Обновливи извори на енергија

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Можеби сте слушнале, прочитале нешто околу поделбите на изворите на енергија кои се користат и за некои понови размислувања за искористување на алтернативни и обновливи извори на енергија.

Најсе, се случува нешто со нашата планета и тоа е повеќе од сигурно. Последиците веќе одамна почнаа да се чувствуваат, но за среќа сеуште постои можност (ако не и последна шанса) да се превземе нешто, нешто со би се заштитиле себе си, како и нашите поколенија. Едно од многуте решенија е да почнеме повеќе да ги користиме обновливите извори кои ни се на располагање.

За обновливи извори на енергија се сметаат оние енергетски извори кои ги има во неограничена резерва, или поконкретно - коишто би траеле се додека Сонцето со својата енергија го подржува животот на Земјата. Вкупната енергија што може да се екстрахира од алтернативните извори на енергија е огромна. Вкупното количество на сончева енергија што во една секунда пристига врз површината на нашава планета е 120 000 TJ, што е 10 000 пати повеќе од глобалната потрошувачка на енергија. Проценето е дека, на глобално ниво, соларната енергија што пристига во текот од 10 седмици, е еквивалентна на енергијата од сите досега познати резерви на нафта, јаглен и природен гас на Земјата.

Користењето на обновливите извори на енергија е сврзано со некои лимитирачки фактори: промената на денот и ноќта, сезонските варијации, метеролошките услови. Поради тоа се јавува проблемот за складирање на создадените резерви заради нивно користење кога не може да се генерира нова енергија (пример нема сончева светлина, ветер). Еден важен лимитирачки фактор е географската распределба на различните видови на извори.

Поради тоа што нема лимит во нивното траење, како и поради минималната деградација на природната средина, обновливите енергетски извори што побргу треба да ги заменат фосилните енергетски извори.






Соларната енергија може да биде користена преку пасивни соларни системи и преку активни соларни системи. Користењето на пасивните системи е познато неколку илјадници години. Така на пример, исламската архитектура традиционално ја користи пасивната соларна енергија за разладување на куќите. Архитектонското решение за градбата на една куќа треба да го земе предвид пасивното користење на соларната енергија, за да обезбеди оптимални температури во текот на целата година, како и добра осветленост во внатрешноста на куќите. Денес се користат специјални прекривања за прозорските стакла кои ја пропуштаат сончевата светлина и прават добра топлотна изолација. Активните соларни системи користат механичка енергија, (вообичаено електрични пумпи или други апарати) за да пренесуваат воздух, вода или други флуиди од местото каде што се наоѓа колекторот до местото каде што е складирана топлината.
Фотонапонските (фотоволтажните) ќелии, кои директно ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија, се направени од полуспроводнички материјали. Овие ќелии може да имаат мали димензии и да бидат користени во рачни часовници, калкулатори, мобилни телефони, но има и поголеми димензии, така што може да обезбедуваат електрична струја за цело едно домаќинство или пак да напојуваат електрична централа.

Многу често кај новите градби се користат фотоволтаци кои имаат двојна фунција - создавање на електрична енергија и како градивен материјал. Така тие често може да ги заменат традиционалните градивни материјали како што се фасадните плочки, покривните керамиди, настрешници, прозорци, преградни ѕидови и друго.

Португалија, на 200 км јужно од Лисабон, го почна градењето на најголемата соларна електрична централа. Таа требаa да почне со работа во почетокот на 2007 година и ќе обезбедува електрична енергија за 8000 домаќинства. Централата ќе се состои од 52 000 фотоволтаични панел,и распоредени на 60 хектари и ќе има моќност од 11 MW. Со нејзиното користење годишно ќе се избегне емитување на 30 тона CO2 во воздухот.





Геотермалната енергија и нејзиното искористување

Геотермалната енергија (англ. geothermal energy, герм. geothermische Energie) во потесна смисла го опфаќа само оној дел од енергијата од длабочините на Земјата кој во форма на врел или топол геотермален медиум (вода или пареа) доаѓа до површината на Земјата и може да се искористи во изворна форма (за капење, лечење и сл.) или за претворање во други (електрична енергија, топлина во топлински системи и сл.).


Геотермалната енергија е последица на разни процеси кои се случуваат во длабочините на Земјата (распаѓање на изотопи и сл.), каде што температурата изнесува повеќе од 4.000 степени Целзиусови, а настанатата топлина низ слоевите на Земјината кора се одведува кон вселената. Промената на температурата од длабочините на слоевите се нарекува геотермален градиент, кој во Европа просечно изнесува 0.03 степени Целзиусови на метар.

Температурниот градиент, односно зголемување на температурата по километар длабочина, е најголем непосредно до површината, а со зголемување на оддалеченоста од површината станува се помал.

Инаку, до длабочина од 30 метри топлината на Земјината површина е условена и од зрачењето на Сонцето, а во тие слоеви температурата е речиси константна.

Се проценува дека топлинскиот тек од внатрешноста до плаштот на Земјата изнесува 42 TW. Притоа, 8 TW потекуваат од Земјината кора (која е само 2% од вкупниот волумен, но е богата со радиоактивни изотопи), 32,3 TW од површината (82% волумен), а одвај 1,7 TW од јадрото (16% од волуменот, но нема изотопи). Севкупната геотермална енергија на Земјата (т.е. Земјата како плнета) би можела да се процени на 12,6*10^24 MJ, а на кората на 5,4*10^21 MJ. Се разбира, само еден помал дел од сето тоа би можел ефикасно да се искористи.

Значи, светскиот геотермален потенцијал е голем, речиси 35 милијарди пати повеќе отколку што изнесуваат денешните потреби од енергија, но само мал дел од тоа може ефикасно (односно исплатливо) да се искористува, се до длабочина од 5.000 метри.

Под поимот геотермални извори (англ. geothermal resources, герм. geothermische Quelle) се подразбираат извори на геотермален медиум на вода од подземни лежишта кои можат да бидат без довод на вода (напојување) од површината или со природен или вештачки довод на вода од површината која тогаш минува низ подземни лежишта.

Подрачјата кои имаат најголем број на геотермални извори истовремено се и оние што геолошки се се уште мошне активни, односно кои имаат активни вулкани или во кои често доаѓа до потреси. Тоа се подрачјата околу Тихиот океан (тн. циркумпацифички огнен круг: западните делови на САД и Канада, Средна Америка, западните брегови на Јужна Америка, Нов Зеланд, Индонезија, Филипини, Јапонија и источен Сибир), средноатлантскиот гребен (Исланд и Азорските острови), планинските вериги како што се Алпите и Хималаите, источна Африка, централна Азија и некои тихоокеански острови.

Геотермалните извори можат да се поделат на неколку основни начини:

-според степенот на истраженост, односно потврденост на лежиштето;

-според видот на лежиштето;

-според температурата на медиумот (топла или врела вода или пареа).

Според степенот на истраженост на лежиштето, познавањето на хемискиот состав и физичките својства на медиумот (вода или пареа), со параметрите потребни за нивно утврдување и можностите за искористување, геотермалните извори се делат на:

-утврдени: билансни (кои можат исплатливо да се искористуваат со досега познатите технички средства) и вонбилансни (кои се уште не можат исплатливо или воопшто не можат да се искористуваат со познатите технички средства);

-потенцијални.

Геотермалните извори во однос на видот на геотермални лежишта се делат според:

-напојувањето, односно начинот на влегување на медиумот во лежиштето и излегувањето од него: со природно влегување (напојувалиште) и излегување (извор или извор на вода), со природно влегување и вештачко излегување на водата, низ дупка, како и со вештачко влегување и излегување на водата (дупка);

-термодинамичките и хидролошките својства: извори на топла или врела вода (гејзири), извори на сува водена пареа, лежишта на вода и гасови под висок притисок и врели и суви карпи (магма).

Изворите на топла или врела вода (некаде ги нарекуваат гејзири) се најчест и најпрепознатлив начин на доаѓање на загреана вода од длабочините на површината на Земјата. Потекуваат од врела вода или пареа која се наоѓа заробена во распукани и шупливи (порозни) карпи на помали или средни длабочини (од 100 м до 4.500 м). Притоа, медиумот во најголем дел е во течна фаза, а само во помал дел во форма на пареа (како меурчиња). Кога температурата е доволно висока (> 170 °C), водата при излегување на површината се претвора во пареа која може да се користи за погон на парна турбина, а кога температурите се пониски редовно се користи секундарен преносник на топлина (тн. бинарни геотермални електрани). Инаку, изворите на врела вода засега претставуваат единствен геотермален извор кој во светот се искористува комерцијално.

Лежиштата на сува водена пареа на светот се сразмерно ретки, но се сметаат за наједноставни и најисплатливи за искористување оти природната сува водена пареа може директно да се користи за погон на парна турбина.

Лежиштата на вода и гасови под висок притисок се наоѓаат на големи длабочини (од 3.000 м до 6.000 м). Притоа, водата е со умерена температура (помеѓу 90 и 200 степени Целзиусови) и содржи растворен метан. Благодарение на мошне високите притисоци би било можно да се искористува како механичка, топлинска, па и хемиска енергија, но со досегашната технологија се уште не се смета за исплатливо.

Врелите и суви карпи, односно магмата, се наооѓаат во непропустливите слоеви на големи длабочини и имаат висока температура, помеѓу 700 и 1.200 степени Целзиусови. За нивно искористување би била потребна сложена технолгија (доволно длабока дупка), што е се уште неисплатливо ниту технолошки целосно разработено, а засега постојат само неколку испитни постројки (на пример во Лос Аламос во САД и во Велика Британија).

Според температурата на геотермалниот медиум (вода или пареа, односно нивните смеси), геотермалните извори можат да бидат:

-нискотемпературни (со горна граница на температурата помеѓу 90 и 150 степени Целзиусови), среднотемпературни (во подрачја на температури од најмалку 90 до најмногу 225 степени Целзиусови) и високотемпературни (со долна граница на температура помеѓу 150 и 225 степени Целзиусови).

Геотермалната енергија денес се користи во многу земји за потребите на лечење и рекреација, за греење и топла вода, за производство на електрична енергија, за потребите на земјоделството (на пример, загревање на стакленици, рибници, земјиште) и за потребите на индустријата.

http://panoptikum.com.mk/2009-11-08-15-10-52/astro-geo/1006-2010-06-09-17-05-08.html
 
T

Tetro

Гостин
Обновлива енергија – растечки ресурс!

Европскиот начин на живот сеуште е зависен од фосилните горива. Овие горива се создавани со милиони години од остатоците од предисториските шуми.
Под почвата, времето и притисокот полека дрвата ги претвориле во огромни полиња од нафта, гас и јаглен. Како и да е, светот веќе искористил половина од овие горива, и за неколку декади веќе нема да ги има.
Така што потребно е Европа да развие сигурни извори на енергија кои што се непресушни; енергија од сонце, ветер, вода и енергетски постројки.




Обновливата енергија не е ништо ново. Со векови, зградите се дизајнирале да ја искористуваат топлината од сонцето. Дрвото се користело за греење и готвење. Ветерната енергија се користела за мелење на жито, и за превезување на стока и луѓе околу светот со големи бродови.




Ресурсите за обновлива енергија можеби не се промениле, но технологијата со сигурност се променила. Современите ветерни турбини се многу ефикасни и сега произведуваат електрична енергија за илјадници домови во Европа. Тие исто така не произведуваат јаглеродни гасови кои го предизвикуваат глобалното затоплување.



Сончевата енергија исто така станува многу значајна. Сончевите панели користат фотоволтаични ќелии изработени од специјален тип на силикон. Тие ја претвораат сончевата светлина директно во електрична енергија.




Соларната термална енергија се користи за обезбедување на топлина и топла вода. Цевките ја апсорбираат сончевата топлина на многу ефикасен начин и ја предаваат преку цевките до резервоарот за вода.




Хидро енергијата е голем извор на енергија во повеќе европски земји, особено во Скандинавија. Браните се користат за правење на резервоари. Водата се пропушта низ стрмно поставени цевки и ги движи турбините кои што произведуваат електрична енергија. Да потврдиме дека овој ресурс е обновлив и не произведува јаглеродни гасови.

Најразновидна од обновливите енергии е биомасата – енергија од биолошки супстанции. Има многу различни извори на биомаса вклучувајќи дрвени остатоци, остатоци од храна, сточни остатоци и индустриски култури.



Како што природните сили ги претвориле праисториските шуми во нафта, јаглен и гас, технологијата може да се искористи за претворање на биомасата во цврсти, течни и гасни горива.

Дрвото, сламата и индустриските култури како што се врба и трска-miscanthus, кои што може да бидат согорени во термоелектрани за производство на електрична енергија или топлина.

Сточни, земјоделски и остатоци од храна може да бидат претворени во биогас. Од него може да се произведе топлина и електрична енергија како и гориво за транспорт.



Ферментацијата се користи за произведдување на биоетанол од житни култури и шеќерна репка. Процесот на дестилација е многу сличен со оној кој што се практикува за производство на алкохолни пијалаци. Етанолот може да се помеша со бензин или да се употреби како гориво во специјално прилагодени мотори.

Биодизелот се произведува од маслодајна репка, сончоглед и други маслодајни култури. Прочистеното растително масло се меша со алкохол и образува соединение т.н. естер. Тој може да се употреби како гориво за конвенционални дизел машини.

Биодизелот и биоетанолот произведуваат јаглерод двооксид кога се согоруваат во автомобилски мотори. Но, растенијата го апсорбираат јаглеродниот двооксид додека растат. Така, биогоривата не придонесуваат во голема мера за глобалното затоплување.


http://www.learn-energy.net/kidscorner/mk/o11/o11_re.html
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Фузијата е далеку подобра.Наместо да се вложува во соларни електрани подобро да се вложува во проекти кој работат на изнаоѓање начин за контролирање на енергијата од фузијата.
 
I

Iblis

Гостин
Фузијата , без разлика дали е ладна или не, сеуште е далеку од искористлива, така што обновливите извори се најдобар избор за сега,секако кога се разумно поставени.
П.С. Тоа биомасата е опасна работа 1/6 од житото оди за производство на биоетанол
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Во Германија, во едно гратче, постојат куќи кои не се приклучени на ел. мрежа.
Покривите им се со соларни плочи, користат геотермална енергија, а мислам дека во близина на градот има и еолска централа.
Кај нас во Македонија, особено во Пелагонијава... има доволно сончеви дениви кои може да бидат искористени за производство на ел. енергија.
 
T

Tetro

Гостин
Конечно се подига браната Света Петка

Во тек е изградба на телото на браната, а паралелно се одвиваат градежно – монтажни работи и на другите објекти на хидроелектраната Света Петка (Матка 2). Браната е двојна лачна, со висина од 69 метри, должина на круната од 118 метри и волумен од 24.600 метри квадратни. Акумулацијата при максимално ниво ќе покрива површина 0,62 километри квадратни и ќе биде долга 11 километри. Нејзиниот вкупнен волумен ќе достигнува 9,1 милиони метри кубни вода, а активниот волумен ќе изнесува 1,1 милион метар кубен. Генераторите ќе ги придвижуваат две „Францис“ турбини, со моќност од по 18,2 мегавати, односно вкупна моќност од 36,4 мегавати. Годишното производство на електрична енергија се проценува на 66 гигават часови.
ХЕ Св. Петка е алката која недостасува за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска. Таа е лоцирана помеѓу хидроелектраните Козјак и Матка и заедно со нив ја сочинува каскадата која покрај производство на електрична енергија, овозможува и значајно регулирање на приливот на вода во Вардар. Инвестицијата во овој нов капацитет на „ЕЛЕМ“ изнесува околу 64 милиони евра, од кои 41 милион се кредитно задолжување, а 23 милиони сопствени средства на компанијата.
Пуштањето во погон на ХЕ Св. Петка првично беше планирано за март 2009 година. Изградбата започна уште во февруари 2004 година кога „Мавровоинженеринг“ и скопски „Бетон“ го пробија пристапниот пат, и ги изградија опточниот тунел и преливната шахта. Словенечки „Рико“ стартуваше со својот дел на работите во јуни 2006 година, но оттогаш изградбата беше проследена со многубројни проблеми и застои. Според последните најави на директорот на „ЕЛЕМ“, Влатко Чингоски, хидроелектраната треба да профункционира до крајот на годинава.


http://energetskaefikasnost.info/?p=332
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Пронајден "Светиот Грал" на науката!
ALPP.jpg
Научници тврдат дека го откриле „Светиот грал“ во форма на вештачки лист кој би можел да го претвори секој дом во автономна електроцентрала. Листот, кој е малку поголем од кредитна картичка, го имитира процесот на фотосинтеза кој растенијата го користат за претварање на сончевата светлина и вода во енергија.

Научниците кои стојат зад овој изум велат дека листот би можел да биде евтино решение за растечките енергетски кризи во сиромашните земји. Предводникот на тимот истражувачи, доктор Даниел Ночера, изјавил: „Практичен вештачки лист е еден од Светите гралови на науката со децении. Ние веруваме дека најпосле го создадовме.“

„Нашата цел е секој дом да го претвориме во електроцентрала. Можете да замислите како во блиска иднина села во Индија и Африка ќе можат да купуваат евтини основни системи за создавање електрична енергија базирани на оваа технологија.“ Направата воопшто не наликува на природните листови кои научниците ги користеле како модели за нивните напори за создавање на овој нов тип на соларни ќелии.

Направите имаат облик сличен на карти за играње но се потенки. Тие се направени од силикон, електронски компоненти и каталисти, супстанци кои ги забрзуваат хемиските реакции кои инаку би биле или многу бавни или воопшто нема да се појават. Ночера додал дека еден лист, поставен во четири литри вода и оставен на силна сончева светлина би создал доволно електрична енергија за целодневните потреби на еден дом.

Ночера потсетува дека вештачкиот лист не е нов концепт. Првата таква направа била создадена пред повеќе од десет години. Но таа направа била непрактична за општа употреба, иако процесот на фотосинтеза бил ефикасен, направата била направена од ретки, скапи метали и била многу нестабилна - имала животен век пократок од еден ден. Новиот лист на Ночера ги надминува тие проблеми.

Листот е направен од евтини лесно достапни материјали, работи во наједноставни услови и е многу стабилен. Во лабараториски експерименти тој покажал дека листот може да функционира 45 часа без престан без никаков пад во активноста. Во моментов вештачкиот лист е околу десет пати поефикасен од природните листови. Но Ночера е оптимист и вели дека во иднина би можел уште да ја подобри неговата ефикасноста.

„Природата е напојувана од фотосинтеза, и јас мислам дека светот во иднината исто така ќе биде напојуван од фотосинтеза преку вештачкиот лист“ додал Ночера кој е хемичар од Институтот за Технологија во Кембриџ, Масачусетс. [Scientists find 'Holy Grail' of science as they mastermind the world's first artificial leaf]
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.956
не е проблемот до обновливите извори на енергија колку што е до моменталните необновливи извори на енергија.или поинаку кажано се додека развиените земји имаат поевтин извор на енергија а другите кој го имаат тој извор на енергија го имаат во изобилие ништо посебно нема да се случи.се е во равенка на парите.зошто некој би плаќал повеке за нешто кое го има и сега за помалце.вие би плаќале на пример ??
кога ке дојде до моментот да нема друго чаре освем да се бара алтернатива за друг извор на енергија, сите други ке бидат скапи и се ке биде подобро од нив или ке бидат застапено во некој експериментални фази или во многу мал број да не преставуваат закана за големите бизниси и компании.чисто за пример моментално на америка е и поисплатливо да води војна за човекови порава( нафта) отколку сериозно да размилсува за обновливи извори на енергија.
инаку за темата ладната фузија некако најповеке ми лежи на срце како технологија , далеку подобра од атомската сончевата и силата на ветерот, ама кој да вложи во неа кога имате нафта и нуклеарни реактори јаглен и природен гас??
сега скоро читав и тоа тука мислам за производство на гориво( дизел ) од алги кое само делимично го решава проблемот ама на долги патеки мора нешто друго да се смисли ама за тоа ке почекаме едно добри 30 40 години додека снема нафта.или тоа или гледајтего лудиот макс филмот.нешто ќе биди ама што ??
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
не е проблемот до обновливите извори на енергија колку што е до моменталните необновливи извори на енергија.или поинаку кажано се додека развиените земји имаат поевтин извор на енергија а другите кој го имаат тој извор на енергија го имаат во изобилие ништо посебно нема да се случи.се е во равенка на парите.зошто некој би плаќал повеке за нешто кое го има и сега за помалце.вие би плаќале на пример ??
кога ке дојде до моментот да нема друго чаре освем да се бара алтернатива за друг извор на енергија, сите други ке бидат скапи и се ке биде подобро од нив или ке бидат застапено во некој експериментални фази или во многу мал број да не преставуваат закана за големите бизниси и компании.чисто за пример моментално на америка е и поисплатливо да води војна за човекови порава( нафта) отколку сериозно да размилсува за обновливи извори на енергија.
инаку за темата ладната фузија некако најповеке ми лежи на срце како технологија , далеку подобра од атомската сончевата и силата на ветерот, ама кој да вложи во неа кога имате нафта и нуклеарни реактори јаглен и природен гас??
сега скоро читав и тоа тука мислам за производство на гориво( дизел ) од алги кое само делимично го решава проблемот ама на долги патеки мора нешто друго да се смисли ама за тоа ке почекаме едно добри 30 40 години додека снема нафта.или тоа или гледајтего лудиот макс филмот.нешто ќе биди ама што ??
Mad Max 1979.
World Peak oil per capita 1979.

:vozbud:

Инаку не постои „Америка“ постојат поединци и групи на кои повеќе им се исплати нафтата отколку барање алтернативи кои од корен би ги измениле економските,политичките и социјалните односи на одредена територија а и во светот, како пронајдокот со листот во претходниот пост...
Не им е од корист така да некоја широка имплементација би подразбирала алтруизам/свест а дали тоа може да постои во тие кругови знаеме...
Од друга страна имаме квази-алтернативи како етанол,био-дизел и слични кои ствараат повеќе срања отколку што решаваат.
Од 1979 е веќе невозможно да се појави алтернатива, не во смисла дека не може да постои енергенс некој туку целата инфраструктура, геополитички односи, целиот капитализам како доминантен систем се врзани за нафтата како џанаци на хорс...

Ладна фузија и капитализам?
Ќе биде...ќе биде...:)
 
F

Frankie Yale

Гостин
Што се однесува барем до автомобилите, според моето нестручно мислење донесено гледајќи документарци најдобра варијанта би била хидрогенско гориво зошто издувните гасеви би биле само h2o што нормално не е штетно. И наспроти популарното мислење по несреќата со цепелинот Хинденбург, хидрогенското гориво не е поопасно од бензинот.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Што се однесува барем до автомобилите, според моето нестручно мислење донесено гледајќи документарци најдобра варијанта би била хидрогенско гориво зошто издувните гасеви би биле само h2o што нормално не е штетно. И наспроти популарното мислење по несреќата со цепелинот Хинденбург, хидрогенското гориво не е поопасно од бензинот.
Викаат дека се поскапи за одржување, но тоа е оправдано затоа што технологијата е и релативно нова и малку користена.
Водородот и кислородот го има во изобилство, па со време ова би требало да биде доста ефтино гориво (ако не друго секој може да го произведи), впрочем како и електричните автомобили (според мене, одлични би биле за градски услови).

Полнење со хидрогенско гориво:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Сончеви централи кои работат на принципот на концентрирана сончева енергија.
Целата енергија од огледалата се концентрира во една точка каде има висока температура.
Прост пример, горење на мравки со лупа.
Од таа топлина во таа точка преку парен котел притисокот од пара се доведува до турбина која врши кружно движење. Турбината е приклучена на генератор на струја и потоа таа струја преку далновод се дистрибуира до домовите.
Вака изгледа една таква сончева централа:



Или може да бидат во вид на параболочни огледала. Чист пример се сателитските тањири, кои работат на ист принцип.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Во моментов правам сончев концентратор, т.е сечам огледало на мали коцки кои потоа ги лепам на тањир за телевизија, фи 60цм.
P09-04-11_19.35.jpg
Теоретски огледалата треба да ја насочуваат светлината во една точка, измерив во висина од околу 40цм напречно над тањирот. Тоа е точката на фокус, a огледалото е наречено конкавно. Постои и конвексно огледало кое е заоблено нанадвор. Чист пример за конвексно огледало се големите округли огледала на ќошевите во маркетите.
И утре ако биде сончево ке ја испробам, да видам дали ке можам некое дрво да изгорам или вода да загреам за кафенце да си правам преку лето или пак некое тавче со зејтин и да пржам кебапчиња.
Не се смејте, има вакви примери на youtube. :)

Инаку што поголем тањир се користи, тоа поголема површина зафаќа, повеке сончеви зраци се усмеруваат кон една точка и се добива поголема температура.
Ако има заинтересираност ке направам и клипче па да видите колкава е моќта на сонцето, и тоа само на толку мала површина од 60 цм во дијаметар, а замислете што ке се случи да користам тањир од 2 метри???
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Истото може да го направиш и со лупа или наместо да сечиш огледалца да ти направат цело огледало исто ти се фаќа.Соларните електрани ги прават сечени за да може полесно да ги менуваат.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.956
пробај. така се развива технологијата. можеби во меѓувреме ке имаш некој нов пристап на проблемот и ке ти текни нешто друго.и најдолгиот пат се почнува со еден мал чекор.
и ако користиш веќе од сателитска тањир фокусот ти е на самото око каде што беше за да не се мачиш да мериш. инаку ако имаш дигитален унимер што мери температура ке земиш мало парче метал пребоено со мат црна боја и на него ке ја прицврстиш сондата и парчето ке го на надвор навнатре и во еден момент ке добиеш нагло зголемување на температурата. е тука е фокусот.сега како тоа ке го искористиш за да добиеш корисна енергија е тоа е веќе друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom