Причината зошто Виктор Орбан ужива неславна и негативна репутација низ Европа и пошироко, се неговите закони со кои ги ограничува човековите права и слободи на говорот и на протест, како и праксата да партизира едни медиуми, а сите останати да ги демонизира и по можност да ги затвори, кристално исто како што е денес во Македонија.
Унгарија тешко беше погодена од светската економска криза од 2008 година, но иако е полноправна членка на НАТО и на ЕУ, сепак не е членка на евро-зоната и не го користи еврото како своја валута, туку и понатаму ја користи сопствената национална валута - форинтот. Поради ова, Унгарија не може да биде уценувана на истиот начин на кој беа уценувани Ирска, Грција, Португалија, Италија, Шпанија и Кипар, бидејќи ако Унгарија банкротира, само таа ќе ги почувствува последиците од сопствениот банкрот, но не и државите членки на евро-зоната, а на крајот ЕУ нема да може да ја уценува Унгарија за да и додели економска помош во облик на нови задолжувања.
Како капак на сето ова, Виктор Орбан дојде на власт во Унгарија во 2010 година со употреба на кристално истите популистички методи кои ги употребуваше актуелната влада на Република Македонија кога дојде на власт во 2006 година. Орбан не е евроскептик и дефинитивно не е противник на членството на Унгарија во ЕУ. Напротив, Виктор Орбан во Унгарија е истото што е и Дејвид Камерон во Велика Британија - дволичен лицемер и лажливец кој се крие зад маската на конзерватизмот, лажниот национализам и лажниот патриотизам, наводно отворено и јавно им пркоси на ЕУ и на нејзините политики, но во реалност само купува време за да остане на власт.
Еден од законите кои ги има воведено Орбан, е законот со кој и се дава поголема монетарна власт и моќ на Народната Банка на Унгарија, а тоа е во целост спротивно на интересите на Европската Централна Банка и ЕУ, кои сакаат сите држави членки на ЕУ порано или подоцна да станат дел од евро-зоната и да го прифатат еврото како своја валута, а со новите закони кои ги има воведено владата на Орбан, во Унгарија се случува токму спротивното.
Но главната причина зошто Виктор Орбан и неговата влада уживаат неславна и негативна репутација низ Европа и пошироко, се редовните парламентарни извори во Унгарија кои треба да се одржат во пролетта 2014, а несомнено Орбан и неговата влада се на нишан на ЕУ и на евробирократите за да ги изгубат изборите и за да се изгласа нова влада на Унгарија која, се разбира, ќе биде што е можно повеќе пријателски ориентирана и послушна кон ЕУ и кон евро-бирократите.
Еве што има да каже американскиот економист и продуцент и режисер на документарни филмови Бил Стил за Виктор Орбан и за Унгарија.