Поделба на имот по развод?

Член од
26 февруари 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво! Ако може еден совет?
Ќе се обидам да бидам што е можно пократка и да прашам само тоа што ме интересира.
Ние со мајка ми сакаме да се разделиме развод од татко ни поради некои х причини. (алкохол итн)

На мајка ми колку што бев читала и следи половина имот.
Е сега како ќе се дели имотот? Дали градежен инженер треба да дојде и да утврди дали е можно физички куќата да се подели и доколку неможе, како ќе се подели имотот?

Дали ако градежниот инж. утврди дека имотот неможе физички да се подели тој би морал да се продаде?
Е сега тука ме интересира дали и кој ја утврдува цената на имотот во случај на продажба?
Дали има некој како вештак или проценител кој ќе ја процени вредноста на куќата, бидејќи татко ни е познат по тоа што лупа некои забегани цени, само од нему познати причини.

Ова нешто сум запознаена бидејќи бев зборела неформално со правник еднаш, но тогаш и не бевме нешто многу заинтересирани, но сега би сакала тоа и да го сториме и секако ќе ангажираме адвокат во скоро време, но овде би сакала да прашам кој и каков е начинот во ваков случај?

Дали можеби некој имал исто вака проблем и како го решил? Некој да препорача адвокат кој е запознаен со оваа работа?
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Колку што знам јас следи половина од се стекнато после склучувањето на бракот, значи ако заедно правеле куќа во ред по пола, ама ако пример куќата е наследена од пример родителите на едниот сопружник тогаш не може да следува половина... истото треба да важи и за подвижен имот, возила и слично...

Адвокат специјализиран за разводи за да не излезе на крај жената да треба да плаќа алиментација на мажот :D
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Адвокатот ќе однесе куп пари, а дали ќе биде заинтересиран странката да го добие спорот? Во принцип се трудат колку можат да одолговлекуваат за да извлечат повеќе.
@ShakaZulu добро напиша. Се дели имотот стекнат за време на заедничкиот живот (без разлика дали едниот сопружник бил вработен, земал кредит и сл.). Имотот внесен во брак, како и подоцна наследениот имот, подароците ако се подарени исклучиво на едниот сопружник не се делат.
 
Член од
26 февруари 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Значи не бев прашувала тоа дали и следува и како и следува туку овие работи

Е сега како ќе се дели имотот? Дали градежен инженер треба да дојде и да утврди дали е можно физички куќата да се подели и доколку неможе, како ќе се подели имотот?

Дали ако градежниот инж. утврди дека имотот неможе физички да се подели тој би морал да се продаде?
Е сега тука ме интересира дали и кој ја утврдува цената на имотот во случај на продажба?
Дали има некој како вештак или проценител кој ќе ја процени вредноста на куќата, бидејќи татко ни е познат по тоа што лупа некои забегани цени, само од нему познати причини.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Значи не бев прашувала тоа дали и следува и како и следува туку овие работи
Каков вештак ќе ти проценува? Тој што има имотен лист односно сопственикот одредува за која цена ќе го продаде.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.624
Значи не бев прашувала тоа дали и следува и како и следува туку овие работи
Доколку во парничната постапка не се постигне спогодба за тоа кој дел од куќата кому ке припадне, тогаш судот куќата ке ја подели на двајцата на идеални делови (нормално доколку следува на двајцата....), и во имотниот лист ке се запишат двајцата како сосопственици, на пример двајцата на по 1/2 идеален дел.
Потоа поевтината варијанта за физичка делба на куќата е да тоа се направи преку нотар. Тоа оти така што најпрво ке ангажираат геодет кој ке изготви скица на тоа што го договориле и истата скица се внесува во договорот за физичка делба кој ке се солемнизира кај нотар а потоа ке се спроведе во катастарот и двајцата ке си добијат посебен имотен лист со нивниот имот кој дел ке може секој да си го продаде или да си го чува.
Доколку нема согласност за физичката делба тогаш следува многу скапата варијанта да тоа се направи во вонпарнична постапка а која ке биде оптоварена со многу трошоци за вештаци и адвокати. Вештото лице- геодет ке направи предлог скица за тоа како смета дека недвижноста треба да се подели, па ке следува дуга скица од вешто лице ангажирано од другата страна која ке биде сосем различна од првата.... или вештите лица ке утврдат дека физичка делба на предметната недвижност е невозможна. Ако физичката делба е возможна тогаш судот ке ја поделеи недвижноста и секој во неговиот имотен лист ке си го запише неговиот дел кој ке биде определен и после може да си го продава или чува.
Е сега гледам дека алудираш на тоа да се продава целата куќа. Тоа ке биде случај само ако судот утврди дека физичка делба не е можна и никој не се согласува да му го плати делот на другиот и да ја добие целата недвижност или неможат да се сложат за цената. Во тој случај во решението кое ке го донесе судот во вонпарничната постапка ке стои дека физичка делба не е можна и делбата да се изврши со продажба на недвижноста преку извршител по што на секој ке му биде исплатен неговиот дел. Откако тоа решение ке стане правосилно, било кој од страните може да поднесе барање за извршување кај извршител од подрачјето на судот кој го донел решението. Накратко, потоа извршителот ја тера продажбата така што ке определи проценител (тоа се посебно овластени проценители - фирми со лиценци од мин. за сообраќај и врски) кој ке изготви проценка и согласно истата извршителот ке ја определи почетната цена за првата продажба со усно и јавно наддавање. Ако нема заинтересиран купувач на првата продажба извршителот ке определи втора продажба на која цената ке се намали за 1/3... Рачунај дека таква постапка кај извршителот чини во просек 150.000,00 денари (зборам ако нема присилно иселување кое значително ги зголемува трошоците) и тие трошоци извршителот ке си ги наплати од постигнатата цена а остатокот ке го подели на странките согласно нивниот идеален дел од недвижноста.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
тој би морал да се продаде?
Ништо не мора.
Еве и да се судите и мајка ти да добие половина имот од татко ти...
Таа ќе може само нејзината 1/2 дропка да ја продаде на некој друг.
А никој нема да биде заинтересиран да купи 1/2 од имот.
Сите сакаат чиста парцела.
И физичката делба е ствар на договор.
Ако се закатани татко ти, пак ќе остранете со прстот в уста.
На крај, ни за него ќе има, ни за вас ќе има.

А во нормални услови, сето треба да следува на потомството, т.е. на тебе и ако имаш браќа/сестри.

колку што бев читала и следи
Ви следи мизерија на целото семејство.
Ама и тоа еден ден ќе помине.
Гледај ти исправи се на нозе, животот ќе ги изеде старите.
 
Последно уредено:
Член од
18 март 2021
Мислења
8
Поени од реакции
1
Здраво. ме интересира во овај случај дали му следува имот на децата и на жената, маж и жена се во брак 15 години живеат во куќа наследена од родителите на мажот( односно добиена на подарок од брат на мажот 1/2 и 1/2 наследена од родители), куќата се продава и со истите средства се зема нова куќа во брак која гласи на име на мажот ,жената ја опремува куќата (намештај,поправки…) но тешко дека ќе има доказ да докажи дека опремила…тие имаат 3 деца но после неколку години тие се разведуваат (имотот после разводот не е поделен) едно дете е кај мажот другите две се кај жената ,дали имот му следува на жената од куќата бидејќи иако не вложила во купувањето на имотот таа се грижела за домакинството и децата? и дали имот му следува на децата кои се кај мајката ,бидејќи бившиот маж вика пред смрта ќе му ја препиши само на детето кое живее со него дали со тестамент или како незнам. ме интересира дали на останатите деца кои живеат со мајката дали им следува имот? Ви благодарам секое мислење е добредојдено
 
Ако мажот има докази дека новата куќа е купена со парите од старата (која е негова сопственост), жената нема право на никаков дел. Тој може да прави што сака со неа. Ќе ја продава, ќе ја подарува, негово право.
 
Член од
18 март 2021
Мислења
8
Поени од реакции
1
Ако мажот има докази дека новата куќа е купена со парите од старата (која е негова сопственост), жената нема право на никаков дел. Тој може да прави што сака со неа. Ќе ја продава, ќе ја подарува, негово право.
Ти благодарам а ме интересира и дали имот му следува на децата кои се кај мајката ,бидејќи бившиот маж вика пред смрта ќе му ја препиши само на детето кое живее со него дали со тестамент или како незнам. ме интересира дали на останатите деца кои живеат со мајката дали им следува имот?
 
Ако ја препише има некои опции тестаментот да се оспорува од другите деца. Но ако склучи договор за доживотна издршка, другите немаат законска основа тоа да го оспоруваат. Куќата е негова, ако сака ќе ја продаде и со парите ќе располага како сака.
Од неговиот имот никому ништо не следува, негов е и располага со него по сопствена желба. Ако не остави никакви тестаменти, преписи и слично, сите негови деца имаат право на дел, сопругата нема (разведени се).
 
McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.669
Поени од реакции
10.063
Здраво. Сакам да прашам нешто во врска со поделбатана имотот. Ќерка ми и жена ми сакаат да се разведат од мене и сега ми е страв да не ми ја земат пола куќа. Можно ли е нешто такво зашто ние имаме 5 соби и сега како ке ги делат 2 ипол соби не знам стварно. По маалото слушам пијаница сум бил итн. Лага е, сакаат да ми земат се!
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Адвокатот ќе однесе куп пари, а дали ќе биде заинтересиран странката да го добие спорот? Во принцип се трудат колку можат да одолговлекуваат за да извлечат повеќе...
Зошто адвокатот да не биде заинтересиран неговата странка да го добие спорот? Несомнено, секој адвокат сака да го добие спорот. Како прво кодексот на етичко однесување на адвокатот му налага да се бори со сите правно дозволени средства за да успее во спорот. Второ секоја странка може да го тужи својот адвокат за евентуално нанесена штета од незаконско или несовесно работење на адвокатот. Трето адвокатите се приватници кои сами се изборуваат за својата плата и придонеси и за својот углед и репутација, па што повеќе успешно решени спорови е претпоставка и за нови клиенти и плус работа за адвокатот (тоа дотолку повеќе што рекламирање на адвокати е забрането). Некако на адвокатите се гледа како на нужно зло, а сето тоа произлегува од неколку кланови на "расипани јаболка", а повеќе од правно неуки странки кои мислат дека заради адвокатот го изгубиле спорот. Адвокатот не ја носи пресудата, туку судијата, а секој спор има најмалку две спротивставени странки (и толку адвокати), а една странка мора да го изгуби спорот! За победничката странка нејзиниот адвокатот ќе е најдобар, а онаа што ќе го изгуби спорот кривицата ќе ја гледа во "неспособноста и корумпираноста" на својот адвокат.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Здраво. Сакам да прашам нешто во врска со поделбатана имотот. Ќерка ми и жена ми сакаат да се разведат од мене и сега ми е страв да не ми ја земат пола куќа. Можно ли е нешто такво зашто ние имаме 5 соби и сега како ке ги делат 2 ипол соби не знам стварно. По маалото слушам пијаница сум бил итн. Лага е, сакаат да ми земат се!
Ако имотот ви е стекнат во брак тогаш се дели по 1/2 половина освен ако не докажете дека е поинаку.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Зошто адвокатот да не биде заинтересиран неговата странка да го добие спорот? Несомнено, секој адвокат сака да го добие спорот. Како прво кодексот на етичко однесување на адвокатот му налага да се бори со сите правно дозволени средства за да успее во спорот. Второ секоја странка може да го тужи својот адвокат за евентуално нанесена штета од незаконско или несовесно работење на адвокатот. Трето адвокатите се приватници кои сами се изборуваат за својата плата и придонеси и за својот углед и репутација, па што повеќе успешно решени спорови е претпоставка и за нови клиенти и плус работа за адвокатот (тоа дотолку повеќе што рекламирање на адвокати е забрането). Некако на адвокатите се гледа како на нужно зло, а сето тоа произлегува од неколку кланови на "расипани јаболка", а повеќе од правно неуки странки кои мислат дека заради адвокатот го изгубиле спорот. Адвокатот не ја носи пресудата, туку судијата, а секој спор има најмалку две спротивставени странки (и толку адвокати), а една странка мора да го изгуби спорот! За победничката странка нејзиниот адвокатот ќе е најдобар, а онаа што ќе го изгуби спорот кривицата ќе ја гледа во "неспособноста и корумпираноста" на својот адвокат.
Од ова што го пишуваш извлекувам заклучок дека си адвокат или не си имал потреба да користиш услуга од адвокат.
Јас за жал имам лошо искуство со адвокати, а знам дека и други имале проблеми со нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom