Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Кутриот ти, откако твојата миленичка изгуби на редовните претседателски избори во САД кои се одржаа на 8 ноември 2016, нешто те снема од темава, а и во темата Случувања во Македонија кога ќе останеш без издржани аргументи, единствено знаеш да се расплакаш бидејќи некој друг ти ја ремети темата.
Фаќам сеир на сите будали ко тебе, што успеа да ги излаже трампо. И се што очекував за трампо 100% се остварува, дури и бетер :)
Како беше она антиглобалист бил :pos: пази пази: ќе се борел :pos: ќе се борел против елитите!! :pos: :pos:
А и вмровците така се надеваа дека ќе ги спаси :pos:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Фаќам сеир на сите будали што успеа да ги излаже трампо. И се што очекував за трампо 100% се остварува, дури и бетер :)
Земај забелешки и за сите будали кои зајко кукурајко и плавите жолтици успеаа да ги залажат, ќе фаќаш сеир за некоја година и на нив. :)

Само што имаш еден малку сериозен проблем - ни самиот не знаеш што е тоа сеир.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
@StefusRefus воопшто не следи идеологии, туку го следи исклучиво и само капиталот.

Очигледно Фриц Тисен во Германија во 1930-те години, како и неговите денешни македонски истомисленици Минчо Јорданов, Орце Камчев и Зоран Азманов, се неговите идоли.

А има добра причина зошто да им се восхитува, кога ќе се качиш на ескалатор во трговски центар, или во лифт во зграда, а пишува дека производителот е Тисенкруп, ретко кој знае дека капиталот на таа фирма е крвно стекнат од експлоатацијата и истребувањето на Евреите и останатите жртви на нацизмот.

Тисен си направи добар бизнис со Адолф Хитлер и нацистите, беше една од клучните личности кои го убедија последниот претседател на Вајмарската република Паул фон Хинденбург да му даде мандат на Хитлер за да формира влада, им донираше околу 1 милион германски марки на нацистите, па дури и ја убеди германската Асоцијација на индустријалисти да им донира 3 милиони германски марки на нацистите, а за возврат откако Хитлер и нацистите дојдоа на власт во Германија на 30 јануари 1933, Тисен создаде империја од неговите челичарници кои го произведуваа челикот за потребите на германските вооружени сили. Со задоволство ги поддржа укинувањето на синдикатите и повеќепартискиот парламентарен систем во Германија, а Евреите во нацистичките логори му дојдоа како шлаг врз тортата, речиси бесплатна работна сила за време на Втората Светска Војна, а капиталот се акумулира до бескрај.

Несомнено Минчо Јорданов, Орце Камчев, Зоран Азманов и таквите како нив се трудат од петни жили да го следат примерот на Фриц Тисен, и навистина добар бизнис си направија со пвеводбениците и нивниот пастир, и тоа без војна, без воена индустрија и без концентрациони логори - целосно легално, и несомнено @StefusRefus планира да го следи нивниот пример, важен е капиталот, а од каде и како е стекнат воопшто не е важно.
Што биле Тисен и Круп криви бизнис си терале...што да прават дошле нацистите овие имале железарници нема да ги спакуваат во куфер и да бегаат. :toe: Плус сојузниците им ги избомбардирале па изградиле...ризик на бизнис модел.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Usual suspects како вообичаено, се обидуваат да ја усерат и оваа тема со офтопик и ад хоминем коментари. :coffee:

@Ne_sum_ja @Nekojx
Супер сте момци, ако продолжите вака само Ставре ќе може да ви конкурира во копрофагија.

Јас сум проголем бизнис и проглобализација економска и кулурна и антитрајбализам и унилатерализам...просоцијални мерки и на пример прочојс антиган итн. Чиста спротивност на Трамп за 90% од работите. Нормално дека никад не би го подржал. Ако ова не не е идеологија незнам што е...:)
Но баче, ти можеш да се декларираш што сакаш. Муабетот е дали воопшто ги разбираш и дали можеш да ги образложиш тие декларации. На пример што ќар имаш ти лично, или мнозинството од нас во државава и пошироко, на планетава - каков бенефит имаме од процес како глобализацијата? Можеш воопшто да се обидеш да објасниш? :)

Не само тоа, туку и се декларираш за взаемно контрадикторни работи, пошто големиот бизнис и глобализацијата немаат ништо заедничко со социјализмот и „просоцијалните мерки“ (како што ги нарекуваш). Можеш ли да објасниш, како можеш истовремено да си ЗА „големиот бизис“ (чист антисоцијалистички феудален капитализам на неслободни пазари), и воедно да бидеш ЗА социјализмот и социјалните мерки?

Тоа погоре се две работи. Третата е дека Трамп е лажлив политичар, како и сите нив. Им вети на луѓето антиглабалистички мерки како враќање на производството назад во САД. Ќари што ќари со изборот за ПОТУС, но ако не ги исполни таквите ветувања толку ќе биде од него како политичар. Пошто позади него не стои финансиската елита, туку му ги поддржува противниците. Иако е повеќе од очигледно дека Трамп нема никаква намера да направи нешто против финансиската елита, тие секако преферираат свои луѓе на власт во САД.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Usual suspects како вообичаено, се обидуваат да ја усерат и оваа тема со офтопик и ад хоминем коментари. :coffee:

@Ne_sum_ja @Nekojx
Супер сте момци, ако продолжите вака само Ставре ќе може да ви конкурира во копрофагија.

Но баче, ти можеш да се декларираш што сакаш. Муабетот е дали воопшто ги разбираш и далши можеш да ги образложиш тие декларации. На пример што ќар имаш ти лично, и мнозинството од нас во државава и пошироко, на планетава - каков бенефит имаме од процес како глобализацијата? Можеш воопшто да објасниш? :)

Остај што се декларираш за взаемно контрадикторни работи, пошто големиот бизнис и глобализацијата немаат ништо заедничко со социјализмот и „просоцијалните мерки“ (како што ги нарекуваш. Можеш да објасниш?

Тоа погоре се две работи. Третата е дека Трамп е лажлив политичар, како и сите нив. Им вети на луѓето антиглабалистички мерки како враќање на производството назад во САД Ќари што ќари со изборот за ПОТУС, но ако не ги исполни таквите ветувања толку ќе биде од него како политичар. Пошто позади него не стои финансиската елита, туку му ги поддржува противниците. Иако е повеќе од очигледно дека Трамп нема никаква намера да направи нешто против финансиската елита, тие секако преферираат свои луѓе на власт во САД.
Ајде...сакам глобални марки гаранција се за одреден квалитет сакам кога ќе патувам да знам што купувам и од каде...сакам да имам заедничко со луѓе од Упмстан. Да зборам и да се дружам. Сакам парите да ги дадам каде што ми се сигурни...инвестиции производи итн. Сакам светот да е посличен и да нема граници тон разни валути даноци закони и сл. Америчка култура и запад ни се супер...али не мрзам муслимани црнци и сл. Мрзам националисти и сл...мрзам ганови итн. Полиција е ок...сум за слобода на избор ама и за одредена социјална подршка...осигурување итн. Сакам слободно да го движам капиталот и трудот низ цел свет со минимум пречки...само дел од работите. За геј бракови и еднакви права на сите сум. Итн
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Ајде...сакам гаранција се за одреден квалитет... сакам...сакам...да се дружам. Сакам парите.... Сакам светот да е... Америчка култура и запад ни се супер....... Сакам слободно да...Итн
Разбирам дека сакаш многу работи. Сите сакаме. Но јас не те прашав што сакаш. Јас те прашав како тоа што го сакаш, како ќе го добиеш со феудалниот непазарен антикапитализам какви се „големиот бизнис“ и глобализацијата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Разбирам дека сакаш многу работи. Сите сакаме. Но јас не те прашав што сакаш. Јас те прашав како тоа што го сакаш, како ќе го добиеш со феудалниот непазарен антикапитализам какви се „големиот бизнис“ и глобализацијата.
Тоа воопшто не го интересира секојдневниот профитер, го интересира само профитот, а не потеклото и начинот на кој тој профит е стекнат.

Прескот Буш исто така беше еден од финансиерите на Адолф Хитлер и нацистите, но тоа не ги спречи син му и внук му да станат 41-от и 43-от претседател на САД, а кога беа избрани, никој не ги прашуваше од каде им се дојдени парите со кои ги финансирале своите изборни кампањи, единствено ги интересираше што следува во наредните 4 години, или па можеби и во наредните 8 години.
 
Ти пишав поедноставно...од големиот бизнис добивам глобални марки и сигурен поврат на капитал. И воопшто не се антикапиталистички и феудални напротив тоа е капитализам вистински и глобализација. Глобална марка ти гарантира ист квалитет секаде и како корисник и како инвеститор е убава работа...а ако некој во гаража во Туркменистан има добра бизнис идеја зошто да не за неколку децении не стане светски бренд? Вај нот...како за него така и за мене...
Инаку секој што си сака треба да може да си купи акции кај и од кого си сака...нема тука Трамп мрамп или Богов...[DOUBLEPOST=1508950654][/DOUBLEPOST]
Тоа воопшто не го интересира секојдневниот профитер, го интересира само профитот, а не потеклото и начинот на кој тој профит е стекнат.

Прескот Буш исто така беше еден од финансиерите на Адолф Хитлер и нацистите, но тоа не ги спречи син му и внук му да станат 41-от и 43-от претседател на САД, а кога беа избрани, никој не ги прашуваше од каде им се дојдени парите со кои ги финансирале своите изборни кампањи, единствено ги интересираше што следува во наредните 4 години, или па можеби и во наредните 8 години.
Секаде има некоја бизнис елита...парите се од некаде секогаш. Војната е бизнис некој ја сака и ќе ја плати но е ризична работа и за живот и за капитал и нормално се заработува многу...што се однесува на мене мрзам војни ама има луѓе што ги сакаат а и некогаш се неизбежни за жал...
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Секаде има некоја бизнис елита...парите се од некаде секогаш. Војната е бизнис некој ја сака и ќе ја плати но е ризична работа и за живот и за капитал и нормално се заработува многу...што се однесува на мене мрзам војни ама има луѓе што ги сакаат а и некогаш се неизбежни за жал...
Мрзиш војни, но ако се најдеш во ситуација да профитираш од војна, ќе инвестираш во истата, признај си. ;)

Па добро, и тоа е твое право, само дај Боже да не се најдеш во таква ситуација, бидејќи колку што ти мрзиш војни, толку јас мрзам воени профитери.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Мрзиш војни, но ако се најдеш во ситуација да профитираш од војна, ќе инвестираш во истата, признај си. ;)

Па добро, и тоа е твое право, само дај Боже да не се најдеш во таква ситуација, бидејќи колку што ти мрзиш војни, толку јас мрзам воени профитери.
За време на 2001ва купив обврзници од РМ испаднаа добар бизнис...нема ваљда да ме стрелаш :kezec:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
За време на 2001ва купив обврзници од РМ испаднаа добар бизнис...нема ваљда да ме стрелаш :kezec:
Тоа е индиректно финансирање на една од завојуваните страни, обврзници постојано се продаваат, поради што не ти се води како воено профитерство, чист си - засега. :D

Но да ставиме тука крај на оф-топик дискусијата.
 
B

Bafra

Гостин
Глупости. Воопшто не зборуваме за идеологии.
Баш се идеологии.
Туку кажи ти што лошо имаш видено од Глобализацијата. Значи не зборам за социјализам и неговите негативни последици и произлезени олигарси. За тоа Глобализацијата не е виновна.

Толку начитан а да не сфатиш дека нации се измислена работа не ми е јасно.
Како ти замислуваш да биде...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Ти пишав поедноставно...од големиот бизнис добивам глобални марки и сигурен поврат на капитал. И воопшто не се антикапиталистички и феудални напротив тоа е капитализам вистински и глобализација. Глобална марка ти гарантира ист квалитет секаде и како корисник и како инвеститор е убава работа... Инаку секој што си сака треба да може да си купи акции кај и од кого си сака...нема тука Трамп мрамп или Богов...
Mногу наивно кажано, баш како Кермит. :)

Прво пазарите не се слободни, не може да се слободни кога се манипулирани на највисоко ниво. A вистински Капитализам не може да постои без слободен пазар. Ај тоа, туку дури и да постоеше слободен пазар, такво нешто како „сигурен поврат на капитал“ - не постои никаде. Те демантираат стотиците наивци кои секојдневно банкротираат на берзата. Таму важи истото правило дека „куќата секогаш победува“ (дури и кога понекогаш губи, зошто на губитниците мора да им се даде поттик да продолжат да ги коцкаат парите).

Ако толку те интересира берзата за акции, држи еден напис што го листав предмалку:
http://www.zerohedge.com/news/2017-10-25/goldman-will-be-biggest-buyer-stocks-2018
Некако се сомневам дека ќе разбереш зошто ти го покажувам линкот, ама останува човек да се надева. :)

Баш се идеологии.
Туку кажи ти што лошо имаш видено од Глобализацијата. Значи не зборам за социјализам и неговите негативни последици и произлезени олигарси. За тоа Глобализацијата не е виновна.

Толку начитан а да не сфатиш дека нации се измислена работа не ми е јасно.
Како ти замислуваш да биде...
Нема да ја прифатам понудата за дигресија кон објаснување зошто нацијата иако е социјална конструкција, е неопходна за преживување на една заедница. Ќе се задржам на економскиот аспект на муабетов кој се разви, поточно за глобализацијата.

Прашуваш за негативните аспекти на глобализацијата?
Треба ли повеќе објаснување од самата победа на Трамп, до која дојде со политички поентирања преку ветување дека ќе го врати производството во САД. Не разбираш? Со глобализацијата производството - на пример на автомобили, беше префрлено во држави со поевтина работна сила. Трамп вети дека ќе го смени тоа, со тоа што ќе ги зголеми даноците за увоз на автомобили, дури и за американските компании кои произведуваат надвор од САД. Како на пример Форд, кои имаат фабрика во Мексико.

Сеуште не разбираш?
Се разбира дека не разбираш, штом мораш да прашаш што било негативно за нас од глобализацијата.

Гледај вака... Ќе се обидам да објаснам што поедноставно. Но читај ме внимателно, пошто нема да се повторувам: Прво, не можеш да ја дискутираш глобализацијата без да ја разбереш финансијализацијата. Финансијализацијата и мобилниот капитал. Капиталот во вид на кеш, кредити, денес се движи слободно по планетата. Мобилен е. За разлика од порано, кога трговијата примарно се одвивала со размена на роба. Државите/нациите имаат (имале) бенефит да го извезуваат тоа што евтино го произведуваат, и да увезуваат тоа што им е скапо за производство. Тоа е концептот на слободна трговија. Но денес ситуацијата е сосема различна, пред се заради мобилниот капитал. Во денешниот свет, трговијата не може стриктно да се покаже како размена на добра меѓу нациите, затоа што капиталот на државата која увезува, Е СОПСТВЕНИК на производните капацитети на државата која извезува... Ме следиш сеуште? :)

Ај да објаснам уште поедноставно... Еве, Епл на пример, во Кина има фабрика во нивна сопственост, или заедничка сопственост со локална компанија. Производството таму во Кина, на разните ај-фонови, ај-падови, и ај-разни-срања, тоа воопшто не е онаа слободна трговија од минатото, со размена на стоки и добра меѓу државите. Денешната трговска размена прави дефицит кај државата која извезува производ од туѓо производство, во случајов Кина.

Епл го продава ај-фонот, на пример за 200-300-400 долари. Но од тие пари, во Кина не остануваат ни 10-тина долари по производ. Од тие 10 долари, ни четврт долар не завршува кај работниците кои црнчат на производните ленти и го произведуваат. Но уште посложена е работата, пошто производството користи компоненти произведени во десетина разни држави, а најголемиот дел од вредноста на производот е всушност интелектуален капитал (софтвер, дизајн, интерфејс, итн).
Заебано, нели? :)

Во глобалната економија, трговијата не се одвива меѓу еднакви партнери. Богатиот запад со финансијализацијата има пристап до неограничен кредит. Евтини пари за најголемите позајмувачи, банките, а преку нив големите инвеститори. Од друга страна штедните влогови за обичните смртници станаа неисплатливи. Знаеш дека каматата за штеден влог на западот беше 0%, а сега е каматата е негативна? :)

Во глобалната економија, западните големи фирми идат со многу пари во локалниот пазар (ете, како нашиот) и со тој капитал купуваат политичко влијание врз локалниот политички систем, го коруптираат, купуваат услуги и прават дилови за да ја уништат локалната конкуренција. Локалните асети и недвижнини се евтини за некој со неограничен кредит и неограничен капитал, евтни се пошто цените се оформени за локалната економија каде капиталот неспоредливо поограничен, и каде локалниот кредит е малку достапен и скап. Со влезот на странскиот капитал, се овозможува локален пристап до лесно пристапни но скапи странски кредити за локалните потрошувачи, кои ако не се паметни (а не се), лесно ги трошат парите на консумерски производи (увезени) и кои потоа влегуваат во голем долг, кој не може лесно да се исплати и потоа се експлоатира до бескрај со камати. Тие што банкротираат, остануваат без хипотеките (куќи и имот). На сличен начин, и заради нелојална конкуренција од странство, и локалните компании банкротираат. Тој имот на банкротирните, станува достапен за малку пари на странските инвеститори. Сетете се на загубарите фирми, кои нашиве политичари се гордеат како голем успех ако успеат да ги продадат на некој странец за ич пари (безброј примери).

Имаме многу локални примери за срањата од глобализацијата, ете тие шивачниците во Штип, т.н. текстилни фабрики, каде кутри женички работат по 12 саати дневно, 7 дена неделно, за 100евра плата... И уште има некој со стапче кој им виси над глава да гледа кој не работи доволно вредно, и не дозволува повеќе од 3 идења во тоалат во смената.
Текстилниот производ ќе се продаде, да речеме за 30евра некаде на запад, од тоа 1 до 2 евра остануваат овде кај локалниот газда, а на работничките им се фрла по неколку центи (за тие што не знаат, цент е 0.01 евро).

Ете тоа е глобализација за нас.
Од глобализација овде можат да заработат само дузина најбогати, тие од новокомпонираната локална елита кои работат како хендлери за странските газди.

Најлошото е што тој мобилен странски капитал е нели... Мобилен. Па така утре кога во некоја друга држава ќе биде поевтино да се шие текстил, западните инвеститори едноставно ќе се преселат таму. Исто и за многу такви локални „бизниси“. А овде остануваат невработени луѓе и државата (со нашиот буџет) мора да ги решава оставените проблеми.

Треба ли уште да пишувам за придобивките од глобализација?
Пошто можам, ако треба. ;)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966

Не туку го тупи со глупости, глобализацијата е неминовност и ќе се случи, порано или подоцна. Во каква форма ќе биде тоа е друго прашање.
И тој процес не може никој да го запре.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
^^
Никој не зборува за тоа, така да глупостите се исклучиво твои.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom