Предлог за филм со кратка рецензија

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
www.imdb.com_The Girl with the Dragon Tattoo Poster_MV5BMTc2Mjc0MDg3MV5BMl5BanBnXkFtZTcwMjUzMDkx.jpg

The Girl with the Dragon Tattoo - Воодушевувачка крими мистерија од Шведска! Млада наследничка изчезнува без трага и глас од домот во кој растела. Нејзиниот чичко, 40 години подоцна сеуште трага по неа. Бара помош од еден новинар кој е осуден за клевета. Стариот се сомнева дека некој од неговите роднини ја убил внука му, кои заедно водат голема корпорација. За новинарот е тешко да открие нешто во случај стар 40 година, но му помага Девојката со тетоважа на змеј, која е компјутерски хакер.

Филмот е прв дел од трилогијата Милениум. Трае повеќе од два часа и е на шведски јазик. Ама многу забавни и напнати два часа. Покрај главната приказна, има две споредни дејствиja, кои ги следат двата главни лика. Одвај чекам да ги гледам другите два дела. :vozbud:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Enter the Void (2009)

(пошо морам 2-3 реченици да напишам, иако не сум добар во опишувањето на филмови,али правила се правила..)

Значи многу моќен филм и еден од најдолгите што сум ги гледал..Накратко незнам би им го препорачал на сите трипери :smir: и на оние што се интересираат во астрална проекција (иако ова што се случува во филмот не е астрална проекција, сепак астралот ми е најслично нешо со што би го споредил.) Значи предобри ефекти и камерата е во прво лице со што се осеќаш како дел од филмот. Тоа е тоа,еден доста добар филм :smir:
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Ахе епа дојде ред и јас да изгледам едно хорорче и тоа ни помалку ни повеќе туку 3д цртанчич, скриената порака колку што можев да разберам беше да не бараме повеќе од тоа што го имаме,сакала камилата рогови но останала без уши, особено децата, зашто филмов беше демек наменет за плашење деца :) и девојчево као не беше задоволно од своите реал родители па се пронајде во магичната куќа за да може да си ја оствари фантазијата и преку мала вратичка во зидот на 150 годишната стара куќа, да се најде во имагинарен свет каде се е совршено и нејзините родители и светот во кој што живее .............иако нереален тој мистериозен свет крие многу скриени опасности и слагалки што таа треба да ги склопи заедно за да се извлече од тој имагинарен свет, во кој што ќе навлезе .......а со себе ќе ги повлече и своите вистински родители преку куклите со копчиња наместо очи:).............. кои што потоа ќе има задача да ги ослободи пред да биде прекасно,и пред лошата вештерка да успее да и сошие и нејзе очи со што засекогаш ќе ја окова во тој мрачен свет....... претставена е ограничената инстинктивна природа на човекот споредено со онаа на животните, и како тие имаат поразвиено шесто чуло зашто и треба да се слушаат понекогаш но само доколку би знаеле да зборуваат:) како што тоа добро го умееја во имагинарниот свет на Коралин:)особено мачорот без чија помош немаше да успее да ги пронајде очите на децатакукли(со копчиња) чии души требаше да ги ослободи тоа е тоа накратко што се однесува до сценариото да не навлегувам во детаљи, а ефектите се исто феноменални.......... оценка 9 од 10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.401
Поени од реакции
6.021
Following
Незнам зошто мислев дека Insomnia и Following ми се 2та филма кои се режирани од Нолан а ги немам гледано,но се излажав,од кога го спуштив Insomnia ,видов дека го имам одамна гледано на некоја од нашиве телевизии ,а истиот случај бил и со Following(кога го гледав појма немав дека е режиран од Нолан)
Но откако увидов дека ми е веќе гледан поради неговото кратко време траење
решив уште еднаш да го погледнам.И се разбира се подсетив на уште едно ремек дело кое за жал е малце подзаборавено.
Филмот трае 69 мин,актерите се прилично unknown и на некои од нив Following им е единствениот филм на кој работеле,но тоа незначи дена глумат просечно,напротив се одлични.
Филмчето има прилично интересен тек,нема да ве замори додека го гледате а и поради времетраењето и тензијата не дозволува да има моменти во кои ке ви избега фокусот од филмот.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Fun with Dick and Jane
Случајно го загледав филмов на една од нашиве телевизии денеска. Најмногу поради Џим Кери седнав да го гледам и фала богу не разочара.
Дик Харпер има се во животот. Убава жена, дете, работа каде што добива ќе биде унапреден во потпретседател. Но сето тоа ќе се распадне кога фирмата во која што работи Дик пропадне.
Тогаш Дик ќе се реши да стане криминалец за да преживее и да го одржи семејството. во сето тоа ќе му помага неговата жена. За време тоа ќе се случуваат многу комични ситуации:)
Не е некоја којзнае колку јака комедија, ама за да имаш што да правиш саат и пол доста добро филмче е:) Плус Џим Кери тешко дека некогаш разочарал.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087

http://www.imdb.com/title/tt0403759/
Empire
После смртта на Цезар,Антониј сака да го заземе тронот и да го убие Октавијан.Октавијан е во бегство,а еден гладијатор ќе го брани и ќе му помогне да го заземе тронот.Стварно добар филм. :)
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Песјак/Dogtooth


И, како што очекував доби номинација за Оскар.
Филмот е генијален, замислете си го The Truman Show на кокаин, со повулгарен хумор и уште побизарен.
Истренирајте го желудникот пред да го гледате филмот. Поради експлицитноста, горчината и тежината на одредени сцени препорачувам да не го гледаат малолетни лица!
Другите на кои ви е смачено од се едни па исти филмови со веќе видена приказна и сте подготвени за нешто ново можеби апсурдно можеби генијално, гледајте го филмов.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.754
Let Me In (2010)


Конечно го изгледав филмов и не ме разочара како што очекував. Сосема пристоен римејк на оригиналот подолу, за кој кога ќе размислам подобро, со 8/10 сум го потценил.

Let the Right One In (2008)



Кој го препорача да се јави да го честам зелено, пошто не можам да го најдам постот кај беше. Баш ми се гледаше нешто „нестандардно“ и го изгледав овој шведски филм кој ме изненади пријатно. На IMDB е означен како drama/fantasy/mystery ама сепак тука фали и едно horror.

Оскар е 12 годишно дете на кое не му посветуваат доволно внимание дома а во школо е постојано малтретиран од неговите соученици. Ова ќе се смени кога во неговата зграда ќе се всели Ели, 12 годишно девојче со кое станува пријател. За содржината нема да пишувам повеќе а не препорачувам ни влез на IMDB затоа што е подобро да не знаете никакви детали и да ве изненадат некои сцени.

Ме изненади начинот на кој е направен овој филм кој цело време е во ладна атмосфера во која единствена топлина внесуваат емоциите на главните актери. Ефектите се одлични а филмот не е налик на холивудските хорори пред се затоа што има побавни сцени со кои се доловува тензијата (карактеристично пак за постарите хорори).

Да кажам уште и дека филмот е на шведски јазик а можете да го симнете оригиналот или пак синхронизирана верзија на англиски. Јас го гледав оригиналот со англиски превод, затоа што во коментарите пишуваше дека англиската синхронизација е многу лоша.

Филмот има освоено 60 награди и уште 17 номинации на фестивали.

8/10 и препорака.
Значи, ова е повеќе споредба отколку рецензија.

Режисерот на Cloverfield си земал за задача да направи холивудски римејк на филм стар две години кој во Америка ретко кој го гледал. Признавам дека е тешко да се гледа филм во кој знаеш што ќе се случи во секоја сцена и затоа можеби на оние кои не го гледале оригиналот овој филм повеќе ќе им се допадне од мене. Малку ми е тешко да дадам повисоко мислење за филмот затоа што скоро во секоја сцена правев споредби, и овој филм од хорор-аспект е полош во сите хорор сцени:

- Сцената во паркот
- Сцената во тунелот
- Сцените со качувањето по болницата и скокот од високо врз девојката (посебно втората)
- Сцената со горењето на девојката
- Сцената во базенот...

Едноставно, во хорор елементите шведскиот филм е далеку подобар. Третата сцена во наведените ме остави без здив за краток момент во шведскиот, додека во овој беше обичен предвидлив напад со скок од 2 метри. Шведскиот филм е понапнат, поладен, морничав. Доминира белата боја, зима, студено... Ликовите зборуваат помалку а тишината помеѓу дијалозите е подолга, што додава тензија. Во римејкот, доминира жолтата боја навечер, со премногу жолти светла кои даваат чувство на топлина и го намалуваат стравот. Ова е од причина што римејкот ги има запоставено хорор сцените и акцентот го има ставено на емоциите и романсата. За да не биде само критика, можам да кажам дека оваа платонска љубов на децата во филмот е далеку подобра од лигавењето во Twilight, во случај да се плашите да не ве спопадне такво нешто.

Многу дијалози се исти. Се потрудиле и локациите на кои се снимани некои сцени да изгледаат исто. Девојчето наместо со кратки ракави оди боса по снегот, нешто што не им требало во филмов, исто како и трансформацијата. Главните ликови се ОК, добар избор. Она што ми се допадна во римејкот е музиката, одлична е! Во последно време хорор филмовите немаат добра музика.

Значи се на се, можам да кажам дека ова е фантазија/хорор кој можеби нема да ве уплаши премногу но од аспект на содржина и приказна треба да го погледнете. Јас сепак би го препорачал шведскиот филм, и тоа да се симне несинхронизирана верзија и да се гледа со превод. Тоа сигурно ќе ви го расипе впечатокот за овој филм. Ме интересира мислењето на оние кои ќе го гледаат римејкот а не го гледале шведскиот филм.

Штом ќе го погледнат повеќе луѓе ќе го ставам во темата без спојлери зошто се убив од заобиколување :)
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
hide-and-seek-movie-review.jpg

Hide and Seek (2005)

Жанр: Трилер, хорор, мистерија.
Поради загубата на љубената сопруга и мајка, вдовецот Дејвид и неговата ќерка Емили со намера да започнат нов живот и да закрепнат од стариот се отселуваат во помирна околина. Дејвид е психолог кој се обидува да и‘ помогне на својата ќерка да ја помине остварената траума за да може да го живее своето детство како и секое нормално дете. Но Емили е тотално асоцијална, која се дружи со своето имагинарно пријателче Чарли. Гаејќи го тоа пријателство, Емили почнува да го загрижува татко си со своите неочекувани и застрашувачки навики за едно мало девојче, со нивната омилена игра ‘Криенка‘.

Одличен мајндфак и скроз неочекуван крај.
Оцена: 8/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.754
Goodbye Lenin! (2003)

GoodbyeLenin.jpg

Кристиане Кернер доживува инфаркт непосредно пред падот на Берлинскиот ѕид, и паѓа во кома која трае цели осум месеци. Години порано, нејзиниот сопруг пребегнува во западна Германија по што Кристиане завршува во болница, а емотивната празнина ја пополнува со активизам за својата сакана земја во која верува. Откако ќе се разбуди од кома, докторите велат дека нејзината состојба не е стабилна и секакво вознемирување може да и го загрози животот. Така, нејзиниот син Алекс, прави неверојатни напори да скрие од неа дека ѕидот е паднат и дека се е променето, за да ја одржи во живот...

Овој германски филм е приказна за љубовта кон семејството а истовремено претставува и навраќање на падот на еден систем и подемот на друг. Мислев дека ќе заземе страна, дека ќе го исмева едниот систем и ќе го величи другиот, но за среќа не беше така, филмот најде начин да ги исмее апсурдите во двата системи. Филмот е исполнет со хумор кој е тежок и не е за секого, мислам дека е еден од посмешните тажни филмови кои сум ги гледал.

8.5/10
 
T

Tetro

Гостин
The Shawshank Redemption (2004)
Драма



Филм на Френк Дарабонт, приказната е на Стивен Кинг :cuc: Во главните улоги се појавуваат Тим Робинс и Морган Фримен.

Во филмот е прикажана приказната за Енди Дуфрејн, банкар кој е затворен во државниот затвор во "Shawshank" за убиство на неговата сопруга и нејзиниот љубовник. Ја отслужува својата казна во затворот, и на тој начин се спријателува со затворениците, како најдобар пријател ќе го има Елис Бојд Рединг (Ред). Енди се наоѓа себеси заштитен од страна на стражарите, откако еден од главните чувари ќе го послуша и ќе најде начин како да заработува од неговите совети. Дознајте зошто фолмов стои со најголема оценка на imdb веќе подолго време. :)

Препорака за сите кои го немате гледано.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Horseman - 2009-ta Рејтинг според ИМБД (5,6 од 10)

Трилер приказна која има висока динамика и ќе го одземи вашето внимание до крајот на филмот. Не сакам да давам содржина на трилер но ако ви се допаднал култниот 7 со Морган Фримен и Бред Пит само ќе кажам дека филмот обработува слична тема.(Ритуални убиства инспирирани од библијата)
Не очекувајте дека ќе биде слично филмско дело со таков квалитет како 7 со толкав заплет и уште подобар расплет но сепак вреди да му се даде шанса ако сте љубители на трилери
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.498
Поени од реакции
80.564
http://www.imdb.com/title/tt0107659/ Loaded Weapon.Значи филмов е пародија на повеќе филмови (Die Hard, Rambo, lethal Weapon) и не е како денешните "пародии" што едвај ќе ве насмеат ( Epic Movie ).Малце е постаро филмчево од 1993 но сигурно ќе ве насмее.Филмот е со Емилио Естевез и Семјуел Л. Џексон, a се појавуваат и други легендарни фаци.

Еве го и трејлерот
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ги наредив од убав кон најубав :) Првите два ми се на исто ниво.

Devil


Whodunit. Мене ми се омилени whodunit филмчиња/книги.
Петмина луѓе се заглавуваат во лифт и почнуваат да се дешаваат чудни работи. Наскоро ќе почнат да умираат еден по еден. Во актерската екипа има уште и детективи и чувари на зградата.
За оние кои не го гледале филмов, немојте да читате било што на имдб, има спојлерчиња. Не е филмов некој хорор што ќе ве извади од памет али цело време ќе ве држи напнати. Тензичен, клаустрофобичен филм. На оние кои уживаат во трилери дефинитивно ќе им се допадне. 7.5/10



Buried


Ја знаете сите приказната. Сцената со змијата ме наежи максимално. Јас сакам филмови кои се дешаваат во една соба и се со малце карактери. Овој беше баш таков. Добар е филмов али не ми е омилен. Ми се бендиса али ништо повеќе од тоа. Уствари не ми беше ништо посебно, се до крајот. Има феноменален крај. Да завршеше било како поинаку немаше да ми се допадне. 7.5/10
На имдб гледам има многу единици. Луѓево немаат вкус.



Следниве два филма се must see!!!

Sleuth (1972)


Припаѓа во топ 250 на имдб. Глумат Мајкл Кејн и Лоренс Оливие и и двајцата се номинирани за Оскар за најдобра машка улога за овој филм. What more can you wish?
Значи почетокот на филмот е совршен. Ќе го ставам во спојлер за да не ме караат модераторите, иако мислам дека не е за во спојлер.
Мајкл Кејн оди дома кај Лоренс Оливие, кој е опседнат со мистерии, загатки... (Човекот во вецето на ѕидот има крстозбор.) Лоренс му вика на Мајкл дека знае дека жена му се швалерисува со него и му вели дека и тој има љубовница и дека сака да се разведат, но му предлага на Мајкл да украде накиот од кај него, за овој да може да земе пари од осигурување. Му го кажува сефот, пасфордот, се тоа. Мајкл Кејн се согласува, истиот час провалува во куќата, но Лоренс го чека со пиштол и му вели дека ќе го убие и ќе им каже на цајканите дека мислел дека убил крадец. Тука сцената прекинува и почнува следната. Лоренс Оливие јаде и некој ѕвони на вратата.. Тоа е полициски инспектор кој дошол да испраша за исчезнатиот Мајкл Кејн. Но, Лоренс Оливие ја раскажува горната случка и вели дека откога Мајкл Кејн почнал да плаче мислејјќи дека ќе биде убиен, тој го спуштил пиштолот велејќи дека се зеза.
Ова е само почетокот на филмот.
Филмов е заплет до заплет. Таман мислиш едно нешто, сфаќаш дека се дешава нешто сосема друго. Чиста десетка.
Направен е римејк, со Џуд Ло и со Мајкл Кејн, но Мајкл Кејн сега ја има улогата на мажот, а не на љубовникот.



The last of Sheila


За љубителите на делото на Агата Кристи. Совршен филм. Whodunit. Не знам како да го нафалам филмов, претерано е убав. На имдб има помалце од 2.000 гласови, а превод нема шанси да најдете балкански.
Шила е убиена во hit-and-run несреќа. Година дена подоцна, нејзиниот богат сопруг ќе покани група нејзини пријатели да поминат една недела на неговата јахта. Таму им вели дека ќе играат игра во која секој од гостите ќе добие ливче со некоја лоша особина. Меѓу ливчињата има затвореник, педофил, хомосексуалец итн. Играта е ваква: домаќинот секој ден ќе им каже на гостите, пример денеска го бараме хомосексуалецот и овие треба да откријат кој го има соодветното ливче. Заплетот настанува кога ќе се открие дека секој од гостите навистина поседува по една од особините на ливчињата, но не особината од ливчето кое го има. А на едно од ливчето пишува a hit and run killer.
На кој стигнав му го препорачав филмов, ептен е убав. 100000/10
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
A Prophet



Во филмот се раскажува еден малку поинаков живот на еден 19годишен тинејџер. Приказна за еден навидум наивен дечко кој за да остане жив во затворот почнува прави секаков криминал. Навистина една одлична приказна која е опишана до детали. Ми беше задоволство да го гледам филмот иако прилично е долг воопшто не е досаден. Филмот е доказ дека и со не познати и докажани актери/ки може да се направи еден голем филм. Заслужува да се погледне 10/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom