А про по муабетов на
@Lester Freamon за пивски "коктели" и зошто не?...како дечишта експериментиравме со све и свашта, млада јетра, поиздржлив организам, па и често искачање, ај сеа да не звучам као пијаница, ама "тренинг"...во една дискотека скопска, летно време, не знам кој црн ѓавол не натера да пиеме "подморница". Дури не знам која е изворната рецепта на тоа ѓубре и дали има оригинал од такво нешто, ама у принцип е пиво во голема чаша (точено ваљда, мада у диско мислам дека од шише го точеа во чашата), се пали shot текила и се пушта сосе чаша во големата чаша. Е сеа, пред тоа имав пиено некое пиво, две, три, а такви мавнав 2-3. За да ја запали текилата, кузнае дали ни начука и нешто трето шанкерот, ама знам дека последното одеше и незапалено, чисто. Мислам дека горењето у глава и ден денес го памтам, а гнасниот вкус на текилата го "чекав" на крајот на секоја голтка пиво во наредните два месеци. Така да, вакви трипер комбинации со пиво никогаш после тоа, а текила од тогаш, може добри 20 години и немам пробано.