Предлог за серии и кратки рецензии

Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.302
Поени од реакции
19.651
Marco Polo



Марко Поло, серија именувана по легендарниот трговец и авантурист Марко Поло, серија со интересен заплет, егзотични сцени, кореографија и костими. Серијата не се фокусира само на Марко Поло, туку преку него ги гледаме Кублај Кан, неговите достигнувања, наследство, неговата империја, култура и начин на живеење и самиот Кан е доста добар антагонист/антихерој. Дали е историски точна, веројатно не но и самите пишувања на Поло во најголем дел се сметаат за фикција од страна на историчатите така да не прави некоја разлика.

Штета што ја прекинаа, има две сезони, третата беше откажана.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139


Нова серија има четири епизоди излезено до сега со легендарните Стив Мартин и Мартин Шорт и шармантната Селена Гомез.
Ликовите на овие тројца се обидуваат да решат убиство што се случи во зградата каде што живеат.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.648
Поени од реакции
1.538
Има нова серија Y The Last Man на Хулу, сега за сега се чини интересна има 3 епизоди достапни, била според некој стрип, но не сум го читал и делува свежо, не знам колку верно го прати стрипот пошто не сакам да си направам спојлер.
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.638
Поени од реакции
2.604
Squid game (2021) - ПРВА КОРЕЈСКА СЕРИЈА ВО ТОП 10 НА НЕТФЛИКС !
И да знам дека насловов ми е бетер телешоп ко што заведува муштерии, но серијава е предобра. Буквално ја завршив пред пола саат и уште не сум дошол при себе скроз. Се работи за поврзаност на децки игри во Кореја кој ќе ги играат возрасни луѓе.. но тука е финтата, тие се во затворен простор и играат за премногу пари..456 играчи и 45.6 милијарди награда Играчите играат пошто се у големи долгови. Играчите се чувани од посебни чувари у маски и да не продолжувам со пишување зашто сигурно ќе испуштам хинт.. гледајте го линков - https://youtu.be/oqxAJKy0ii4
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Odgledav 2 sezoni od "A million little things. Mnogu patetichno, melodramatika tipichno SJW woke kultura.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
Maid 2021

Мини серија и засега има само 10тина епизоди. Само што ја завршив, ја почнав од досада што немам веќе што да гледам. Серијата пријатно ме изненади и е доста добра. Се работи за млада мајка која е малтретирана и пробува да го напушти домот со малата ќеркичка. Следните 10 епизоди се борба за живот, жртвување и барање излез од целата ситуација.
Не очекував волку добра сеија да бидам искрен. Дури сега проверив дека на имдб има 8.6 рејтинг, а на LB e 4.4.

Топла препорака.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.594
Поени од реакции
18.009
Electric Dreams - антологискo sci-fi тв шоу од 10 епизоди базирано на новелите на Филип К. Дик, кое е маст воч за секој sci-fi вљубеник. Дали шоуто е воопшто уникатно или иновативно? Не би рекол. Концептите и приказните веројатно сте ги виделе веќе во некои филмови или други шоуа ко на пример Invasion of body snatchers и сл. Ова шоу доста потсетува на Black Mirror, би рекол дека е ова одговор на Амазон кон Нетфликс, дури и би додал дека некои од епизодите можат да поминат како епизоди на Блек Мирор, додека останатите се покласичен сај фај. Во однос на епизодите би рекол дека некои од епизодите се со филмски квалитет, додека некои изгледаат аматерски пошто имале ограничување во поглед на буџет. Филмскиот каст е ѕвезден, Брајан Кренстон и Стив Бушеми пред се, па и останатите кои сигурно би ги препознале, но не ги знаете по име да речеме. Најомилени епизоди: The commuter и Real Life. 6.5 - 7.0 од 10

Tales from the Loop - еве едно неконвенционално сај фај тв шоу. Би го карактеризирал ко неконвенционално затоа што ако очекувате нешто класично со вау cgi и многу акција, не е тоа. Дејствието се одвива доста бавно, фокусот е на личностите, каков неверојатен character development има и фактички тоа е тоа што те држи залепен да продолжиш да го гледаш. Не дека необични направи, роботи и необјасниви феномени не постојат. Тие се таму, но шоуто не пробува да ти ги објасни, оставено е се на твоја интерпретација. Дејствието се одвива во мало гратче, веројатно некаде во 80 ти години, така што ова е ретро сај фај, со ретро гаџети кои човештвото никогаш не ги пронашло, што дополнително му дава некој шмек на уникатност. Исто така, ова е едно од ретките шоуа кое што не шири woke пропаганда.
Значи во шоуто имате средовечен белец кој работи напорно за да го извади своето семејство од сиромаштија и во исто време да ги реши проблемите во бракот, имате жени кои што вараат и изведуваат и се криви за пропаѓањето на врската/бракот, имате и геј црнец (еден и единствен во шоуто :icon_lol: ) кој е портир во фабрика. Креаторот на шоуто сигурно бил обвинет за стигматизација за таа епизода.
Плус одлична работа со камера и доста убедлива глума. Самиот начин на одвивање на дејствието е интересен, една приказна е и е составена од повеќе подприказни кои се надоврзуваат една на друга. 8.0 - 8.5 од 10.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
The Chestnut Man

Грозоморно убиство, оставена интересна трага и ловење на убиецот. Толку можам да кажам.
Почнав да ја гледам од досада додека лежев во болница и пријатно ме изненади. Им ја препорачувам на тие што сакаат да гледаат крими детективска мистерија низ чие гледање ќе фрлате еден тон теории и ваши прогнози за крајот. Серијава се гледа за приказната и голицкање на љубопитноста, не барајте некоја посебна глума, саундтрак или штотијазнам друго. Во секој случај вреди да се бинџа. За уште подобро искуство, гледајте ја во доцните ноќни часови.
 
Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763

Излезе првата епизода од Tulsa King на Taylor Sheridan со Силвестер Сталоне во главната улога кој глуми old school New York gangster кој штотуку ја заврши казната затвор од 25 години.По ослободувањето мафијата го испраќа во Тулса, Оклахома за да воспостави криминална организација таму. Не познавајќи никого во областа Сталоне бара нова екипа која ќе помогне во воспоставувањето на неговата империја.
Феноменална прва епизода која навестува дека ова ќе биде одлична серија.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Малку нескромно ама се сметам за себеси еден од најголемите гледачи на серии тука, најголем :icon_lol:.


За овие две децении имам две серии кои што мислам дека вреди да им се посвети внимание. Двете се научна фантастика, алтернативна реалност, патување низ времето и човечка психологија. Врв на врвот:

1. Counterpart.


2. The Lazarus Project.



Првата има две сезони кои што се крај на серијалот, а втората има една сезона сега за сега во иднина со план плус уште една. Не би давал субјективно мое мислење тоа секој за себе, ама стварно се Mindfuck од серии.
 
Член од
27 јуни 2023
Мислења
219
Поени од реакции
600

Излезени се две епизоди од новата серија Justified: City Primeval која е продолжение на одличната Justified,дејствието се случува 15 години од завршувањето на оригиналната серија.Timothy Olyphant повторно во улогата на bad ass US Marshal Raylan Givens.
Ме воодушеви што и новава серија има одличен негативец во Boyd Holbrook кој одлично ги потполнува чевлите на Walton Goggins и неговиот лик во оригиналната серија Boyd Crowder.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.094
Поени од реакции
16.291

Излезени се две епизоди од новата серија Justified: City Primeval која е продолжение на одличната Justified,дејствието се случува 15 години од завршувањето на оригиналната серија.Timothy Olyphant повторно во улогата на bad ass US Marshal Raylan Givens.
Ме воодушеви што и новава серија има одличен негативец во Boyd Holbrook кој одлично ги потполнува чевлите на Walton Goggins и неговиот лик во оригиналната серија Boyd Crowder.
Вреди да ја почнам?

Старата беше маестрална
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.094
Поени од реакции
16.291
Ја гледав ок е но го нема вајбот од предходната серија,се извадија малку со крајот.
Ја изглдав. Очекував финале некое со пуканка добра. Знам дека е стар Олифант ама пак бе...

Овај касета вадеше од џеб и го прашва на крај ко невино дете 'Оти ме уби?' А пред 2 дрна со ќерка му му се закани и масакар напрај на околу :eek: :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom