...дознав дека многу наши војводи, комити, многу Илинденци, пребегале во Бугарија. Таму заминале оти Бугарите демек ни биле пријатели, можеле да ни помогнат. А видовме подоцна колку ни помогнаа и што сакаше Бугарија од нашата Македонија. Времето си врвеше, јас веќе стасав за женење, но на женење и не помислував. Моите мисли се уште беа свртени кон четата, кон борбата за слобода, но такво нешто немаше, беше некаков голем молк, како да завршил светот и векот… А во Бугарија да ме бесиш не одам, и за среќа никогаш не отидов, а му благодарам на Господ за тоа. Во Грција да заминам не можам, таа е бетер од Бугарија. Нема друго место и друга земја, си велам, ќе одам во Србија. И точно кога наполнив 19 години, беше тоа 1905 година, со нешто алишта в торба една ноќ тргнав од Ресен за Велес пешки...