Металург побара оставки од раководството на РФМ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
На само неколку дена пред собранието на кое Ракометната федерација на Македонија официјално се очекува да добие нов претседател, шампионот Металург со жесток напад кон сегашната раководна гарнитура.

Според управата на клубот, одлуката на второстепената натпреварувачка комисија за тринеделно одложување на дербито со Вардар ја нарушува регуларноста на првенството, го фаворизира ривалот, а е донесена под притисок на в.д. претседателот Михајло Михајловски и на генералниот секретар Марјан Начевски.

Поради згуснатиот календар, македонскиот првак апелира управниот одбор да го прифати неговото барање за заштита на законитоста и да го закаже третото годинешно дерби веќе за претстојниот викенд.

„Ние бараме натпреварот да се одигра следната сабота, што можеби не ни одговара, затоа што сме влезени во циклус на припреми со репрезентацијата: Бидејќи се прават многу отстапки, би можеле да направат и таква отстапка, се поле тој термин, прв термин во кој Металург може да игра е 15. април“, изјави Филип Христов, потпретседател на РК Металург.

Со одлуката мечот да се одложи за повеќе од еден месец, РФМ директно му штети на единствениот наш меѓународен претставник, кој дава најголем број репрезентативци, и тоа непосредно пред мартовскиот циклус евро-квалификации.

„Го гледаат интересот само на еден субјект, тоа е РК Вардар ПРО, за да опстане господинот Веселин Вујовиќ како тренер. Малку потрезвено треба да размислуваат луѓето што го водат ракометот во оваа држава и да си поднесат оставка бидејќи не се спремни ниту способни да работат на тие функции и работат само по задачи на некого“, рече Левче Китевски, директор на РК Металург.


Во хаосот што го предизвикаа прво и второстепената натпреварувачка комисија, никој не водел сметка за играчите. Прашуваат што ако ние се разболеме во терминот што ни го предлагаат. Во клубот велат ќе играме ли во август?

„Секаде има повредени играчи, за мене нема разлика дали е болен од заушки или е повреден, не му го посакувам тоа на никого но тоа е спортот и на сите ни се случуваат некои лоши работи. Сите сакаме ова да биде едно реално првенство искрено сите даваме 100% од нас и навистина боли кога ќе видите дека се форсира било која страна“, заклучи Борко Ристовски.

Мое мислење е дека политиката не металург е следава: Купува играчи или позајмува само за натпреварите со Вардар, играчи кој многу скапо ги плаќа, затоа временскиот период на одложување не им оди во пролог, Финансиски се разбира...
Во ваква позиција како што се со оглед на смалениот список на играчо на Вардар, на Металург му се даваат поголеми шанси за победа, односно за освојување на круната...

И не го С'скајте чичко Михајло Михалјовски(претседател на Вардар и на РФМ) да земе на позајмица неколку ѕверки па да ве потепа 15 разлика:vozbud:

ИЗВОР И ВИДЕО
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom