Иран има многу подобра преговарачка позиција сега, отколку во моментот кога го преговараа и потпишуваа JCPOA. Сега имаат стратешки алтернативи, кога ги немаа пред 5 години. Плус, екскурзијата со атентатот на Сулејмани, им даде ветер во грб на оние hawks во политичкиот врв на Иран, кои беа донекаде маргинализирани, пред администрацијата на Трамп.
Сега Американците, и целиот западен блок со нив, ќе треба да платат многу поголема цена, ако сакаат покооперативен Иран. Преведено во гео-политички јазик, ќе треба да прават стратешки отстапки, кои не ни замислувале дека ќе ги прават пред 10ина години. Дали жртвата ќе бидат интересите на Израел, тоа допрва ќе видиме. Да се потсетиме дека, администрацијата на Обама, која ќе биде горе-доле пресликана во оваа администрација на Бајден, не беше баш наклонета кон Израел. Затоа и лобито на ортодоксните Евреи во САД, беше толку гласно со напади против Обама и тој естаблишмент на Демократите. Некои гласноговорници од тој камп, уште го третираат Обама како некаков антихрист.
Глупоста е што, во моментот кога одлучија да ја тераат агесивната политика на maximum pressure, симултано решија да ја антагонизираат стратешката алтернатива на Иран, односно оската Кина-Русија, особено Кина која е клучна за успехот на стратегија што се базира на некаков економски притисок врз Иран. Плус, ги изиграа и Европјаните, кои наголемо почнаа да инвестираат во Иран, со закани за екстратериторијално санкционирање на непослушните европски компании. Со претворањето на доларот во оружје, само ги мотивираа Европјаните да создадат алтернативен платежен систем, што ќе го заобиколи SWIFT (INSTEX) и индиректно, сериозно, го загрозува статусот на доларот, како светска резервна валута.
Брилијантност и далекувидна стратегија од Трамп и неговите имбецили, неспорно.
Не е никакво изненадување што администрацијата на Бајден, мисли дека може да продолжат, таму каде што Обама застана пред скоро 5 години. Американските политички елити имаат изгубено допир со реалност, комплетно се oblivious дека светот е сега многу поразличен од пред 4 години. Плус, многу опасен избор е да се нервираат С. Арабија и нејзините заливски сојузници, кога веќе ја натераа да инвестира толку во политики кои се во интерес на САД. Кинезите промовираат дигитален јуан, во кој ќе инсистираат да се одвива целата билатерална трговија со сите свои трговски партнери.
А во 2021 Кинезите се најголемиот клиент на заливските фосилни горива. Не е ова светот од 70ите години на минатиот век.