Реорганизација на јавната администрацијата

Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.508
Ајде сега искрено малце да направиме споредба, еден работен ден во јавен и приватен сектор во МК :

Јавен сектор : Работно време ти започнува во 8 часот пример. Во 8 излагаш од дома. Стигаш на работа 8,30, одма нервозно го бараш далечинското од климата и ја пушташ на 30 степени. Имате парно во канцеларија, но подобро да е претопло отколку малце да ви застуди. Сакаш да играш на сигурна страна. После тоа започнуваш да вариш кафе, ако стигнал некој од останатите колеги пред тебе ( малце веројатно, сепак е 8,30 ) , вариш кафе за сите. Излагаш надвор нели кафе и цигара шема мора. Веќе започнале да се редат странки пред канцеларија но не е битно, ќе почекаат. Се враќаш во канцеларија, Станка донела колачи од визитата сношти. Вариш уште едно кафе, полесно да лизгаат. Во 9,30 започнуваш со прием на странки. Притоа ја истураш цела нервоза што си ја собирал во тебе. Те изнервирала жена, деца, комшија? Нема зошто да плаќаш терапија за ослободување стрес, идеш на работа и се дереш на странките.
Завршуваш со една странка после 30 мин, дошло време за пауза. Одиш 1 час на пауза, сепак и ти си човек, си бара душата малце одмор.
Во 12 се враќаш на работа. Примаш уште 2 странки максимум, доаѓа 2 часот, конечно малце слободно време за колегите. Дискутирате колку е неправедно тоа што приватен сектор зема К-15, а вие не. Какви морони. Во 2,30 одиш до трговски да си купиш нешто, се враќаш, 3,30. Кој ќе дојде во 3,30 си велиш, и си одиш дома.
И вака до пензија. Со покачувања, со одмори, со празници платени, викенди слободни.

Ајде сега приватен сектор.

Работно време ти започнува во 8, ама шефот сака во 7:45 да си тука спремен за работа. Значи од дома излагаш 7,15 . Кафе не правиш пошо немате кај да варите кафе, евентуално кафе машина имате ама тоа се наплаќа па го скокаш. Почнуваш да работиш, голем дел од времето стоечки. Во зависност од газдата, просторот е или на собна температура, или ако не си толку среќен ќе се греете со дишење. Мора ново БМВ да се купи на крај на година за газдата, мерки на штедење има. Имаш пауза за ручек во 12, исто ако си среќен имате менза каде што се служи пинерла или грав. Јадеш, малце муабет со колегите, после пола час се враќаш на работа. Слушаш некој од вработените шушкаат за организирање синдикат, ама нема, кога се вработивте потпишавте некое документче кое ви ги ограничува правата. Доаѓа 4 часот, ти завршува работно време. Слободен ден во неделата, евентуално само недела, сабота мора да се работи,не се престига колку работа имате. Сакаш одмор? 10 дена годишно, 15 ако си среќен. К-15? Ќе ти исплатат во вторник, во среда сабајле те чекаат да им го вратиш на рака. За покачување си слушнал некаде по телевизииве, обично јавна администрација се жалат за тоа, али на твоја рака не си го искусил.
Одиш дома и од утре пак исто.

Која будала би избрала секој ден да го живее второто сценарио,не знам.
Поготово оние на конфекција што се, значи за жалење се.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Ако генерално не им одговара нејзино намалување или претумбување, реорганизации, прекфалификации, отпремнини и ред други опции кои ги споменуваат, зошто тогаш го одбраа баш овој момент, пред избори, да излезат во јавност со вакви срања и да направат незадоволство и омраза кај администрацијата?
Затоа што има исто така голем број на гласачи кои не се под диригентска палка на партиите, како што тоа е случај со огромен дел од вработените во администрацијата. Треба и на нив да им се удоволи. А тие, еве читаш тука на темава, што мислат за администрацијата јавна. Едноставно, тој антагонизам кон административецот, кај обичниот човек, децениски се стварал со средби помеѓу нив. Децениски уништуваниот државен систем, сите свои аберации, неправилности, нефункционалности и грешеки ги манифестира врз обичниот граѓанин, преку администрацијата, која е суштински дел од тој систем и е најбитниот фактор за уништување на тој систем. Јавна администрација е и оној кој го бираат на избори (градоначалник, министер...) а и сите под нив кои ги вработуваат (шалтер служба во клиника, сообраќаец или општинар).
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Сигурно некој вреден кога ќе влезе у администрација му викаат дечко контролирај се малце, треба да запазиме некој стандард овде, не така да не брукаш, све сработи без да причекаш да улегне малце. Сакаш да не избркаат ради тебе?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.410
Сигурно некој вреден кога ќе влезе у администрација му викаат дечко контролирај се малце, треба да запазиме некој стандард овде, не така да не брукаш, све сработи без да причекаш да улегне малце. Сакаш да не избркаат ради тебе?
А што е "поубава" администрацијава во АРМ од останатите, ајде дечко кажи, баш д видам????
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
А што е "поубава" администрацијава во АРМ од останатите, ајде дечко кажи, баш д видам????
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Како и во секоја дејност и во секоја работа има луѓе што работат и тие што си живеат по канцеларии...
Типичен пример, често имам работа во министерства, има една повозрасна госпоѓа во транспорт, исклучително исполнителна и вредна. Со други 2-3ца е во канцеларија и до сега еднаш или двапати биле во канцеларија. Тука е проблем со раководителите, што не умеат да направат ред и поредок и наметнат дисциплина и дистрибуција на обврските.
Во ПИОМ, 3-4 канцеларии се потполно празни, во ходникот те среќава еден дечко албанец, со сите љубезен, за 15 мин сите завршија работа.
Нема шаблон, нема одреден профил, има луѓе вредни и мрзливи, има луѓе со чувство на одговорност и осет и луѓе без...
Се нервирам кога се глобализира и кога сите се ставаат во ист кош (сите се исти, мрзливи, гној...)
Факт е дека е преобемна и баш заради бројноста тие што поштено си ја вршат работата најмногу губат. Ама токму заради тие не треба да се ставаат сите во ист кош.
Способни и неспособни, многу е едноставно. Исто е и со шалтерски работници и со директори.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Точно. И у приватни фирми гледам на некои мувла им фаќа тастатура, поим немаат што продаваат, флегма типови и незналици за основни продукти...други се потепуваат од работа, знаат све од а до ш, трчаат да те услужат или објаснат.
Автоматски споено мислење:

А што е "поубава" администрацијава во АРМ од останатите, ајде дечко кажи, баш д видам????
па има убај офицерки, што е право, право е.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
А што е "поубава" администрацијава во АРМ од останатите, ајде дечко кажи, баш д видам????
Џабе се буниш..нема ни синдикат ни бутур и во таа ситуација се е политички маркетинг.....многу едноставно.
Едно прашање малку лично можеби е.....ве тераа ли на референдум да гласате?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.410
Точно. И у приватни фирми гледам на некои мувла им фаќа тастатура, поим немаат што продаваат, флегма типови и незналици за основни продукти...други се потепуваат од работа, знаат све од а до ш, трчаат да те услужат или објаснат.
Автоматски споено мислење:

па има убај офицерки, што е право, право е.

Пак ти сега за офицерките дебели ти оди умот...абе за цивилите мислам, за нив, за цивилни лица вработени во АРМ:boksix:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Ако Петре Шилегов отиде во Охрид на шалтер во матичната служба и побара извод на родени, ќе треба да чека едно 30 минути за дотичната госпоЖа, вработена таму ја најде на тастатура буквата Ш.
Буквата Ш и сите останати Ѓ, Ж, Ч, Ќ се бараат со пенкалото во рака, буква по буква на тастатурата и 3 пати последователно се констатира дека буквата Ш ја нема на тастатура. Па после 30 минутно барање, ќе го викне колегата за да ја напише буквата Ш, затоа што „скапав барање, ама никако да ми излезит кај е“:свиркам:.
И сега доаѓаме до момент кога се прашуваме што прават младите и образувани кадри, способни за работа по целиот свет, а кај нас НЕПИСМЕНИ административци си ги ладат и не се кадарни да ја научат тастатурата.
Од 125.000 администрација во моментов (може се и повеќе), да се направи едно тестирање или вистинска реорганизација 50% (ако не и повеќе) не се за по цигари да ги пратиш, а камо ли сервис на граѓаните.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Гледам дека не ви е јасно малку за платите па да напишам некој збор.

Има два вида на администрација државна и јавна, платите во државната со средно започнуваат од минималец, па некаде над 18 илјади, со факултет се околу 21к па до 25-26к + стаж од 0,5% годишно, има по 4 нивоа и почнуваш од првото, па за натаму ти требаат врски за унапредување оти можеш да заглавиш и со децении на првото.
Потоа раководителите зимаат околу 30к, ама тие се по 1 во секое оделение, значи не се многу на број (ако ги има оти ставаат потписници од овие другите и не се платени за раководители).

Во јавната администрација платите се поголеми оти они самите си ја одредуваат платата, пример УЈП има повисоки плати од вработените во министерството за финансии, потоа за ЕЛЕМ и МЕПСО знаеме дека почетна за средно е 25к, а за со факултет е околу 40к, за воздухопловство мислам дека со факултет без искуство е околу 60к итн.

Значи ако споредеме платите можеби се повисоки во однос на другите градови, ама за во Скопје мислам дека не се којзнае колку, предноста како што кажавте е во тоа што во администрацијата немаш шеф да ти виси над глава (он постои ама никогаш не е во канцеларијата :icon_mrgr: ), немаш норма колку треба да сработиш, самиот си твој газда...

Знам административци кој стварно работат, но знам и такви кој не работат ич, поради таквите неработници имаме генерална слика дека целата е чкарт.

Еве пр. на мене за сликање за лична карта ми требаа 3 саати иако имав закажано, губеш 3 саати за работа што се завршува 5 минути.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Прво проблемот е во претпоставените, знам луѓе кои работат во администрација и се доста експедитивни и стручни, но ми имаат кажувано кога ке им влезе тој претпоставен се слуша мува како лети (можеби нецивилизирано ама во оваа држава само така и со стап можеш да ги натераш да работат).
Додека и знам некои директорчиња кои уво не ги боли за нивното претпријатие, па така сее понашаат и тие под него и таму како странка кога одиш мораш прво да имаш јаки живци, а друго да си спремен да ебеш матер на се живо и диво за да завршиш работа инаку ке си чекаш, али од искуство углавно кога им заржи човек малку одма се растрчуваат.

Друг проблем е законсото решение за дисциплинско казнување и давање отказ, неможе градоначалник, директор, шеф... да ти даде отказ или да те казни поради неработење туку треба да се формира комисија па таа да одлучува дали ке те казни или не, а се тоа гломазно и во главно е губење време.

Така да според мене горе споменато решение е најдобро, стави им директор или некој претпоставен што се понаша како хитлер и максимумот ке го извадиш (можеби нема да е доволно али тоа ке е максимум), исто така ти што се мрзеливи од малтретирање сами ке епочнат да си даваат откази.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom