Јас веќе не работам во Коузон
Наскоро се враќам пак на брод. Повеќе инфо, после рекламите
У принцип на карнивал фотографите работат секој генгвеј, цел фото тим искача надвор и лови гости. Кај другите комапнии имаш или пола тим да излезе да фотка генгвеј или само 2-3ца, или како на Дизни (Имиџ) или добар дел од МСЦ, нема генгвеј.
Во врска со обуки, Карнивал и Имиџ се тука некаде со обуките, на другите компании имаш малку помалку обуки, но тоа не значи дека ако не ти фаќа црпката не можеш да научиш повеќе.
Летање до брод: Карнивал и Имиџ, фотографите сами си се снаоѓаат да стигнат до брод (сами си плаќаат авион, и организираат хотел ако им треба, и превоз до бродот). МСЦ, НЦЛ, Принцес, компаниите покриваат авионски трошоци во двете насоки и организираат хотели и се останато доколку е потребно.
Плата: Имиџ се за никаде сега, од најдобри плаќачи станаа најлоши. НЦЛ, МСЦ и Принцес имаат основна плата 1000-1200 УСД плус комишн, така да ептен ако ти се погоди тиња мсц брод па да стигнеш само до 1200. Обично платата е 1400-2000.
Не знам колку договори имаш истерано Вормастер, ама фаќање таргет на Карнивал брод и не е баш лесна работа.
У принцип, за добар морнар нема лоша компанија, ќе се снајде на соодветно место. За лош морнар сите компании не чинат.
@curious.me најтопло ти препрачувам да се качиш и да истуркаш барем еден договор, потоа ќе знаеш што и како понатаму.
Јас на времето 2012та се качив за да одработам 1-2-3 договори и останав се додека Имиџ не ги сјеба платите у 2015та.
За месец дена треба да се качам на брод за една нова интересна компанија.