Последен поздрав до нашите стари пријатели

Член од
16 септември 2008
Мислења
45
Поени од реакции
0
Последен поздрав до моето кученце.
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.398
Поени од реакции
1.825
Најубавата мачка на универзумот ја нема веќе 2 месеци ...



Веројатно не е повеќе на овој свет.
Мац ... кај и да си, се надевам дека зимава ќе ти биде топло како што ти беше и до сега.
Задржав едно од последниот пород ... личи многу на мајкаи.
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
110
Поени од реакции
1
Имав порано Германски Боксер и многу го сакав, али многу беше бесен и моите неможеа да го трпат веќе, и додека бев ја во школо они го однесле во село кај некои пријатели таму да седи.
Кога се вратив од школо таткоми ми кажа дека го однесле у село и 3 дена го молев да го врати и на крај се смилува и отидовме да го земеме но залудно, него го удавиле некои кучиња, а искрено во тоа не верувам, мислам дека тоа беше измислена приказна за да не го земеме повторно.
 
Член од
16 декември 2007
Мислења
89
Поени од реакции
0
Имав Хаска и премногу ја сакав.
И еден ден отидовме јас и Гоа (така се викаше) до продавница нешто да купам и ја оставив пред продавница да чека, и влегов во продавницатаи си купив тоа што ми требаше, и кога искочив надвор гледам нигде ја нема.
И почнав да свиркам и да ја барам и една жена ми кажа дека додека јас сум бил во продавница, некој човек ја пикнал во кола и си заминал.
И ја барав насекаде, ама за жал не ја најдов.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.829
Поени од реакции
2.092
Последен поздрав до моето најмило кученце Берта, кое што го чував прекрасни 13 години за да се најде некој ретардиран идиот и пред три дена да ми го отруе.
Сеуште не можам да поверувам дека никогаш повеке нема да ја видам (каде ли ќе им иде душата на овие луѓе).
Никогаш нема да те заборавам, засекогаш ќе бидеш во моето срце ...
Почивај во мир убавице моја.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Последен поздрав до сите мои миленичиња.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Последен поздрав до мојата зајачица Мила (2008-2010).
Минавме прекрасни моменти овие две години. Рест ин пис...

 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Последен поздрав до мачињата:

Мице
Ѓуро
Кравица
Сивкач
Епса алијас Наоми
Шекспир
Буби
Сивкач јуниор

Кутрето Доли
Папагалите Кико и Кика
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Поздрав до дебелиот убавец, мачорот Марко, грациозната загарка Берта, загарот Ронци кој иако беше катил куче сепак го сакавме, двете мои најубави мачки Маца 1 и Маца 2 ...
И најголем поздрав до црното пудличе Беа! Ве сакам сите!
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ах,Мими,ах љубов моја,зошто мораше вака да ме повредиш.
Се сеќавам дента кога те купив,15 ноември,три дена пред мојот роденден.Тој ден требаше да играм фудбал,ама се откажа натпреварот
Кога те видов,едноставно се заљубив во тебе,и реков - тоа папагалче ќе го земам.
Се сеќавам,цел пат во автобус на секој 2 минути гледав дали дишеш,дали се движиш низ кутијата.
Се сеќавам,секојдневно ти ја менував хартијата,погоди зошто?Од што те сакав премногу.
Се сеќавам,кога прв пат ми слета на рака,ми беше најсреќниот момент во мојот живот.
Се сеќавам,кога се повреди на окцето,кое плачање сум го удрил тогаш,кое неспиење го имав вечерта.
Се сеќавам,кога се превртуваше во кафезот,само да те дружиме,само да ти правиме муабет,па кога ќе ме погледнеше со тие жални очиња,да те пуштам,душава ми се кинеше,па те пуштав,па макар и на миг.
Се сеќавам,кога те видов легната на дното од кафезот,срцето ми се скрши,едноставно ми се стемни пред очи.

Почивај во мир легендо,никогаш нема да бидеш заборавена.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Жолтка,Мацко,Мацка те викавме секако.
Кога те видов на сликите,само кога имаше една недела,веднаш се заљубив во тебе,а не во твојот брат.Ти беше лудо маче кое не знаеше за да застане со игра,со лудување,застануваше само за јадење,и за спиење.Кога дојде во мојот дом,кога плачеше по мама и по бато,и јас со тебе заедно плачев,но тоа траеше кратко,бидејќи ти веднаш го покажа своето право лице,почна да дивееш,а потоа кога се измори ,ми дозволи да те држам,и кога прв пат заспа кај некој во раце.
Неколку вечери по ред легнував кога и ти заспиваше,за да можеш и ти,и јас да спиеме.Се разболе,фати глисти,ама тоа беше мала работа,живееше надвор некој месец,но беше пре паметна да не се оддалечуваш предмногу од дворот.Последен пат те видов два дена одкако се вратив од болница,а потоа некој те украде.
Верувај,само да ми падне во раце ѕој што те зема,има крвнички да го претепам.
Поздрав мило мое,се надевам сега каде што си ти е подобро :)
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Последен поздрав до моето кутре, се измачивме последниве месеци.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
96
Поени од реакции
43
Е темава дури и ме натажи ... последен поздрав до Медо и Мајки.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Picture 0354.jpg

Фоткава е од летото 2010. Тоа се моите две мачиња: Болвата и Белушка.
Знам дека двете умреа во рок од месец. Не успеа ни ветеринар да им помогне. Болвата не се мачеше многу, а за Белушка знам дека се мачеше цела недела, и беше подобро и полошо...
Ми недостигаат... :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom