Македонски Пошти- општа дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?


  • Вкупно гласачи
    39

jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
849
Поени од реакции
568
Значи не можам повеќе со вакви институции заборавени во времето. Истата институција, со истиот ентериер, со истиот метод на работа од пред 50 години и без изгледи дека нешто ќе се промени.

Да напоменам дека овој пост пред се, се однесува на главната пошта под Железничка станица од која понатаму се разнесуваат пратките во локалните пошти.


1. Известие за пристигната пратка. Со години се користи истото картонче за да те известат дека пратката е пристигната, целото е со печатни грешки и зборови што не постојат во македонскиот литературен јазик и на никој не му е гајле. Кога ќе размислам какво е се друго, картончето е најмалиот проблем (нека го прикачи некој ако му се наоѓа при рака)

2. Поштата може тебе да ти доцни, но ти не смееш да и доцниш на поштата. Доставата на пратки во светски рамки драстично се подобри. Hong Kong Airmail Post почна да доставува пратки од другиот крај на светот за една недела, а понекогаш исто толку време и треба на нашата пошта за да ја обработи истата. И за тоа треба да бидеме луѓе и да ги разбереме, но ако ти не си го проверил поштенското сандаче и не ја подигнеш за 5-7 дена ќе ја вратат од каде што е купена. Зошто? Бидејќи ти си тој кој треба да биде во служба на поштата а не обратно.

3. Пратката е пренасочена. Гледаш дека пратката е пристигната онлајн, си велиш ќе одам да ја земам. Одиш кај поштарите, не е кај нас пренасочена е на приемно одделение. Одиш на приемно одделение, а дечко утре ќе ти стигне известување дека од задутре можеш да дојдеш да ја земеш. Па добро бе 2 врати ве делат со поштарите, организирајте се и дајте ми ја пратката. 3 дена процедура за нешто што треба да одземе максимум 5 минути.

4. Губење на пратки. Моето досегашно искуство покажало дека, пратките без број за следење без проблеми стигаат доколку е пластика, имаат ситни и лесни работи, но доколку е во кутија и/или изгледаат симпатично, мистериозно ќе исчезнат. Доколку е книга може да ја скинат опаковката за да се види што книга е и ако е на англиски така со скината опаковка ќе ви ја достават без пардон. Се разбира за ова не можам со сигурност да потврдам чија вина е but it fits the description.

5. Ако отидете 10 минути пред крај на работно време, како во око да сте им бркнале. Ако отидете во сабота кај поштарите (а најверојатно и другите денови) 10 минути пред истекот на работно време, џабе сте отишле. Се спакувале, раздолжиле и се на пат накај дома. Затоа што работно време е за пи*кици.


Морам да им оддадам почит на 20% од вработените кои одговорно и чесно си ја вршат работата и покрај сите услови, но сепак нешто е труло. А тоа не е само ентериерот и екстериерот на македонски пошти.
 
Последно уредено:

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Одговорот е едноставен, се додека нема конкуренција А.Д. Македонска пошта во државна сопственост ке работи на добропознатиот принцип на работа. Зошто? Затоа што сите постари тетки и чичковци се од поранешна Југославија т.н. ЈУ школа и тогаш немало ваков обем на работа, немало ebay, aliexpress, amazon, имало разгледници од Дубровник, Игало, Херцег Нови, честитки за нова година од Белград, Подгорица и Загреб и толку. Обуки и семинари се оддамна заборавена тема за нив. Новите што се примаат се неписмени или не го разбираат македонскиот јазик во целост. Македонска пошта е свесна дека нема друг оператор што врши меѓународни поштенски услуги по толку ниски цени и сакаме нејќеме она ни е единствен избор, затоа е и тој лежерен однос.

1. Што се однесува до картончињата за пристигната пратка сеуште се секаде исти низ поранешните ЈУ републики само нормално јазикот е различен. Дури и повратниците за пратки се буквално исти.

2. Тоа што ги споменав претходно, старите се флемна новите се неписмени затоа и е доцнењето на процесирањето на една пратка. Не ти станува он од тоа столот во кои корења пуштил за една пратка. Додека убаво не се изнасоберат е тогаш ке почне да работи. Доставата на пратки во светски рамки одсекогаш била на ниво, ние само што се приближивме до светот, до вчера Македонија никаде не постоеше како опција за достава.

3. Истото од точка 2, додека не се насоберат пратки не станува да ја обработи едната. Ако треба ке седи недела дена ама не станува, Кафе и цигарче секојдневен декор.

4. Нормално, сите пратки кои се ситна риба а не се препорачани или ке стасаат со задоцнување или веднаш, покрупните непрепорачани ги нема. Нормално кога ке идеш таму ти викаат такво нешто кај нас нема стасано. Е сега додека дојде до МКД точно е дека поминува и низ други соседни пошти, но кога шеф на подружница ке ти каже дека неговите колеги крадат нема што да се коментира.

5. Добар си ти, во пошта 1020 и 1060 уште во 19:30 е заклучено, и ти мавта со цигарчето демек толку они затвориле касите, предале пратките и да си поприкажат кој што има, иако работното време е до 20:00. Да беше 10 минути до 20 ке бев пресреќен.

Нормално почит кон оние што работат со љубов и што знаат како се работи и што се работи. Ентериерот и екстериерот е Мade in Yugoslavia. Дури и мирисот внатре е сеуште истиот.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
се сложувам за НЕПИСМЕНИ вработени,
никако да научат ова ул.Перо Бургија- 23/31
дека 23 е број на зграда а 31 е број на стан
па така имаме погрешни пратки во сандачињата
(но на времето на нив имаше презиме а не само број на стан,можеби и тука да се бара причината за грешките)
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.960
Ми се има десено во охрид во пошта има еден теглар ќор со наочари е сега незнам дали е до толку ќор или така му одговараше во моментот му викам ми има стигнато пратка ја пратев со тракингот стигната е во пошта му кажувам име и презиме и гледам по пратките и забележав 2-3 пакети како што беа завиткани тренерките што ги чекав , а тој ми вика помини после 3 попладне поштарот да се врати. Одам после 3 и пол и му викам пак и тој демек бара по пратките и ми вика не можам да ја најдам , арно пак се вратив дома пак одам истиот токмак тука и гледа еден друг и ми вика на кое име бараш му кажувам и одма ја најде па ми вика не му замерувај не гледа добро .. ова е единствената негативна работа од поштава до сега . пошто до лани ми стигаа скоро секој ден пратки има еден постар што работи во поштата во охрид тој ми ги тргаше настрана работите што беа за мене дури и еднаш по грешка го исфрлив тоа картончето и ми се јави на телефон да ми каже да си ги земам работите.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
мене поштата ми е закон. трпам шо 30% од пратките ми ги губи од причина што останатите 70% ми ги касни со пробиен рок. во принцип секогаш си добивам рефанд а пратката ако стаса - стаса
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
Наместо во пошта да работат поштени луѓе... Јас ќе се задржам од коментар.
 
G

Goldie

Гостин
мене поштата ми е закон. трпам шо 30% од пратките ми ги губи од причина што останатите 70% ми ги касни со пробиен рок. во принцип секогаш си добивам рефанд а пратката ако стаса - стаса
Што е тука “закон“ кога во 30% од случаите ти ги крадат пратките вработените додека во 70% ти ги заебуваш продавачите?
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Што е тука “закон“ кога во 30% од случаите ти ги крадат пратките вработените додека во 70% ти ги заебуваш продавачите?
сарказам другарче, сарказам
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
мене поштата ми е закон. трпам шо 30% од пратките ми ги губи од причина што останатите 70% ми ги касни со пробиен рок. во принцип секогаш си добивам рефанд а пратката ако стаса - стаса
само заебувајте ги вие продавачите, каде и да е ќе почнат полека и на алиекспрес да не блокираат.

а поштата кај нас е тотално безредие. никогаш нема ни да ја управат.
 
Член од
3 март 2010
Мислења
633
Поени од реакции
359
sto e ova odam vo posta denes da ispratam eden parfem, i mi vikaat zabraneti se parfemi da se isprakjaat, ebave postata
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.713
Поени од реакции
15.584
не ми дојде пратка од 16 евра, од 3 април... барам рефунд, се јаву Селерот, демек 'Hi, sorry to hear you have not received your item yet. Would you please be able to check with your local post office as quite often we have items being returned to us as the postman forgets to leave a collection card.

се јавувам во наша пошта, ми кажува бидејки НЕМА трацкинг намбер тоа сигурно не е ни дојдено во Скопје, овакви поскапи пакетчиња Не враќаме тек така...
Прашувам ДАЛИ НАША Пошта има СПИСОК на пакети што се ВРАЌААТ назад... не знаела
Не е проблем пак да пратат, ама сега во сумер холидеј БЕТЕР е дека че стигне...
на 25 ќе си барам РЕФУНД, а ако ептен ми требаат тие работи наесен ќе нарачам... ама ќе барам Тракинг намбер, без него е заебанција...
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Ако имате проблеми со било која пошта во смисла да ви ги доцнат пратките или да ви ги изгубат, пишете ми во лична порака ќе ви објаснам подетално како да наплатите надомест на штета.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Добро што се случува со сајтот на нашава пошта знае некој? Или е спор ко на dial-up, или не го ни отвара. Еве во моментов е паднат :mad:
 

Munze

Dr. Oetker
Член од
21 јули 2020
Мислења
203
Поени од реакции
195
Ме интересира дали секогаш на сајтот првично пишува дека пратката ти е стигната па после ти ја носат т.е. зборот ми е дали се одговорни да известуваат на време на сајтот со ажурирање на податоците или кога не кода да така е во повеќето случаи па може да ти стаса пратката а без и да пишувало на сајтот?
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Порачки од алиекспрес имаш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom