Откажување на полномошно на адвокат

Член од
31 октомври 2011
Мислења
6
Поени од реакции
0
Ве молам за информација која е процедурата за откажување на дадено полномошно на адвокат и дали треба да се плати некоја надокнада (конкретно, едно појавување кај нотар, без завршена постапка). Благодарам
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467

Треба да се извести адвокатот од Ваша страна со писмено известување од кој ден му го откажувате полномошното, исто и нотарот/судот, а за плаќање му должите на адвокатот за сите дејствија што ги презел и плус како за едно преземено дејствие, значи му должите на адвокатот едно рочиште за застапување како пред суд според договореното со адвокатот во отсуство на договор, му должите износ согласно АТ, и износ за откажување на полномошно како за застапување на едно рочиште во суд во висина на правната работа за која Ве застапува пред нотарот и тоа според износите определени во АТ.
 
baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
PalmaMP > Клиентот не може да му го ОТКАЖЕ полномошното на Адвокатот ...... може само да го ОТПОВИКА даденото ПОЛНОМОШНО.

Ај сега ја да прашам : Форца убаво објасни за тоа КАКВА Е ПРОЦЕДУРАТА ПРИ ОТПОВИКУВАЊЕ НА ПОЛНОМОШНО од страна на клиент, аналогно на тоа ги наведе : Висината , начинот за наплата на парич.средства по основ на АТ ???
Која е постапката ако : АДВОКАТОТ ГО ОТКАЖЕ полномошното дадено од клиентот, што понатака ??? Дали клиентот треба да плати парични средства што адвокатот на пола процес се откажува ??
Ве молам без "ZAOBILOUVAWE NA ODGOVOROT" >>>>
Ако може , Ве молам конкретен одговор ????
 
Прво погоре сум пишал странка да откаже, треба да стои отповика.

Значи точно е, странка отповикува, а полномошникот (адвокатот) откажува полномошно.

Ако адвокатот го откаже полномошното тогаш странката не му должи на адвокатот ништо, освен за претходните дејствија кои биле преземени од страна на полномошникот, а не биле навремено платени.

Доколку странка му отповика полномошно на адвокат тогаш му должи еднократен износ кој е определен во адвокатската тарифа, и дополнително за сите дејствија кои биле преземени претходно од полномошникот, а кои не биле платени.
 
Чекајте малце...... Од кое право и по која логика е правото да очекувате од некого да Ви плати за работа која воопшто не сте ја завршиле па Ви текнало .... Ке си наплаќате за НЕ СРАБОТЕНОТО.. Пијателе имате малку грешка. Да било само ОТПОВИКАНО ПОЛНОМОШНОТО , ке речам : ДРЖИ МЕСТО ВАШЕТО ТОЛКУВАЊЕ. Ама ако го откажете полномошното во текот на НЕРЕШЕН СУДСКИ СПОР.... Со кое лице или право би барале паричен надоместок ??? Да е завршена постапката, вистина Адвокатот не гарантира 100% за успех. Ама ова со откажување...... малце ке се прашаме ?!?!?!

Пример: СЕ НАФАТАМ ДА ВИ ЈА ПОПРАВАМ КОЛАТА... ПРОЦЕНАМ НЕУСПЕХ И ПУ ПУ ПУ НЕ ВАЖИ. СЕ ОТКАЖУВАМ НА ПОЛА ПОПРАВКА И РАСТУРЕНА КОЛА , ПА ЗГОРА НА ТОА И ПАРИ ВИ БАРАМ ??? АЈДЕ И ЈАС КЕ БИДАМ ТАКОВ АДВОКАТ. МНОГУ ЛЕСНО: КЕ ИЗДЕЈСТВУВАМ ПОЛНОМОШНО, КЕ СЕ ПОЈАВАМ НЕКОЛКУ ПАТИ НА СУД, И АЈДЕЕЕ ОООООП СЕ ОТКАЖУВАМ .... ДАВАЈ ПАРИ......
 
Последно уредено:

Не сте разбрале, молам прочитајте повторно, само доколку СТРАНКА ОТПОВИКА ПОЛНОМОШНО ДОЛЖИ еднократен износ според АТ, во случај адвокат ДА ОТКАЖЕ ПОЛНОМОШНО ТОГАШ СТРАНКАТА НЕ ДОЛЖИ НИШТО.

Доколку адвокатот презел правни дејствија пред да го откаже полномошното, а истите не му биле платени од странката во време на преземањето на тие правни дејствија, иако адвокатот го откажал полномошното него му следува надоместок за претходно преземените правни дејствија пред откажување на полномошно, ова исто се однесува и во случај кога странка отповикува полномошно.

Сега мислам дека појасно напишав.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
И после адвокатите не биле преваранти...
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
И после адвокатите не биле преваранти...
Каде има тука превара?

Се наплаќа само тоа што е претходно сработено, а не било претходно платено, и единствено ако странка отповика полномошно должи дополнително уште еден еднократен износ согласно тарифата.
Што ако адвокатот и составил тужба, ја застапувал претходно на 2 рочишта, и пред одржување на третото рочиште, се одлучи странката да му отповика полномошно или ако странката започне да не соработува со адвокатот, тогаш адвокатот и откажува полномошно, и странката ќе го должи само она што претходно не го платила, а веќе претходно биле преземено правни дејствија од страна на адвокатот (составување на тужба, поднесоци, застапување на претходни рочишта, итн.), ништо повеќе - ништо помалку.
 
Со оглед дека земате пари и за несработено...по тоа се гледа дека сте преваранти. Објасни убаво дечкото погоре во темата.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Со оглед дека земате пари и за несработено...по тоа се гледа дека сте преваранти. Објасни убаво дечкото погоре во темата.
За што не сработено се зема пари?
Образложи со аргументи!
Ако не можеш тогаш не коментирај напразно.
Јасно образложив погоре само за што се наплаќа.
И во претходни постови на други теми сум ти реплицирал дека никој не е должен некому за без пари да работи, секој си го цени трудот!

Не верувам дека работиш за без пари, и дека дозволуваш на секој со кој соработуваш во твојата професија да те изигрува и да не ти плаќа или на половина да ти плаќа за сработеното, и да ти вели дека си преварант и дека за несработено земаш пари?
 
Го отповикувам/откажувам адвокатот, иако само едно нешто/или нишѕо не сработил од случајот. Тој наплаќа за се што требало да биде во врска со случајот, а не го сработил.
 
baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
Форца...... Мислам овде тебе не ти е јасно....
Кажи ми по која логика бараш пари , кога на сред судски процес го откажуваш полномошното ( а тоа повлекува огромна штета ) ????
Ако завршил процесот со тоа што странката го губи спорот, може би ти не си 100% виновен ?!?!? Но ако си го водел спорот во погрешен правец и не си превземал соодветни правни дејствија за да ја штитиш странката ... тогаш батка КЕ СИ ОДГОВАРАШ и ке си платиш за штетата. Ако ја ти поправам Бојлер и поради моја вина експлодира и ти запали куќа.... ТРЕБА ЗА ТОА ДА МИ ПЛАТИШ ????
 
Во кој погрешен правец?
Адвокатот знае за предметот онолку колку што ќе му каже странката.
И ако странката престане да соработува (не сака да плати вештачење, ја потскрива фактичката состојба, лаже за постоење на докази, а за нив адвокатот дознава на рочиште од спротивната страна, и ред други работи) тогаш како адвокатот ќе ја заштити сопствената странка? Затоа се откажува полномошно од адвокатот, или во случај ако странката од нејзе познати причини не е задоволна од адвокатот го отповикува полномошното, но и во двата случаи тоа не ја ослободува странката од тоа што го должи спрема адвокатот за претходното застапување на рочишта и составување на поднесоци.
Во однос на спорот ако се изгуби како може да сноси одговорност адвокатот кога судот одлучува? Колку и да е во право едната страна, на крај судот носи одлука, затоа незадоволната страна може да вложи редовни и/или вонредни правни лекови пред повисок суд, ако и после исцрпување на сите правни средства остане странката незадовoлна има наднационален суд, тоа е судот за човекови права во Стразбур за да се тера правдата.
Ама проблемот е друга работа, во вашиот коментар и во коментарот на претходниот член изричито се гледа дека вие сакате да ви заврши некој работа а да не платите, затоа од толку логично и јасно објаснување погоре што плаќа странката при откажување/отповикување на полномошно не е возможно да не сте разбрале.
До душа и јас можам да се правам дека не ве разбирам и да си терам ирационално дебатирање, но не, единствено ќе завршам со овие прашања на кои не е задолжително да ми одговориш.
Зошто некој да вложи знаење, енергија, време, труд за да ти напише тужба со сите нишани, која ќе биде правно образложена, а да не си му ја платил во време на пишувањето, а после да не сакаш да му ја платиш само затоа што се прекинала соработката во текот на постапката?
Зошто некој да те застапува на 3 рочишта и правно да се бори за тебе, а не си му ги платил рочиштата претходно, а после поради прекин на соработката во текот на постапката, да не сакаш да му го платиш тоа претходно застапување?
Сите услуги во сите дејности се наплаќаат онолку за колку се користени.
Состав на тужба, застапување на рочиште е интелектуална услуга која се наплаќа доколку си користел, не може тоа така да користиш интелектуални услуги а после да не платиш, и после се прашуваме зошто извршители?

Престанувам да дебатирам, поздрав.[DOUBLEPOST=1548111822][/DOUBLEPOST]

Инаку, во твојот пост не ми се обраќај лично, јас со тебе сум немал работа.
 
Последно уредено:

baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
Форца..... Престанување со дебата не те води во правец на ВИСТИНА. Зар и ти вака напушташ клиенти ?!?!
Во таков случај кој го посочуваш во твоето објаснување .... можеби имаш право ?!?! Но има и други ситуации. Да ти објаснам :
Постапка за НПН -долг од 2001г.
Доверителот 2004г покренува тужба за долг. Тужбата е пасивна , ја нема никаде , едноставно се губи, не стигнува до должникот. Во 2015 повторно доберителот покрренува тужба за ист долг. Поднесувам ПРИГОВОР ( тогаш беше СПН ) , доверителот ја повлекува тужбата ( повлекување на тужбено барање во целост ). Во 2017 декември, повторно предлог за издавање НПН за истиот долг. Кога мојот адвокат го зема предметот од Нотар ( со мое дадено полномошно ) увидува дека во 2004 доверителот има поднесено тужба за истиот долг, ама мојот адвокат цело време се повикува на застареност а ф-ра која е од 2001 а првата тужба 2004г ( не се поминати 5год за застареност ) и спорот го губам со образложение на судот : Иако 2015 г доверителот се повлекува од тужбеното барање тоа не значи дека се ОТКАЖУВА ОД ПОБАРУВАЊЕТО НА ДОЛГОТ, ама доверителот си се повикува на постоечката тужба од 2004 ( поднесена навремена тужба не застарува ) ?!?!?= И сега ?!?!? Твојот колега не ја довел странката /клиент во заблуда ?!?!

За жал, добар дел од адвокатите вака размислуваат. Мислат дека се знаат , ја убедуваат странката дека е 100% во право, ама кога ке изгубат, е тогаш странката не соработувала добро ?!?![DOUBLEPOST=1548113741][/DOUBLEPOST]
Во кој погрешен правец?
Адвокатот знае за предметот онолку колку што ќе му каже странката.
И ако странката престане да соработува (не сака да плати вештачење, ја потскрива фактичката состојба, лаже за постоење на докази, а за нив адвокатот дознава на рочиште од спротивната страна, и ред други работи) тогаш како адвокатот ќе ја заштити сопствената странка? Затоа се откажува полномошно од адвокатот, или во случај ако странката од нејзе познати причини не е задоволна од адвокатот го отповикува полномошното, но и во двата случаи тоа не ја ослободува странката од тоа што го должи спрема адвокатот за претходното застапување на рочишта и составување на поднесоци.
Во однос на спорот ако се изгуби како може да сноси одговорност адвокатот кога судот одлучува? Колку и да е во право едната страна, на крај судот носи одлука, затоа незадоволната страна може да вложи редовни и/или вонредни правни лекови пред повисок суд, ако и после исцрпување на сите правни средства остане странката незадовoлна има наднационален суд, тоа е судот за човекови права во Стразбур за да се тера правдата.
Ама проблемот е друга работа, во вашиот коментар и во коментарот на претходниот член изричито се гледа дека вие сакате да ви заврши некој работа а да не платите, затоа од толку логично и јасно објаснување погоре што плаќа странката при откажување/отповикување на полномошно не е возможно да не сте разбрале.
До душа и јас можам да се правам дека не ве разбирам и да си терам ирационално дебатирање, но не, единствено ќе завршам со овие прашања на кои не е задолжително да ми одговориш.
Зошто некој да вложи знаење, енергија, време, труд за да ти напише тужба со сите нишани, која ќе биде правно образложена, а да не си му ја платил во време на пишувањето, а после да не сакаш да му ја платиш само затоа што се прекинала соработката во текот на постапката?
Зошто некој да те застапува на 3 рочишта и правно да се бори за тебе, а не си му ги платил рочиштата претходно, а после поради прекин на соработката во текот на постапката, да не сакаш да му го платиш тоа претходно застапување?
Сите услуги во сите дејности се наплаќаат онолку за колку се користени.
Состав на тужба, застапување на рочиште е интелектуална услуга која се наплаќа доколку си користел, не може тоа така да користиш интелектуални услуги а после да не платиш, и после се прашуваме зошто извршители?

Престанувам да дебатирам, поздрав.[DOUBLEPOST=1548111822][/DOUBLEPOST]

Инаку, во твојот пост не ми се обраќај лично, јас со тебе сум немал работа.
Де бе не се нервирај... ова е само дебата на спротивставени мислења. Побиј ме правно !!!!
 
Последно уредено:

baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
Може ли некој да ми каже за оваа работа ?
Дали може некој да поснесе било каков поднесок во суд за име и сметка на друго лице а притоа да не приложи било какво овластување или полномошно дека е овластен за тоа??? Без разлика дали лицето кое поднесува е Адвокат или само обичен граѓанин/ странка ?????

Мислам дека тешко некој ке одговори реално ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom