Сè што треба да знаете пред да започнете со рекреативно спортување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Пред да се обидам да ве убедам во тоа дека за да живеете здраво, не е доволно да јадете многу салата зачинета со маслинов зејтин, да го намалите внесот на кафето и прекинете со пушењето, имајте во предвид дека во „ту ду“ листата треба да го додадете и рекреативното вежбање.



Да ја појасниме рекреацијата и во што се разликува од спортувањето
Во ред, ќе речете дека се работи за сосема исти нешта, но јас би рекла се работи за слични. Многу често кога луѓето одлучуваат да променат нешто во својот живот, со цел да го подобрат својот живот, одбираат некаков спорт со кој би допринеле во својата намера. Меѓутоа, самиот термин „спорт“ секогаш е поврзан со многу пот, напор, потешкотии, неуспешни обиди, упорност, неизбежно и болно воспаление на активираната мускулатура...

Суштината е во психолошкиот пристап кон она што имате намера да го сторите
Доколку кажете „одам да се рекреирам“ наместо „одам да спортувам“, речиси 100% сум убедена дека истото ќе го сторите со поголема леснотија, без разлика каква активност ќе одберете за спорт (рекреација). Секако, многу резултати од испитувања засновани на спроведени анкети помеѓу луѓето што се рекреираат односно спортуваат го докажуваат овој пристап на „помал отпор“`. Исто така и поранешните професионални спортисти по завршувањето на спортските кариери, продолжувањето со физичката активност го карактеризираат како „рекреативно“ .

Значењето на терминот „рекреација“
Како и да е, во самата смисла на терминот „рекреација“ се пронаоѓаат 2 значења: „активност која ве забавува, пружа забава или стимулира“ или пак „активност која освежува, го обновува вашето здравје и дух преку уживање и релаксација“. Додека пак,описно „рекреативно“ некои речници го објаснуваат како „активност која се практикува во слободно време“. Рекреацијата е тесно поврзана со физичката (спортската) активност, но не мора да биде и исклучиво. Имено, во самата дефиниција стои „го обновува вашето здравје и дух“, па така вие може да се рекреирате и пишувајќи поезија (но, за тоа во некоја статија за менталното и духовното здравје). Да не заборавиме - и шахот е класифициран како спорт!

Да се вратиме на физичкото здравје за кое можете за допринесете преку „рекреативното спортување“. Веќе споменав дека спортувањето и рекреацијата не се исти , но слични термини кои симбиотски се надополнуваат. Секако, постојат најразлични поделби на спортовите, но со цел да се долови важноста на физичката активност преку истите, одредена група на спортови се нарекуваат и „рекреативни спортови“.

Рекреативни спортови се оние активности каде што примарна цел е учеството (партиципацијата), поврзано со целите на подобрување на физичкиот фитнес (постои и ментален, нели), забава и социјално вклучување на поединецот. Рекреативните спортови вообичаено се перцепираат како помалку стресни (како физички, така и ментално) за учесниците. Се карактеризираат со пониски очекувања во изведувањето (практицирањето) и секако во обврзувањето кон спортот.

Да поедноставиме, не броите и не собирате поени за освојување на купови, лиги, не мерите километри, ниту пак се оптеретувате со која брзина сте го завршиле тренингот. Значи, не се натпреварувате и ослободени сте од притисокот да освоите некаков спортски резултат во бодови, поени, медали...

Теоретски постои јасна демаркација помеѓу рекреативните и компетитивните спортови. Компетитивните спортови не само што вклучуваат натпреварувања, туку и напредни вештини кои спортистот го водат кон повисоки нивоа. Меѓутоа, во практиката оваа поделба на концептите на рекреација и компетиција на сите нивоа често е малку нејасна.

Рекреативните спортови се најпопуларниот тип на физичка активност која е широко прифатена низ светот. Спортските рекреативци се личности кои практикуваат трчање (џогинг), возење велоипед, пливање, планинарење или пак се дел од групни активности како тренинзи по аеробик, боречки вештини и сл.

Во современите општества со изградени здравствени платформи, преку работата на владини агенции се промовира здравјето токму преку рекреативните спортови. Истите како кај младите, така и кај повозрасните лица, водат кон помала инциденца на појава на сериозни заболувања (особено дијабет и кардиоваскуларни болести кои често се поврзани со прекумерна тежина) и кон продолжување на животниот век на популацијата воопшто.
Од друга страна пак, поздраво население значи и помало оптеретување на владините буџети во здравствените сектори.

Сумирано можеме да кажеме дека рекреацијата (онаа спортската секако) не само што се практикува за забава ,туку и за здравје.

Што е важно при започнување со физичката активност?
Од особена важност кон секоја физичка активност е да пристапите со сериозност во однос на правилното изведување на тренингот кој сте го одбрале. Без разлика дали ќе трчате, ќе возите велосипед, ќе планинарите или ќе посетувате аеробик тренинг, морате адекватно да се загреете и по завршувањето на тренингот да се истегнете. Методиката на секој тренинг (професионален или рекреативен) е сосема иста. Ова е важно во превенцијата и избегнувањето на спортските повреди кај кои за жал нема поделба на рекреативни и професионални, повреди кои подеднакво можат да го загрозат вашето здравје и да ве спречат во остварувањето на вашите цели.

Неколку препораки пред да стартувате
Пред да почнете да се занимавате со некаква физичка активност, ви препорачувам сепак да се посоветувате со стручно лице или со поискусен рекреативец кој би ве посоветувал околу поединостите кои би ви биле од корист. На пример, доколку се одлучите да џогирате, посоветувајте се какви патики да одберете. Доколку се одлучите да возите велосипед – побарајте совет каков велосипед ви е потребен. Истото важи и аеробикот - кој тип на аеробик да одберете според вашата физичка подготвеност, возраст и слично. Дури и пред да освоите некој планински врв , треба да „повежбате“ на некои пониски ридови.

Сигурно нема потреба да ги набројувам спортовите кои може да ги вметнете во својата рекреација, а се исклучително популарни и комерцијални. Фудбалот, кошарката и тенисот, за кои освен закупен простор, сала или терен, ви треба и група на пријатели со кои ќе ја поделите спортската пасија, па и претходни познавања. Но, никогаш не е доцна да го усовршите она што ви претставува задоволство,нели?

Убавата страна на индивидуалната рекреација
Една од убавите страни на индивидуалната рекреација, за разлика од тимската, е што многу често претставува иницијален тригер во постигнување на исклучителни лични резултати. Зачленување во планинарски клубови и освојување сериозни планински врвови, спорско качување, па и алпинизам, приклучување кон маратонски или атлетски клубови за љубителите на трчањето (џогингот), потоа велосипедизам и поминати километри низ ридови и долини за кои никогаш и не би помислиле дека сте во состојба да ги извозите на две тркала. Исто така, во фитнес и аеробик клубовите се случува од рекретивни вежбачи да произлезат посветени и добри инструктори.

Почнуваме со размрдување? :)
На крајот од овој текст, без да ве оптеретувам со страшни здравствени статистики и податоци со медицински термини,се надевам дека барем малку ве убедив дека треба да се почнете да се движите за да го подобрите вашето здравје. А, што ќе одберете, дали „рекреативно спортување“ или „спортска рекреација“, оставам на вас да одлучите.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Убаво текстче си се потрудил, ама верувај ми дека повеќе ке ги убедиш да почнат да спротуваат или да се рекреираат доколку им ги покажеш статстиките кои негативно влијаат на нивното здравје и нивниот живот што воедно влијае и на нивното наследство како деца и слично :)
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Првите чекори обично се најтешки..После ако е упорна личноста станува навика па преминува во задоволство..Подобро тука бесот да се изфрла неголи на своите дома или пак на нешто друго..
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.370
Првите чекори обично се најтешки..После ако е упорна личноста станува навика па преминува во задоволство..Подобро тука бесот да се изфрла неголи на своите дома или пак на нешто друго..
Точно така, исто така би надополнил дека секој проблем, стрес, нервоза ќе се амортизира преку вежбањето и спортувањето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom