратите исто, рикнаа диодите на дел од командите кај климата и некој такви ситници.....кожата испука и покрај одржување.....сето ова за релативно брзо време 3-4 год. од салон.Helou again , decki moze nekoj ako ima iskustvo so kolava pogore da spodeli, sum zajnteresiran za kupuvanje pa sakam da znam sto bi me cekalo , ako nekoj vozel. Fala do site .
Друго, мотор и останато е океј. Градска троши околу 10-11/100....отворено околу 8/100 (зависи како газиш).
Службениов е 2011, има поминато околу 210.000км.....редовни сервиси и толку, немало проблем (сем карданот што протропа, го носеа во сервис пред една година за тоа).