Имав прилика да го гледам ДЕДО И ВНУК на Пиперкоски на премиерата во Битола.
На кратко добра приказна која можеше подобро да се раскаже. Барем за мене а и за повеќето на проекцијата првиот 1 час од филмот беше поприлично досаден. Сето дејство, заплат и расплет се случи во последните 40 минути. Некој актери тотална утка. Двете главни улоги Салаетин Билал и Лилиќ добро се покажаа, особено Дејан Лилиќ кој е носител на дејствието. Горан Стојаноски, Благој Веселинов беа исто така многу добри. Не ми е јасно зошто толку многу се потенцираше некое значење на Охрид кое го нема. Нема никакво влијание врз филмот како што се пишува во медиумите. Ние битолчани се разбираме во кинематографија, па можам да заклучам дека директорот на фотографија просечно си ја заврши работа. Иако беше премиера со присуство на режисерот и дел од екипата немаше интерес во Битола за филмот. Што не е вообичаено. Ама не е ни чудно. Не очекувам силни реакции, голема кино дистрибуција, фестивали и награди. Од мене добар (3)