Промоција

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Промовирана книгата „Илинденското востание 1903 во австралискиот печат“ на англиски јазик од Мартин Треневски

Скопје, 31 јули (МИА) - Издавачката куќа „Македонска искра“ денеска во Домот на АРМ во Скопје ја промовира книгата „Илинденското востание 1903 во австралискиот печат“, од авторот Мартин Треневски, на англиски јазик.

Книгата, која на македонски јазик е објавена во 1996 година, во издание на „Матица македонска“, пред голем број присутни, меѓу кои и амбасадорот на САД во Република Македонија Џилијан Миловановиќ, ја промовираа академик Никола Кљусев и проф. д-р Зоран Тодоровски.

Авторот на книгата рече дека Илинденското востание 1903 година е медиумски настан број 1 во светот, поаѓајќи од количината и содржината на информации. За време на Илинденското востание, според Треневски, англиската новинска агенција Ројтерс имала своја редакција во Битола и посебна редакција во Рилскиот манастир, што, како што рече, го потврдува огромниот интерес за настанот.

Во истражувањето, авторот пронашол информација дека австралиската влада на 2 октомври 1903 одржала посебна седница посветена на тоа како да му се помогне на христијанското население, на Македонците и останатите, но и за тоа дека црквите во Австралија подготвувале разни начини за помош на македонското население.

- За мене беше клучно сознание дека ние имаме де факто признание од бугарски премиер, од генерал Рачо Петров, на посебноста на македонската нација.Тој во одговор на ултиматум даден од Австро - Унгарија и Царска Русија да не се меша во настаните на Отоманската империја, а во врска со Илинденското востание подвлекува дека Бугарија нема ништо со тоа затоа што тоа е внатрешна работа и е национално движење, изјави по промоцијата на книгата авторот Мартин Треневски, оценувајќи оти тоа е важен историски податок кој заслужува натамошно истражување.

Целта на издавање на оваа книга на англиски јазик, нагласи Треневски, е меѓународната јавност повеќе да научи за еден значаен настан од нашето поново минато. Во таа насока, тој подвлече дека се неопходни повеќе трудови на странски јазик, преку кои ќе се информира меѓународната јавност за македонската реалност.

Авторот Мартин Треневски, познат новинар, публицист, државник и дипломат, во својата книга го посветил истражувачкото внимание во обработка на една значајна историска ретроспектива за највозвишениот отпор за слобода против петвековното Отоманско поробување и неговото отсликување во австралискиот печат, подвлече во рецензијата академик Никола Кљусев.

Во својата суптилна анализа на информативните гласила „Сидни Морнинг хералд“, „Ди Еиџ“ и „Дејли телеграф“ и користејќи ја документацијата во државната Библиотека на Нов Јужен Велс во Сиднеј, рече Кљусев, авторот укажува на некои тенденциозни дезинформации, посебно од перото на грчки дипломатски, воени и новинарски известувачи, кои прикажуваат лажни слики за состојбите во Македонија.

- Треневски посветува внимание на заткулисните игри во своите подли територијални аспирации на соседните балкански монархии (Грција, Србија, Бугарија), како и политиката на големите сили кон Македонија, кои поаѓајќи од сопствените економско - политички и геостратешки интереси не биле за промена на статус кво во Отоманската империја, нагласи меѓу другото Кљусев.

Во рецензијата Тодоровски потенцира дека книгата не претставува само монографски труд за одгласот на Илинденското востание во австралискиот печат, туку и педантна белешка на сите реакции на австралиската општествена јавност, која со големо внимание ги следела настаните во Македонија и со симпатии сочувствувала со страдањата на македонскиот народ.

- Подвлекувајќи го објективното информирање на австралискиот печат за македонските состојби, Треневски го бележи нивното именување на македонските национални термини, третирајќи го Илинденското востание за „македонско востание“, предводено од „македонски востаници“, а раководено од „македонски лидери“, потенцира Тодоровски, додавајќи оти темата Илинден 1903 е неисцрпен предизвик на научната историска истражувачјка јавност и вечна инспирација на публицистите и новинарите.

Тодоровски констатира дека Треневски успешно го обработил и го презентира овој најзначаен македонски историски настан на австралиско тло, надополнувајќи ја македонската историографија со нови сознанија за оваа неисцрпна македонска историска сага.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom