Парите се за трошење или за „под перница“?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Кое е вашето мислење на оваа тема?

Во Македонија има два тип на луѓе:

Првиот тип на луѓе се такви кои заработуваат солидно и живеат прилично добро. Шетаат, се забавуваат, возат убава кола. Работат доста и уживаат во животот.

Вториот тип на луѓе исто така заработуваат добро. Но, живеат скромен живот. Тие се буквално во грч. Ги чуваат парите под перница, не сакаат многу да покажуваат луксуз. Па тука има неколку изговори: дека парите треба да ги чуваш за недај боже, дека ако околината примети дека имаш пари може да си навлечеш негативни проблеми и сл.. со други зборови тие се робови на животот!

И сега според тоа што јас го гледам низ градов ми се чини дека вторава категорија е почесто застапена.

Кое е вашето мислење на оваа тема? Кој е вашиот избор? Како е подобро да се живее?
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Нормално дека секој треба да троши според своите можности. Глупост е да трошиш на луксузи и непотребни работи а да штедиш на основни средства.

Е сега ако веќе некој заработува солидно и може да си дозволи одредени задоволства, не гледам причина зошто не би го правел тоа.

Јас лично заработувам просечно за македонски услови. Не можам да си дозволам кој знае каков луксузен живот. Ама сепак со нормално штедење и со добро планирање можам да си дозволам патување еднаш или два пати годишно, просечна кола, просечен мобилен телефон, можам да си дозволам да одам на концерти или други настани. Ако сум во можност, не штедам пари и не размислувам премногу пред да си исполнам некоја желба.

Упорното штедење „за црни денови“ и цинкарење на луѓе што имаат многу пари е глупост. А ги има многу такви. Животот е стварно краток и треба да се искористи секоја прилика за уживање и нови искуства.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.930
Поени од реакции
3.621
Трошењето треба да биде во корелација со приходите. Не е добро да трошиш повеке од тоа што заработуваш затоа што тоа неминовно води до презадолжување, кредити и глупости од кои ке ти требаат години и години да се извлечиш. Парите се за трошење и човек треба да ужива во работите кои неговиот приход може да му ги дозволи. Треба да се разликува штедење од шпарање и цинцијашлук. Штедењето е добра работа бидејќи никогаш нема да можеш да заработиш онолку пари колку што ке можеш да потрошиш па затоа штедењето е добра работа за да човек има некоја пара настрана или заштеди за да инвестира во некоја работа.... но штедењето никогаш не е на сметка на задоволување на оние основни потреби на семејството (основни потреби како релативна категорија која зависи од приходите, пример за некои приходи летување на море е основна потреба а за некои приходи тоа е луксуз), и човек секогаш треба да биде насочен кон тоа како да заработи повеке а помалку кон тоа како да заштеди повеке. Шпарањето и цинцијашлукот не се штедење, тоа е измачување на себе си и семејството. Шпараџијата и цинцијата немаат ниту причина ниту цел зошто не ги трошат парите или целта која ја зацртале е апсолутно вон секој сразмер со она што го шпараат. На пример цинцијата или шпараџијата зацртал дека сака да купи стан и во интерес на таа цел не си купува ниту цигари ами се гребе немајќи во вид дека заштедата од цигарите не е во никаков сразмер со цената на станот и се сведува на срамотење и самопонижување. Цинцијата и шпараџијата штедат и на потребите на децата, на храната, на облеката, дури и на хигиената и здравјето... Шпарањето и цинцијашлукот се дијагноза.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Убаво е да се имаат пари и да се биде ситуиран, богат, односно да се имаат доволно пари и за удобен квалитетен живот, но секако позитивно е и да се заштеди нешто во банка или под перница сеедно, но уште побитно е и околината околу тебе да биде на исто или слично социо-економско т.е. финансиско ниво за да не постои љубомора, завист, омраза, различност и.т.н. во спротива што фајде ако еден човек или ај да речеме едно семејство е богато/ситуирано, а целата околина е социјалка, во таков случај мнозинството нормално дека ќе биде негативно настроено кон малцинството, односно самите разлики ќе продуцираат омраза и љубомора, е токму и затоа богатите луѓе си живеат во доминантно богатите квартови од градовите, а оние посиромашните си живеат по гетоата каде што мнозинството си се такви. Но секако секогаш има исклучоци има и ситуирани луѓе со доста пари кои сепак не можат да издржат да живеат во некој богат градски кварт каде што околу нив е се бетон и асфалт стиснати во некој стан на хх спрат, луѓето си сакаат природа и зеленило и затоа си живеат во периферија иако генерално во периферијата (приградските населби и села) живее посиромашната класа на народ !
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кое е вашето мислење на оваа тема?Во Македонија има два тип на луѓе:Првиот тип на луѓе се такви кои заработуваат солидно и живеат прилично добро. Шетаат, се забавуваат, возат убава кола. Работат доста и уживаат во животот.Вториот тип на луѓе исто така заработуваат добро. Но, живеат скромен живот. Тие се буквално во грч. Ги чуваат парите под перница, не сакаат многу да покажуваат луксуз. Па тука има неколку изговори: дека парите треба да ги чуваш за недај боже, дека ако околината примети дека имаш пари може да си навлечеш негативни проблеми и сл.. со други зборови тие се робови на животот!И сега според тоа што јас го гледам низ градов ми се чини дека вторава категорија е почесто застапена.Кое е вашето мислење на оваа тема? Кој е вашиот избор? Како е подобро да се живее?
...не се сложувам дека во МКД има два типа на луѓе :neetaka:
туку има четири типа :D
...првиот тип на луѓе, кои се преодредени на лесно спечалени пари, би рекла без труд или малку повеќе здобиени „на црно“ кај нив имаме појава „изи кам изи го“, идеме понатаму животот е убав!:misticen:
...вториот тип на луѓе, се истите како првиот тип, кои без труд или малку повеќе или помалку на црно спечалуваат пари ама ги кријат под перница поради Х причини и живеат онака исто како да ги немаат парите!:cenzura:
... третиот тип на луѓе, се пораснати во домашна атмосфера каде уште од памти века секогаш се тргало пара настрана, малку за „недај боже“ ,за „чеиз“, за „студирање“ истите сакале или не го продолжуваат истото на ист начин оделувајќи настрана за „не дај боже„ или едноставно да се има настрана некоја пара, ова група на луѓе парите најчесто ги спечалуваат со свој труд и со дополнителна поштена работа! :anco:
...четври тип на луѓе се кои трошат тројно повеќе отколку што месечно спечалуваат што претежно се кредитно до гуша задолжени!:pijanco:
...и сега како подобро да се живее? размислувањето е различно зависи многу и од животното искуство да не речам годините, кога човек е млад не размислува за утре, све што лета се јаде и све што сјае е злато, за да покасно смени мислење па ќе размисли на поинаков начин да заштеди малку, ова го мислам само за третиот тип на луѓе, додека за другите примери нема правило, оти се трала ла ла здобиени пари и тра ла ла без трунка совест, па и живеењето е исто трала ла, па не би го препорачала ниту изборот ниту начинот на живеење, оти многу арно не е на арно! (y)
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Јас сум човек,карактер што сакам да трошам за душа,за задоволство.На колешката и било роденден,ајде едно јадење,ручек,ми текне часовник ми се допадне,не гледам да претерам,ќе земам.Сакав за во ГрчКа,работев цело лето напорно,баајги пари за буџет собрав,шо ми останаа доволно,после кога дојдов ....У последен период ми се врти идеја да си купам,машки прстен,ми изгледа кул,веројатно задутре ќе појдам,кога ќе имам слободен ден ...:)
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
еве јас ја трошам четвртата декада од животот и по ова прашање сеуште не сум начисто.

сеуште сум во недоумица дали исправно постапив, јас сум семеен човек со жена и две деца, решено станбено прашање и автомобил и сето тоа од работа без кредити,

но за сметка на тоа имало доста откажување од задоволства (тука не спаѓа одење на одмор еднаш во годината, туку немало чести прошетки по излетнички места, одења по кафани 2-3 пати во неделата, не пушам (здравјето ми било побитно од финансискиот мотив), не играм спортски или комар не одам по курви :( ).

пред да го купам станот имав солидна заштеда на пари што ми даваше огромна сигурност и независност, незавино што ќе се случи дали ќе ме отпуштат од работа (од ова и сега не се плашам имам занает што нема да ме остави без парче леб ) или од дома да ми речат старите станувајте си со жената и барајте си чарето ( бидејќи еден период живеевме во заедница со моите ), или ако не дај боже да те потрефи некоја посериозна болес па да мора да платиш поголема сума на пари по приватниве клиники.

кога го купив станот останав на нула и ја снема сигурноста кон причините набројани погоре.
потоа истата песна со автомобилот и сега во последно време си имам поставено една цел да присоберам одредена сума за која нема да биде така рестриктивно како до сега и поприлично сум си подопуштен, но по долго време со одреден стил на живот баш тоа и ти станува.

но за едно сум сигурен прво нештата вредат тогаш кога ти требаат и ги сакаш, како второ се треба човек да прави кога му е време за тоа, и трето секој си знае што е најдобро за него.

затоа според мене не постои правило дали е подобро да се трошат парите (луксузни одмори, кафани, коцки, курви ...), да се инвестираат во некои трајни добра (акции на берза, животно осигурување, кола, недвижнина...) или да се стискаат под перница или во банка за црни денови кои можеби никогаш и нема да дојдат а заради нив си се откажал од многу задоволства.

се си има предности и мани, оној кој ќе ја најде средината ќе си го проживее животот според сопствените: можности, потреби и желби, останатите ќе жалат кој за пропуштените задоволства кој заради нив.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Кога ќе тргнеш настрана за основни потреби и одредена сума за заштеда/инвестиција кон идни цели тоа што ќе остане е за тебе.

П.С Видеово прилично едноставно има објаснето зошто е паметно да се штеди/инвестира додека си млад.

П.С2 Лично мислам дека во МК не покажуваат премногу пошто немаат што да покажат :pos::pos::pos:

 
Ф

Флеш

Гостин
Во Македонија,каде заработуваш просек 2.000/3.000е годишно,НЕМА услови за штедење . Одбиј само разни трошоци .....Драстично паѓа заработката и веројатноста за штедење ..... Неколку месеци,пример за кола,после пак си на нула,на почеток,никогаш нема основно ниво на пари да ти останат .....

Појди надвор,поголем е степенот на заработка,поголем е степенот на штедење ...... Повисок стантард ....
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
По мене, парите се обично парче хартија ако не се користат. Имаш идеја за нешто, ти треба да купиш нешто, трошиш. Не чуваш.

Ти треба разонода, седнуваш во кафич или во бар, се напиваш кафенце/пивце и што год ти прави задоволство.

Имаш голем вишок на пари. Фрлаш во некаква бизнис идеја. Или, можеш да подариш на општина, да се заврши некоја работа. Или можеби подарок за бездомници или помош за роднина, или за луѓе заболени од нешто што треба да прават скапа операција.


И то. Нешто ќе ти звучи глупо, нешто не ама тоа е. У главно, осигурај се каде ти одат парите и на што, да не отидат кај што не треба ;) :)
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
не пишано правило во врска со парите:
секој човек што сака да има барем минимум финансиска сигурност треба во секој момент да има на располагање шест месечни буџети.
пр. тршиш:
100 евра месечно 600 евра,
500 евра месечно 3000 евра итн.
затоа што се може на човек да му се случи, да остане без работа, да се разболи, некој голем непланиран трошок...
приливот на пари може моментално да секне но нема да престанат да идат сметките, мора да се храниш, да се облекуваш, да се лекуваш...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom