Снаа Vs Свекрва

Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Да не ти даде Бог само ваква змија отровница од снаа да ти влезе во куќа..пу пу..:facepalm:
 
Член од
27 февруари 2017
Мислења
3
Поени од реакции
2
Снаи и свекрви- Еххх....Што ќе посееш, тоа ќе жнееш. Не знам како да почнам , бидејќи тоа што го видов и сведочев е на ниво на шпанска серија..
Епа вака, од неодамна стапив во брак и станав снаа која живее во заедница со сопруг, свекор и свекрва. Самата околност што отидов да живеам во друг град (Јас сум од Неготино, а сопругот од Кичево) ми беше доволно отежнувачка, така што препирањата и конфликтите со свекрвата само допринесуваа да биде потензично. Никогаш не и се допаднав, ни додека бевме во врска, ни откако се венчавме. Самата нејзина појава е негативна, сака се да е по нејзино и ги користи сите можни начини и прилики за да омаловажува.
По занимање сум фризерка, па додека најдов работа во Кичево добивав доста критики и несоодветни зборови од дотичната ми свекрва, како тоа јас сум мрзлива, како не сакам да работам и сл. Сопругот и свекорот работат заедно, изработуваат ролетни, а свекрвата работи во шивачка конфекција.
Немаат многу роднини, а ни пријатели. Единствена пријателка која многу често им доаѓа во посета е Јасмина, некогашна бивша колешка на свекрва ми од работа. Таа е прекрасна жена, современа, модерна, културна и никако не ми беше сфатливо како таа се дружи со личност како мојата свекрва. Нејзините посети беа скоро секојдневни, па на некој начин јас се зближив со неа, со оглед на тоа дека немав баш многу пријателки во Кичево.
Си разменивме броеви ( секако свекрва ми не знаеше за тоа), и веднаш наредниот ден Јасмина ми се јави и ме викна на кафе. Отидов кај неа, живее сама, разведена е и има 2 ќерки во Америка. Навистина се чувствував добредојдена. Самата таа е позитивна како личност, но и жена која одлично внимава на својот изглед и покрај тоа што има 49 години, а изгледа како да е 15 години помлада од свекрва ми , која има 50.
Навистина ми се допадна дружбата со неа и постепено станавме многу блиски. Толку блиски, што Јасмина ми кажуваше се , што мојата свекрва зборувала за мене. Значи, ми се гадеше од муабетите, како јас сум била никаква, неспособна, глупава...како и доаѓало да ме скрши од ќотек и што уште не.
И покрај тоа што знаев каква е и што мисли за мене, јас секогаш успевав да балансирам и да се воздржам без да избувнам, пред се заради мене и мојот брак.
По неколку дена, пиевме кафе со Јасмина кај неа дома, и повторно ми кажа што зборувала свекрва ми за мене, но овој пат беше навистина претерано, бидејќи рекла дека сум к**ва и дека го изневерувам син и. Навистина збеснав, не можам ни да опишам колку. Во тој момент на Јасмина и звона телефонот, таа се јави, но за кратко исклучи и остана испаничена. Што е работата и реков, а таа почна: '' лелее не фати, лелее иде наваму''... Не ми беше воопшто јасно што сака да каже. Се смири и ми објасна.. Не можев да си поверувам... Нејзе и се јавил свекор ми, да и каже дека свекрва ми му го провалила мобилниот, ги прочитала пораките и ги фатила во нивната афера. Тие двајца биле љубовници... наеднаш се ми стана јасно, и посетите и дружбата и блискоста. Јасмина и свекор ми си го терале меракот без никој да се посомнева...ШОК ШОК.... А и стварно можам да разберам...свекрва ми е збрчкана, дебела, несредена, дури и вештачки заби има, па не е баш чудно што свекорот посакал да биде со друга жена, а Јасмина е навистина непогрешив избор.
Таа ми кажа дека свекрва ми доаѓала кај неа дома, и дека секој момент треба да стигне, бидејќи излегла со такси. Само што тргнав да си одам,да не ме најде тука, Јасмина викна : '' Застани, ете го таксито надвор, стигна веќе''. Ме пикна во кујната која и беше затворена со лизгачка врата за да ме сокрие, но јас сепак оставив малку простор од вратата за да видам што ќе се случува. Свекрва ми влезе без да тропне , без да звони и бесна како ураган. Само што ја отвори вратата од дневната, веднаш почна да вика по Јасмина оро***јо, к***о, срам да ти е. Јасмина ја замоли да се смири за да разговараат но свекрва ми не престануваше. Во еден момент и се нафрли на Јасмина, почна да ја кубе и ја турна на троседот. Јас се исплашив премногу и бев речиси подготвена да излезам по секоја цена и да ја смирам ситуацијата. Но, на мое огромно изненадување, немаше потреба од тоа, бидејќи Јасмина сама се справи. Ја удри со колено во стомакот, и свекрва ми падна како слон на подот. Јасмина седна над неа и почна да и удира шамари како на мало дете. Бев премногу збунета и нервозна, но не можам да негирам дека ми се допаѓаше тоа што го гледав. Свекрва ми очајно се трудеше да стане, па откако неколку пати не успеа, почна повторно да и вика на Јасмина к***о, ќе видиш што ќе ти направам, ќе те здробам. Тогаш Јасмина и залепи неколку силни шамари и нагло и ги извади вештачките заби од устата на мојата свекрва и ги фрли на троседот.
Свекрва ми испаничи , почна да вика: ''Што правиш, луда една, врати ми ги забите '', но тоа звучеше толку смешно бидејќи не можеше да ги изговори зборовите како што треба.
Јас бев тотално исклучена, не знаев дали сонувам , дали е вистина, дали е филм или не знам што... Но никако не очекував дека ќе одат до тие крајности...
Јасмина почна да ја вреѓа свекрва ми, и велеше погледни на што личиш, јас не сум крива, јас немам сопруг, слободна сум и што сакам ќе правам. Таман кога помислив дека се е готово, Јасмина направи нешто што навистина ме запрепасти. Полека стана од свекрва ми, и во моментот кога мојата свекрва сакаше да се исправи, Јасмина насилно го стави нејзиното стапало во устата на свекрва ми а со другата нога ја згазна на стомакот. Останав ЗАПРЕПАСТЕНА и малку згрозена...Свекрва ми без заби, со стапало во уста мрмореше и се лигавеше, а Јасмина почна цинички да се смее и и рече: " Лижи ги нозеве, и маж ти сака да ги лиже"....Бум, уште еден ШОК.. Глетката ми беше необична, чудна, но едвај издржав да не се изнасмеам на фацата на свекрва ми со стапало во уста.. значи крај-неопишиво. Јасмина и се закани дека ако каже нешто , нема да помине добро и дека повеќе нема да контактираат воопшто. Ја избрка од куќата , а свекрва ми избега како да брза за на автобус. Откако си замина, излегов од кујната, се погледнавме со Јасмина и заедно почнавме да се смееме како луди. Вечерта дома беше малку напната атмосферата, иако не се зборуваше ништо во врска со тоа, меѓутоа имаше доза на нетрпеливост, а знаев и зошто секако.
Оттогаш Јасмина не доаѓа воопшто кај нас, што е и разбирливо и нормално. Свекрва ми си ќути и не вели ништо , не се меша во ништо, дури и се познава дека ја изгубила самодовербата и дрскоста.
Затоа , како што кажав на почеток : '' Што ќе посееш, тоа ќе жнееш ''. Таа зборуваше секако за мене, дека сум никаква, лоша, мрзелива и не знам што.
Велеше дека сум к***а и дека го изневерувам мажот ми, а таа излезе изневерена.. Сакала да ме тепа, заврши тепана и понижена, и тоа од љубовницата... ''Carma is a bitch'' ...ете тоа ти е...Не знаете на каква свекрва ќе налетате во животот и што ќе се случува, меѓутоа треба трпеливо и мудро да се поставите.. ;)

Дали си свесна колку деморализирана би била твојата свекрва, да дознае дека ти си го сведочела сето тоа, не си направила ништо за да помогнеш, па дури и се подбиваш со неа. Не сакам ни да замислам како би се чувствувала, но ќе ти кажам само едно: ЗАСРАМИ СЕ
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Дали си свесна колку деморализирана би била твојата свекрва, да дознае дека ти си го сведочела сето тоа, не си направила ништо за да помогнеш, па дури и се подбиваш со неа. Не сакам ни да замислам како би се чувствувала, но ќе ти кажам само едно: ЗАСРАМИ СЕ
Апсолутно се согласувам само што ете некои не размислуваат за туѓите чувства и си гледаат само за себе.
 
Член од
23 август 2013
Мислења
296
Поени од реакции
640
...он вежбаше вежбаше, и од кога се навежба отиде кај на тие што на брат му што му го скршија кичмата, таа вечер и му отиде и ги сачека еден по еден таму кај дрвото...
Мене на филм ми делува малце.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
5
Поени од реакции
5
Дали си свесна колку деморализирана би била твојата свекрва, да дознае дека ти си го сведочела сето тоа, не си направила ништо за да помогнеш, па дури и се подбиваш со неа. Не сакам ни да замислам како би се чувствувала, но ќе ти кажам само едно: ЗАСРАМИ СЕ
Немам за што да се срамам, јас не сторив ништо. Поздрав
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Некои свекрви заслужуваат да бидат тепани и тоа многу тепани.
Таа багра родени од 40те па скоро до 70те треба да си добијат млатење и да си знаат кај им е местото.
Верувам поновиве генерации дека нема да си го брцаат носот во креветот кај синот.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Таа багра родени од 40те па скоро до 70те треба да си добијат млатење и да си знаат кај им е местото
Мислам дека треба да им се извиниш на тие од 40-те до 70-те:(
Јас лично познавам и во помладите и во постарите дека треба да се млатат,ама никогаш нема да го прфатам тоа.
Се' зависи од воспитување:)
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Мислам дека треба да им се извиниш на тие од 40-те до 70-те:(
Јас лично познавам и во помладите и во постарите дека треба да се млатат,ама никогаш нема да го прфатам тоа.
Се' зависи од воспитување:)
Site poznavame poedinci koi se najsuper, zborubam opsto za taa generacija. Imam i dve babi i majka i tetka i svekrva na bratucedka si znam
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Некои свекрви заслужуваат да бидат тепани и тоа многу тепани.
Таа багра родени од 40те па скоро до 70те треба да си добијат млатење и да си знаат кај им е местото.
Верувам поновиве генерации дека нема да си го брцаат носот во креветот кај синот.
Јас мислам дека највеќе мажот треба да биде тепан.

Мажот прво треба со секоја посебно да разговара и на двете да им стави до знаење дека ги сака, но на различен начин.
Сопругата да разбере дека исто не сфаќаш на 25 и 55 години. Да се избегнуваат некои ситни расправии затоа што на крај стануваат жестоки и тоа ништо не помага. Освен нервози ништо не добиваш.
А мајката да ја почитува приватноста, да не се меша секаде и да не критикува.

Еве ај ако продолжи постојано да дава некакви совети и да се меша секаде, ислушајте ја и кажете и ок имаш добра идеја иако не ви се допаѓа и не планирате да го направите тоа. А не "Не замарај ма, ти се знаеш ти ќе ми кажуваш како треба. Глупава."
Или пак побарајте некаква помош и совет иако не ви е потребна.

Toa влегување во спална и чепкање по плакарот сигурно е дозволено од нејзиниот син. Еве еднаш ќе влезе, ама втор пат нема ни да помисли.

Имам едни роднини каде на снаата и пречело тоа што ќе живеат во заеднички стан. Демек дотогаш не знаела хехе, а пред тоа со години таму дремеше. Вакви колку ме нервираат.
Свекрвата па толку имаме можности и снаата ни да избори до десет и на свекрвата и рекла "Курва некоја." :eek: :tapp:
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Има секакви,од двете страни,ама јас сум против млатење,за двете страни:mad:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Луѓе, млатење, не сме онаму во праисторија. Иако некои очигледно се.

Синот/сопругот ако е без кичма, ја наебале и двете. Жена ко жена, драми, карање за ситници, нервози без потреба, пикање на нос кајшто не треба ... Не може две жени под ист кров да си се сакаат поготово ако и двете имаат што да кажат. Јас со мајка ми не можам да се разберам, да не правиме муабет со други жени. Секоја жена е манипулатор, тоа рака во оган ставам, зависи само до кое ниво оди. Клучна улога има машкото и да проба да не влече на некоја страна повеќе.
Примам совет, не примам попување. Во иднина исто нејќам мешање во работи во кои само двајцата во брак одлучуваат. Тоа ми е сосема јасна работа. Граници секаде и во секој однос мора да има за да тера тој однос или таа врска.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Ако свекорот и свекрвата ги викате тато и мама, дали мажот треба да го викате бато???

Испаѓа сега работава невестата има двајца татковци и две мајки...

Кога двете сваќи се заедно и невестата се обраќа со мамо и нормално двете се одѕвиваат и тоа доаѓа до забуна...

Па што има снаата на свекорот и свекрвата да им се обраќа со тато и мама? Глупости. Па нека им се обраќа со свекре и свекрве. Или пак нека им се обраќа со името што го имаат...

А и зошто зетот на родителите од невестата да им се обраќа со дедо бабо? Па од каде тој ним не им е внук???

Јас на родителите од жена ми нема шанси да им се обраќам со дедо/бабо. Туку директно на име... Ќе им речам не ви сум јас внук!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom