Најави за репрезентации

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441


Основни информации:

Селектор: Оскар Табарез

Настапи на СП: 13

Освоени титули: 2 (1930, 1950)

Пласман 2014: 1/8 финале

Шанси за први во група А: 50%

Шанси да ја поминат групата: 81%

Шанси за шампион: 2.9%


После 12 години на кормилото на Урувај, стигнавме до крајот на ерата на Оскар Табарез а најверојатно и ерата на Суарез – Кавани. Последните 10 години Уругвај има страшен напад, според многумина и најдобар, имаат стабилна одбрана низ годините предводена од Годин но фалеше средниот ред за конечно да стигнат до титула или барем медал.На СП 2010 Форлан ги донесе до 4тото место но сега со зрели Кавани и Суарез време е да атакуваат на нешто повеќе.

Конечно Уругвај има квалитетни играчи во средниот ред но и премногу млади за големата сцена. Дилемата е на Табарез дали да игра со старите волци и да ја има препознатливата бавна игра и да се чека грешка на противникот која ќе ја казнат или пак да се фрлат децата во оган и конечно Уругвај да изигра храбро и да биди екипа која ќе ја диктира играта.



Се очекува Уругвај да игра во формација 4-3-1-2. Во почетниот состав сигурни се Муслера и 4ката во одбрана Переира, Годин, Гименез и Касерес. Голема предност е уиграноста на Годин и Гименез во Атлетико така да не би требало да имаат големи проблеми иако Муслера е мувар но има добри рефлекси така да се покажал како доста корисен голман во турнири кога ќе фати ритам. За средниот ред сигурен е Весино имаше сосема солидна сезона во Интер и исто така сигурен е и 22 годишниот Нандез од Бока кој важи за миленик на селекторот. На врвот на дијамантот треба да биди Де Араскета од Крузеиро или екс јорганџијата Кристиан Родригез. За последното место се борат Тореира и Бентанкур и апсолутно треба да стартува Тореира. За нападот нема што да зборувам.

Играчи на кои треба да се обрни внимание: Покрај ѕвездите во нападот клучни ќе бидат младите Тореира, Бентанкур и Нандез и од нив ќе зависи колку далеку ќе стигни Уругвај. Посебно Тореира кој покрај дефанзивните карактеристики знае да ја изнесе топката и да тргне брз против напад. Мое предвидување е дека ќе бидат први во групата и ќе ја поминат Португалија во 1/8 финале но во 1/4 финале паѓаат.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom