Здраво
Ми се поплави станот пред 1 месец од следнава ситуација.
Се наоѓам во зграда на втор спрат, комшијата над мене (трет спрат) кој живее во Италија и тука е само на лето му пукнала цефката за вода, но пукнал делот пред главниот водомер т.е. тоа би било делот од ВОДОВОД (според мене), и тој ја имал исклучено водата пред да заминува надвод од Македонија. Кај мене штетата е голема (од причина што станот е празен), од 5 соби, 4 се поплавени т.е. зидовите се многу водени и слабо се сушат на ладново време. Од тие 4 соби, 2 се скоро целосно водени. Кај комшијата над мене само WC-то е поплавено затоа што таму пукнала цефката.
Е сега прашањето ми е, дали можам да го тужам комшијата за штетата кај мене (според мене тешко, но затоа тука прашувам) доколку не сака да се договориме некако, или дали можеме двајцата да го тужиме ВОДОВОД (па тоа уште потешко според мене, зашто со државно нема излегување на крај), или ништо од наведеното?
Секој совет е добредојден