Планинарење

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Планинарењето ми изгледа како убаво хоби и убава животна навика. Размислувам за зачленување во некој клуб (да е за ептен аматери :LOL:), ако имате некој предлог пишете
 
Член од
23 август 2021
Мислења
6
Поени од реакции
0
Здраво дечки,
Сакам да прашам дали е возможно да се кампува на Големото Езеро на Пелистер?
Кој период е најоптимален, дали има диви животни и ако некој го има правено ова секаков совет е добродојден :)

Фала однапред!
 
Член од
11 декември 2021
Мислења
8
Поени од реакции
9
Здраво. Ако може некој да ми препорача планинарско друштво да започнам со планинарење? Гледам I love hiking како најпознати имаат секој викенд организирани тури, а евенти од други друштва послабо наоѓам.
Фала
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.526

Летен период до кај септември некаде ти е најповолен.А за диви животни ќе се распрашаш во планинарското друштво Пелистер.
Автоматски споено мислење:

Здраво. Ако може некој да ми препорача планинарско друштво да започнам со планинарење? Гледам I love hiking како најпознати имаат секој викенд организирани тури, а евенти од други друштва послабо наоѓам.
Фала
Имаш приватна порака.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.526
 
Член од
15 јуни 2022
Мислења
7
Поени од реакции
6
Здраво екипо,
Сакам да си се подновам со нов ранец до 30-35 литри.
Што мислите Millet или Salewa? Знам доста што се задоволни од Salewa и активно се носат по нашиве планини за разлика од Millet. Меѓутоа, ме интересираат ваши коментари.
Како опција ги разгледувам
 
Член од
6 март 2019
Мислења
389
Поени од реакции
589
Одличен избор на бренд, двата ранци се добри. Со тоа што јас би одел со првиот, не сум голем фан на патенти. Ако ти се расипе на планина, јебан си. Можеш добри ранци да најдеш и кај McKinley, јас сум презадоволен од нив, користам нивни ранец од 2016та. Поевтини се, доста се квалитетни и имаат избор.
Автоматски споено мислење:

Би додал само дека Скаут се малку скапички. Другарче најде ранец кај нив за 13 000 денари, ми побара мислење. Јас му го најдов истиот во Германија на амазон за 7000 денари. Ми стигна за 2 дена, му го испратив надоле по пријатели. Ако имаш таква опција, да земеш од надвор можеш многу да заштедиш, а да земеш квалитет.
 
Последно уредено:

Да, скапички се. Меѓутоа добивам попуст како член на ФПСМ па цената ми е прифатлива. Иначе, да и McKinley се добри. Носам панталони нивни и баш сум задоволен. Ќе ги разгледам и нив.
Фала ти многу на коментарот!
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Мој совет би ти бил osprey talon 33 , го имам неколку години и сум презадоволен.

Ако имаш шанса некој да ти го донесе некаде надвор од мкд би било најдобро.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.526
Здраво екипо,
Сакам да си се подновам со нов ранец до 30-35 литри.
Што мислите Millet или Salewa? Знам доста што се задоволни од Salewa и активно се носат по нашиве планини за разлика од Millet. Меѓутоа, ме интересираат ваши коментари.
Како опција ги разгледувам
МНОГУ ПАРИ А МАЛКУ МУЗИКА.Ако некој оди до Софија преку него нарачај си некој од моделиве за упола цена:
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2022
Мислења
7
Поени од реакции
6
МНОГУ ПАРИ А МАЛКУ МУЗИКА.Ако некој оди до Софија преку него нарачај си некој од моделиве за упола цена:
Мој совет би ти бил osprey talon 33 , го имам неколку години и сум презадоволен.

Ако имаш шанса некој да ти го донесе некаде надвор од мкд би било најдобро.

Ви благодарам многу за советите, сепак тогаш се одлучив за Salewa Alp Trainer 35+3 затоа што ми се допаѓа архитектурата на рамениците и dry back технологијата, а и литражата ми е некако таман за моите тури. До сега бев на повеќе од 30 hiking авантури со него и немам забелешки.
 
Член од
4 март 2021
Мислења
56
Поени од реакции
22
Здраво на сите, сакам да почнам со планинарење и сега сум во процес на набавка на кондури/чизми. Може некој совет што како околу тоа. 1 пар за сите временски услови или како оди тоа ?
 
Член од
10 јануари 2023
Мислења
1

Зимски чизми за тури по снег каде што се потребни и дерези треба да имаат и добра изолација и водоотпорност. Тие коштаат малку повеќе и требада имаш предвид дека се само за зимски тури.
За останатите три сезони, совет од мене, не купувај тешки гломазни и крути чизми во стилот на Salewa Mountain Trainer и La Sportiva Trango Tech.
Mid-height нека бидат за заштита на зглобовите и стабилност, колку и да се чуствуваш сигурно со hiking shoes, односно ниски патики со соодветен ѓон за планинарење, ќе бидеш изложен повеќе кон виткање на глужд.
Спреми се за давање на 150-200 евра затоа што вреди инвестицијата доколку планираш редовно да си на планина, Водно и Матка посебно ако си од Скопје, и ако тераш барем 4-5 подолги тури во текот на годината.
Пример за чизми што ги има кај нас, Mammut Mercury IV во Scout, Lowa Renegade во Camouflage.mk, Salomon Quest 4 во Интерспорт(иако делуваат гломазни сепак се полесни и пофлексибилни).
Уште еден совет, обавезно пола број или еден број поголем да земеш од тоа што носиш, и пробај ги на лице место со чорапите со кои ќе планинариш. Сите брендови имаат горе доле катастрофа влошки така да планирај ако земеш еден број поголеми ќе имаш место да им ставиш уште една влошка за удобност (тоа јас го направив на двата пара чизми).

Друже во зависност од твоите амбиции до кое ниво мислиш да одиш во планинарењето таква опрема постепено и ќе набавуваш.Ако мислиш да одиш само на Водно,Скопска црна гора и слични такви до кај 1700,1800 метри висина не ти треба којзнае каква опрема за зима а за лето и со обични патики ќе поминеш.Ако планираш да качуваш врвови и над 2000 метри ти треба соодветна гардероба како и добар ментор кој ќе ти покаже како правилно се пешачи односно качуваат угорници и како се симнуваат најстрмни делови без разлика дали е лето или зима на снег.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom