Предлог за филм со кратка рецензија

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Ако некој го нема гледано, препорачувам.

Snatch (2000)

A rock-’em sock-’em caper with energy to spare
Филм каков може да го режира само Guy Ritchie - комлициран сплет од приказни кои на интересен начин се испреплетуваат и го задржуваат вашето внимание до самиот крај.



Дејството на филмот се одвива во Лондон, каде приказните на три групи на ликови ќе се поврзат со кражбата на еден многу вреден дијамант. Првата група на ликови е групата со Туркиш (Jason Statham - кој исто така е и наратор) и Томи (Stephen Graham), на кои подоцна ќе им се придружи и боксерот Мики (Brad Pitt), Ирски циган. Првите двајца се вовлекуваат во афера со местење на боксерски натпревари, но работите стануваат лоши кога Мики ќе го претепа Томи, кој треба да се бори во мечот кој ќе биде наместен, па како негова замена доаѓа никој друг туку – Мики. За местењето на мечот се договараат со лудакот Брик Топ (Alan Ford), кому Туркиш му должи пари.



Во исто време, во втората група на ликови, Борис ‘The Blade’ (Rade Serbedzija) се договара со Френки ‘Four fingers’ (Benicio Del Toro) – гангстер, евреин – да вложи пари од него на истиот тој меч, а истовремено се договара со Сол (Lennie James) да организира грабеж на обложувалницата.



Потоа се вкрстува и третата група на ликови, кога Ави (Dennis Farina) пристигнува од Њу Јорк во Лондон го најмува Bullet Tooth Тони (Vinnie Jones) да го најде Френки кога тој ќе исчезне, бидејќи најверојатно тој го носи толку бараниот дијамант.



Сите овие приказни се испреплетуваат во комплексен сплет на настани кој раскажува интересна криминалистичка приказна која добро ќе ве насмее. Одлична актерска екипа, сценарио и режија даваат уште еден одличен филм на Гај Ричи кој треба да го погледнете.

Преземено од filmskirecenzii.com
 
Член од
12 август 2014
Мислења
101
Поени од реакции
173
Fracture


Мистерија, во која успешен иноватор и бизнисмен, кој вооедно е и многу паметнен ке успее да го изманипулира законот, на начин на кој што он сака. Женаму е помладна од него, жена во средни години, но мн атрактивна физички, го вара со згоден, рандом тип. По случакава типов се одлучува на најгруморозниот начин на одмазта.. Филмот е одличен, го препорачувам, од мене има 9тче.
fracture_movie-poster-01.jpg

Mr. Brooks

Исто и ова е мистерија, На лик нормален тип, којшто живее нормален живот. Удобен живот, жена којашто го сака, но сексуално го привлекуваат заљубени двојки на коишто неможе да им одолее, ги следи одреден период и прави план како да ги убие.. Се труди бројот на убиства да е шт е мпжно полмал, но психата не му го дозволува тоа. Животот е океј се додека еден типац не забележи едно убиство. Деми Мур ке спомнам дека е во филмот :D .... Нема да го уништам филмов, доволно е толку погледнете го, исто има 9ка од мене. mr_brooks_ver2.jpg
 
И

Игнориран член

Гостин
Нов сум на темава , па простете ако истиов предлог е постиран од некој друг член предходно . Немав време да ги прелистувам предходните страници.


Old Boy


Филмот се работи за човек кој ќе биде киднапиран и затворен во една соба 20 години . После 20 години без никакво објаснување е пуштен на слобода и покушава да дознае кој стои зад неговото киднапирање и која била причината за истото.
Интересно сценарио кое ќе ви го задржи вниманието во текот
на целиот филм. :)
Филмот е од 2013 година а во главните улоги се Josh Brolin , Elizabeth Olsen и Samuel L. Jackson.
Го препорачувам , од мене 8ка...

 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511

Blood In, Blood Out(1993)
"Bound by Honor" (original title)

...пред да го глеам филмов не знаев ништо за него...

Искочи дека режисерот ги има режирано - An Officer And A Gentleman, Everybody's All-American, Dolores Claiborne, Devil's Advocate, биографскиот за Реј Чарлс...и дека и е сопруг на Хелен Мирен :)...

Искочи дека е неправедно заборавено гето/затворско филмче чија комплексна приказна за одлуките што ги правиме во животот и каде тие не носат, те држи 3 саата (ја препорачувам Director's Cut верзијата која е 10 минути подолга зш во обичната многу добри сцени се изоставени)...

Искочи дека 8-ката на ИМДБ не е за џабе...

''Vatos Locos forever, ese!''
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Gone Girl (2014)

Книгата прочитана, филмот изгледан, можам да правам компарации. Ејми ја нема, е насловот на книгата на одлично преведеното македонско издание на Gone Girl. Кој не ја читал книгата нема да добие многу информации од самите трејлери за што всушност се работи, освен тоа што цела нација е во потрага по исчезнатата “неверојатната Ејми“, додека на мета е ставен нејзиниот сопруг, за кого се верува дека е виновникот за исчезнувањето. Кога ќе го гледате филмот ќе ви стане јасно што всушност станува збор и каква е вистинската Ејми. Искрено книгата и филмот се така направени што нема еден likeable лик, значи сите на некој начин во некој одреден момент ги мразиш. И после прочитаната и книга и после изгледаниот филм јас уште сум wtf е проблемот со писателката што направила ваков мрднат лик!



Филмот е феноменално направен, искрено книгата не ми остави таков длабок впечаток (ваљда дека во филмот повеќе ја сфатив суштината на ликот на Ејми отколку во книгата). Дејвид Финчер препознатлив со неговиот маестрален начин на режија, темни кадри, пропратени со музиката на Трент Разнор. Мислам дека подобро одбрани глумци за секој лик немало одамна во некој филм, Бен Афлек е ист Ник како од книгата, а Ејми, Ејми е слика и прилика, мислам дека Розамунд Пајк ја одигра толку маестрално што може да се понадева на некоја награда, иако лично не верувам дека филмот може да догура до Оскари, како прво верувам приказната не е баш таква, а и глумците не се Оскар материјал, ниту имаше моменти да го дадат својот максимум.

Некои сцени во книгата не ги замислував баш така, и сцените кои беа одиграни во куќата на Нил Патрик Харис (да, Барни од HIMYM, и кој за среќа супер се снајде со улогата). Се на се, јас давам одлична 8-ка, мислам дека и уште пред да почнам да го гледам знаев дека таа оцена ќе ја доделам на филмот затоа што 9 ќе беше многу само ради приказната, која и покрај двете екранизации уште ми дава wtf моменти, и уште ја барам смислата која тешко да ја најдам.

едит: ги заборавив цицињата на Емили Ратајковски :love::love::love::love::love:

За крај моја ранг листа на филмовите на Финчер:

1. The Game 10/10
2. Fight Club 9/10
3. The Curious Case of Benjamin Button 9/10
4. Se7en 9/10
5. The Social Network 9/10
6. Zodiac 8/10
7. Gone Girl 8/10
8. The Girl with the Dragon Tattoo 8/10
9. Panic Room 5/10
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Знаев дека ќе ме претркаат :D

@MyloXyloto Ти фали Alien 3 :D

Ајде и јас за Гоне Гирл (2014) со полоша граматика и пократок опис...и без навидум спојлери како дечково над мене :D

Книгата ја немам читано така да по ПП ќе те прашам пар работи за филмов

На кратко:

Финчер е мајстор за вакви филмови очигледно. Вака спори истражувачки филмови мене искрено не ми се по волја иако очигледно 95% од форумов обожува вакви филмови.
Е сега with that said се сложувам комплетно со се што кажа членот над мене.

И да додадам дека ова за мене е ФЕНОМЕНАЛЕН story telling. Онака како од учебник, начинов на раскажување на приказнава може слободно да се раскажува на идните писатели. Ова нормално се пофалби за писателката (бидејќи претпоставувам начинот на раскажување е сличен и во книгата)

На некои спојлер им беше тоа што Том Круз умира во Edge of Tomorrow, така да во еден вака мистериозен филм што и да кажам може да се смета за спојлер (за разлика од овој горе кој што битни работи спомена, меѓу кои и цицките на Ратајковски :D )

Филмов во глобала не е досаден, нешто што често е проблем со вака спори приказни, и баш кога најмногу си се опуштил во истиот тој ти праќа свртена топка и те соочува со нов проблем за некој од ликовите.

Со право го нарекуваат филмов best-worst date movie ever, бидејќи дефинитивно можам да замислам некои парови како имаат различни гледишта на настаните во филмот и тоа е добра работа.

Имаше пар моменти кои што не ми беа ептен по волј но тоа се најчесто ептееен мали делови кој што се користат за да ја продолжат приказната понатаму, а верувам дека писателката ако се напнала сигурно ќе напишала нешто подобро со оглед на се што се случува во филмов/книгата.

Последните 15 минути слободно можеле да бидат скратени бидеќи не придонесуваат ништо за дејството во филмот освен да те натераат да се надеваш дека нема да има гужва во тоалетот после филмот..ептен долг филм реално.
А последните 15ина минути имаат исто темпо како и првите 15-20 мин. од филмот (не е спојлер за темпото на сцените зборам). За мене филмот врвот го доживеа 15 мин. пред крајот каде што си замислував неколку сценарија како филмов би завршил бидејќи едноставно не бев задоволен од тоа што се случуваше во филмот. Но не поради тоа што филмот беше тапа, туку поради тоа што филмот те поврзува ептен добро со ликовите и едноставно се соживуваш со некои настани во филмот.

Нил Патрик Харис е глумчиште, за жал нема преголема улога во филмов колку што се надевав, ама дефинитивно мило ми е што добил улога во ваков по мејнстрим филм.

Глумата е ок. Розамунд Пајк беше ептен добра во филмов, и ако е спора оскаровскава трка кај жените можеби и би добила номинација (во спортивно се сомневам), Бен Афлек најверојатно нема да добие номинација бидејќи не ми беше нешто WOW, иако си ја изигра улогата перфектно. На пример би го споредил со Џона Хил од Волкот лани. Тоа што се бараше од него го направи перфектно, ама сметам дека ќе има далеку подобри актери во престојниве филмови. Се надевам дека филмов ќе лапне оскар за најдобро адаптирано сценарио, кога веќе ги дискутираме истите.

@Red John Улогава на Афлек уопште не е слична со улогата на Брус Вејн, така да ќе треба да го прегледаш Дердевил уште еднаш за да видиш што можеш да очекуваш од него како Супер херој :D

@Anne. .саундтраков е ептен creepy, и е добар, иако има сцени каде што не бил потребен (ама тоа нема врска со "твојот бенд"), ваљда те интересираше ова :D

Се на се, добар филм, ќе биде ептееен обожуван на на форумов за некој месец според мене. Сега за сега најдобар филм годинава, ама се надевам дека не чекаат подобри филмови.

Чиста 8ца и од мене, ништо повеќе ништо помалце. Добар (y)
 
Член од
12 октомври 2014
Мислења
16
Поени од реакции
28
ORPHAN
Брачен пар кои имаат 2 деца одлучуваат да посвојат девојче поради тоа што го губат бебето кое требало да се роди во абортус.Ја посвојуваат Естер навидум добро воспитано девојче со Руско потекло.Таа вели дека нејзините родители загинале во пожар.Се е во ред со девојчето но кога стигнуваат дома почнуваат проблемите.Со помош на ќерката Макс коешто е глуво ја убива калуѓерката.Следуваат многу проблеми а особено кога на својот поголем брат Макс е се обиде да му каже дека Естер ја убила калугерката .Но Естер ја слуша и си го покажува истинското лице.
Мистерија и трилер со сцени од хорор филм на СИРАК е супер фил али оцена му давам некаде накај 7,9.
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
И додека чекам да излезе добра снимка од Gone Girl за да го погледнам, еве мало потсетување како се прослави Финчер.

Se7en
Gluttony, Greed, Sloth, Envy, Wrath, Pride, Lust
“Se7en” – првото ремек дело на извонредниот David Fincher, кое ќе биде најава за уште неколку подеднакво добри наслови. Во овој филм се разработува приказната за еден сериски убиец, кој ги користи седумте смртни гревови како “метод на работа”. Двајца детективи – ветеран кој е пред пензија, Сомерсет (Morgan Freeman) и младиот и неискусен Милс (Brad Pitt) го прогонуваат овој психотичен, но спектакуларно интелигентен сериски убиец. Но таа потрага ќе ги измени нивните животи…засекогаш.



Дејството се одвива во еден мрачен град, во кој секогаш врне, секогаш е некако темен, морничав. Детективот Вилијам Сомерсет со нетрпение чека да помине уште една недела, па да оди во заслужена пензија. Глумата на Фримен е одлична, можете да почувствувате како тие 32 години во служба натегнале над неговото лице – тој е изморен од се и сака конечно да се повлече. Но, кога во градот ќе се случи едно убиство, случајот ќе му биде доделен на Сомерсет, во тим со Милс, млад и неискусен детектив. Сомерсет не е пресреќен што тој го добива случајот, но сепак го прифаќа, како последен.



Всушност, Милс треба да го замени Сомерсет кога тој ќе отиде во пензија. Милс ќе ја убеди неговата жена да се пресели во градот (Gwyneth Paltrow), за тој да може да се фокусира на случајот. Но, неговиот прв голем случај, а последниот на Сомерсет ќе се испостави дека е нешто многу поголемо од сите очекувања…



После првото убиство, следува и второ… Се работи за сериски убиец, а на секое место на злосторството е испишан еден од смртните гревови (кои жртвите на некој начин ги извршиле). Кога Сомерсет ќе сфати дека овој лудак ги извршува убиствата на тој начин и дека треба да се справат со уште 5 вакви убиства, ќе сака да се откаже од случајот. Но, нешто не му дозволува да го остави случајот и постојано се навраќа на него, со цел да ја види разврската.



А разврската на случајот е повеќе од спектакуларна. Мистеријата се расплетува на начин на кој никогаш не би помислиле. Ова е главната одлика на Финчер која ќе ја видиме и во неговите наредни (трилер) остварувања. Можеби ова е најдобриот филм базиран на приказна за сериски убиец до сега (покрај “The Silence of the Lambs”, секако) и дефинитивно филм кој задолжително треба да го погледнете, ако сеуште го немате гледано. Огромна препорака – 5/5!

Преземено од: filmskirecenzii.com

@MyloXyloto, листата ти е баш на место (не можам да речам за Gone girl, бидејќи сеуште го немам гледано, но по најавата изгледа е на нивото на Zodiac). The Game #1 (y)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
“Тагата и радоста од перспектива на едно мрачно минато на режисерот“

Sorror and Joy (2013)

Мислам дека во мојот случај беше помалку трагично да дознаам дека филмот е базиран на вистински настан, и да биде уште потрагично да му се има случено на режисерот на филмот, отколку целиот филм да го гледав со размислување: Океј, после точно 30 години од настанот режисерот сега конечно собира храброст да направи филм за случката, и колку треба да си способен да се соочиш со целата таа тегоба од минатото, не би можел да го гледам филмот со тоа размислување едноставно би ме одвлекувало, затоа во продолжение нема да ја опишам случката за да ете и вие не бидите дел од тоа болно искуство туку да ја доживеете приказната размислувајќи што ли го натерало младиот брачен пар, поточно понежната страна да се одлучи на таков злокобен момент, посегнувајќи кон она најмилото.

https://www.youtube.com/watch?v=FVcfCHmoCvM

Данските филмови секогаш изненадуваат, т.е свесен сум веќе дека има многу ретко лош филм, па така едноставно гледам без да прочитам ништо за филмот. Ова е годинешниот кандидат за Оскар 2015 од Данска, и мислам дека има шанси да успее да влезе во номинациите, иако не верувам да се прослави како минатогодишниот The Hunt, кој имаше подобра приказна и некако понапнато ги доживуваше приказните. Овде единствената негативна страна ја гледам кон глумецот што го глумеше Јоханес, многу здрвен актер, не верувам дека ликот беше повеќе таков колку што тој сето тоа го интерпретираше. Ликот на Сигне е фантастичен, прекрасно напишан, и многу ми се допадна тоа што се навраќаа на почетоците на нивната врска па се до настанот кој ќе им ги промени животите.

 
Член од
12 август 2014
Мислења
101
Поени од реакции
173
Primal Fear
Филмот е од 1996


images.jpg
Доколку ви се допаднаа претхоните мои предлози и овој е со слична тематика, за љубителите на овој жанр. Го препорачувам и овој трилер, мистериозен и криминалистички филм.

Католички надбискуп ке биде монструозно убиен, а обвинет и под истрага ке биде младо момче коешто работи во црквата. Еден од најпознатите адвокати во државата ке го преземе неговиот случај уверувајки се дека не е тој виновен и ке ги даде сите сили да го докаже тоа. Во текот на истрагата од страна на адвокатот кесе појават повеке лица коишто имаат мотив да го убијат. Кој ли е убиецот?
Доволно е...
Не сакам да го уништам филмот за оние коишто ке одлучат да го гледаат..
 
Последно уредено:
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280


20,000 Days on Earth

Ремек дело.
Се одлучив вака да го почнам постов посветувајќи внимание на ликот и делото на еден од ретките добри музичари кои за среќа на нас фановите уште творат.
Ник Кејв е харизматичен и мистериозен лик, страшно талентиран музичар и еден од најдобрите во создавање на музика. Овде мислам на сите компоненти: музика, текст со приказна и аранжман како финален производ на она што го нарекуваме: е ова е страшно добра песна.
Документарец во кој имаме шанса да навлеземе за прв пат во светот на Ник Кејв.
Фантастичен опис на нештата како се пишуваат сите тие текстови и целата таа креативност која ја носи во музиката. Погледот на животот, светот, перцепција на сите нешта кои се дел од нас, но искажани од Ник Кејв.
Во одредени делови има страшно добри дијалози (со психологот и членовите на бендот), но и доловена е онаа креативност во пеењето при снимање на песните.
Контактот со публиката носи некоја чудна енергија која доведува до ниво на екстаза.
Описот на детството но и раскажување на неговото созревање низ гледањето на богатата архива на фото и видео материјали.
Уживајте, после ова парче ќе имате насмевка но и одговори на многу прашања.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Clouds of Sils Maria (2014)

“Еј, абе Кристен знаела да глуми!“

Така ќе ја почнам рецензијава за филмот кој отидов со надеж малку релаксирање од учење на сред колоквиумска да го изгледам во Синеплекс, а и нели дека можеби денес е последен ден во кино, веќе игра недела дена, а филмовите од Синеманија ревијата краток репертоар имаат после тоа. Прво што ми падна напамет нели откако почна филмот, дојде и средина, се уште не можев да верувам колку и одговара ликот на Кристен во филмот, едноставно како да е напишан за неа, и да ми се допадна во филмот (првиот филм во кој сум под импресиии од неа, се надевам и не последен).... сите тие одлични мимики, па и со самото заминување на нејзиниот лик генијално. Ама дали можеби е тоа затоа што до неа рака под рака во целиот филм ја имаше маестралната Жулиет Бинош, за кој режисерот и сценарист, едноставно како да првен ја одбрал глумицата па потоа врз основа на неа го пишувал ликот! Можеби ради тоа што и самата Жулиет во филмот е глумица, па на некој начин го следиме нејзиниот живот, но улогата беше маестрална, жената го носеше цел филм на товар (нели ако ја отстраниме Кристен која и беше само како поткрепен лик, иако изглуми фантастично). Кристен е во улогата на помошничка на глобално познатата актерка Марија (Жулиет) кои тргаат во неверојатно убавите предели во Силс Марија, мало и хипнотизичарки убаво швајцарско градче, особено кога ќе ја дознаеш приказната која се крие позади насловот на самиот филм “Облаците над Силс Марија“. https://www.youtube.com/watch?v=8TBE-f3KuXc (генијална сцена). Причината не ви е потребна зошто Кристен и Жулиет заминуваат во Швајцарија, сакам да уживате во самиот филм следејќи ги настаните без ни тронка идеја за што всушност станува збор во филмот, како што јас отидов да го гледам само поради генијалната Бинош, и нема да лажам, убавиот постер!

Од почеток до крај. Од возот за Швајцарија па до Лондон. Од Бинош до Кристен.
Фантастично! Би му дал 8.5, ама не располагам со децимали, па ќе си се држам на ниво на имдб - 8/10! Доколку излезе на торент веднаш ќе го објавам, it's a must!

 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Remember, remember, the fifth of November
Од креаторите на “The Matrix” ни доаѓа ново ремек дело во насловот на “V for Vendetta”. “V for Vendetta” е филм кој се спротиставува на режимите, на тоталитарното владеење, на бескорпулозноста на оние кои ги водат државите. “V for Vendetta” е филм кој ќе допре длабоко во Вас, ќе ја разбуди свеста кај секој. “V for Vendetta” е филм за моќта на народот. Дејството е сместено во футуристичка Велика Британија во која владее тоталитарен режим. Луѓето и покрај тоа живеат мирно и не се спротивставуваат. Потребен е некој кој ќе ја подигне нивната свест. Потребен е V.



Кога една млада девојка по име Иви (Natalie Portman) ќе се најде во животна опасност, ќе биде спасена од еден човек во маска. Тој ќе се претстави во голем стил, не откривајќи го својот идентитет, туку се претставува едноставно како V (Hugo Weaving). Секој негов нареден потег ќе биде изведен во голем стил. Неколку мигови откако ќе ја спаси Иви ќе ја покани да и покаже нешто спектакуларно. Кога ќе ја донесе до работ на зградата од каде се пружи одличен поглед на The Old Bailey, зграда на криминалниот суд. Одеднаш почнува да свири 1812 Overture преку звучниците на владата и точно во 12 часот експлодира The Old Bailey, заедно со статуата на “правдата” на нејзинит врв. Секако, тоа е изведено спектакуларно.



После експлозијата се запознаваме со канцеларот Адам Сатлер (John Hurt), кој стравува дека овој, како што го нарекува, терористички акт може да им даде на луѓето повод за бунт. Тој го нарекува V терорист, како и сите други кои би тргнале по неговите стапки. Потоа се запознаваме со Криди (Tim Pigott-Smith), шефот на тајната полиција. И третиот важен лик со кој ќе се запознаеме е Финч (Stephen Rea), влијателен полициски инспектор и долгогодишен член на владеачката партија.



Подоцна повторно се среќаваме со Иви и разбираме дека таа работи во новинарска агенција, спонзорирана од владата. Истата таа агенција добива пакет со маски на Guy Fawkes (главниот член во заговорот за уништување на Куќата на Лордовите, во 1605. Иста таква маска носи и V). Тогаш се појавува V, превзема контрола врз главната соба за пренос и пушта во етер претходно снимена касета на која тој го повикува народот на Британија да го следи и да се кренат во бунт против владата. При неговото излегување настанува мешаница во која ќе бидат убиени многу стражари, Иви ќе му го врати долгот, но ќе биде онесвестена, па тој ќе биде приморан да ја земе со себе и да исчезне.



Сценариото е одлично, секоја минута од филмот е исполнета со интензивно дејство и носи порака со себе, па затоа тука ќе застанам со раскажување на настаните. Филмот е снимет по новелата на David Lloyd и носи силна порака во себе. Има безброј цитати за паметење во овој филм, безброј цитати кои ќе допрат до вас и ќе се врежат во вашата меморија. Скоро секој збор на V има посебно значење и носи многу силна порака. Неговиот стил е уникатен, Hugo Weaving одлично ја врши својата работа. А позадината на целата приказна е неверојатно добро осмислена. Еден од најдобритRemе филмови кои ги имам гледано, барем за мој вкус. “V for Vendetta” е ремек дело кое задолжително треба да го погледнете.

Преземено од filmskirecenzii.com
 

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
Let's Be Cops (2014) - Интересна комедија, со Damon Wayans и Jake M. Johnson се започнува
од една забава, маскенбал, се облекуваат во полициска униформа и на пат за забавата
сите луѓе шо ги видоа помислиа дека они уствари и се полицајци. И така им текнало да ја
продолжат играта, да продолжат да глумат дека се полицајци и сл. Вреди да се погледа.

John Doe: Vigilante (2014) - Трилер исто така многу интересен. Обичен човек, разочаран
од правниот систем што ги пушта криминалците на улица, мисли дека дојде време да ја
земе правдата во свои раце и тој почнува да ги убива. Крајот ми е ВРВ! :)

Perfect Sisters (2014) - Во никој случај досаден филм. Двете сестри уморни од нивната
мајка, алкохоличарка и нејзините љубовници, почнуваат да размислуваат за нејзино убиство.
Сега за сега, погледајте ги овие, ако ви се добри и интересни, ќе ви препорачам уште имам :D
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.467
Поени од реакции
4.622
Boyhood



Нова драма од 2014 година која се работи за животот на Мејсон од неговата 5 година па се до 18тата. Тој е син на самохрана мајка и има постара сестра Саманта, неговата мајка решава да ги продолжи своите студии на факултет така што се преселуваат во Хјустон.

Нема шо да се тупи со долга рецензија и на самата страна на имдб пишани се само 5 збора. Топло го препорачувам филмчево на секој кој е љубител на драми.

И да кажам дека филмот е 12 годишен проект.

Рејтинг на имдб има 8.7 сосема заслужен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom