Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Што е композиција? За да одговориме на ова, треба прво да се запознаеме со плановите (или кадри). Кога се фотографира, се фотографира според план, а плановите се точно дефинирани во фотографијата (и во филмската индустрија) и од кои нема отстапки. Какви планови постојат?
- тотал (максимално широк агол на објективот). На пример, ако влезете во театар, се што гледа вашиот објектив (сите елементи на композицијата) кој е максимално собран и со најширок агол би било тотал.
- укроен тотал - ако го стесниме аголот на објективот (или народски кажано пукнеме со зум) на пример до бината (како предмет на интерес во композицијата), тогаш имаме укроен тотал.
- фигура би било кога едниот од актерите би го фатиле од пета до глава.
- америкен - интересното кај овој план е што почнал да се практикува во времето на вестерн филмовите поради проблемот со висината на Џон Вејн кој бил грамада од човек и пиштолот кој бил обесен и висел од половината надоле, а морал да биде фатен во кадар. Им текнало да измислат нов кадар кој го опфаќа елементот на композицијата неколку прсти од колениците па нагоре.
- средина - самото име кажува, од половина нагоре.
- биста - од гради нагоре.
- глава - обично се оставаат неколку прсти под брадата.
- детал - кога од различни причини сакаме да прикажеме дел од елементот на композицијата. На пример, Џон Вејн се фаќа за пиштолот (дел од раката и дел од пиштолот, кај што се спојуваат), Џон Вејн е нервозен (во план ја фаќаме само устата која е стегната и напната).
Ви помогна и ви разјасни барем малку? Ако да, мило ми е. Погледнете некој филм (холивудски препорачливо) и ќе видите колку се прецизни во плановите до милиметар. Нема отстапки, секој кадар е по план.
Ќе поставам и фотографии за да се доразјасни. Прашувајте слободно, ќе ја надополнуваме темава.