МАКЕДОНЦИ vs Грци во служба на Антигонидската кралска династија од Македонија

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Прво накратко за оформувањето на т.н. "АНТИГОНИДСКА ДИНАСТИЈА" на македонски кралеви.

После смртта на Александар Трети Македонски (Големиот или Велики) неговите Дијадохи т.е. генерали и наследници немаа доблест да ја задржат во целост огромната империја која ја создадоа на чело со Александар туку започнаа кавги и братоубиствени војни за секој од нив да заграби колку може повеќе. Во тие војни се издиференцираа неколку од посилните генерали и успеаа да создадат свои кралства и последователни династии на различните делови од предходната империја, но секој од нив се обидуваше на овој или оној начин да има врски или да завладее со родната и матична Македонија.

Еден од овие генерали е познатиот Антигон Први попознат како 'едно-окиот'. Според неговото име и династијата на кралеви која го наследи таа се нарекува Антигонидска Династија. Кога ќе се подредат сите кралеви од оваа династија тие владееја од 306 год. п.н.е. до 168 год. п.н.е.

Една од најважните битки во расправиите и обидите да се заграби што поголем дел од македонската империја којашто самите Дијадохи помогнаа да се создаде на чело со Александар е таа кај местото Ипсус во Фригија (Мала Азија) а се случила во 301 год. п.н.е.
Таму на една страна се бореа Антигон Први 'едно-окиот' и неговиот син Деметриј (којшто го наследи и после него стана Деметриј Први) и на другата страна сојузот на тројца генерали на Александар: Касандер (којшто веќе владееше во Македонија), Лисимах (владетел на Тракија во тој момент), и Селевк Први (владетел на Бабилониа и Персија).
Битката завршува со победа на тројцата сојузници и во неа загинува Антигон Први 'едно-окиот', но неговиот син Деметриј Први успева да се спаси и неколку години подоцна успева да ја завладее и Македонија, по што династијата која го наследи владееше со Македонија се до поразот од Рим во 168 год. п.н.е., по што официјално престана да постои древната држава Македонија.

Еве листа на кралевите од 'Антигонидската Династија' и годините на нивното владеење:

1. Антигон Први 'едно-окиот' = 306 п.н.е. до 301 п.н.е.

2. Деметриј Први = 294 п.н.е. до 287 п.н.е.

3. Антигон Втори Гонат = 276 п.н.е. до 239 п.н.е.

4. Деметриј Втори = 239 п.н.е. до 229 п.н.е.

5. Антигон Трети Досон = 229 п.н.е. до 221 п.н.е.

6. Филип Петти = 221 п.н.е. до 179 п.н.е.

7. Персеј = 179 п.н.е. до 168 п.н.е.

Сепак според насловот, темава ја отворам за да ви претставам една одлична научна статија во која прецизно и поткрепено со факти и докази се следи бројот на Македонците наспрема странците (Грци и други) во служба на македонските кралеви од Антигонидската Династија (за сите наброени погоре освен Антигон Први 'едно-окиот').

На линкот прво е оригиналот на англиски јазик, а потоа следува преводот на македонски (скрол надолу)

The Ethnic Origins of the Friends of the Antigonid Kings of Macedon

Не сакам да вадам цитати или делови тука зашто сметам дека треба да се прочита во целост.
Scribd дава опција за full-screen приказ на документите ако некој има проблем да види што пишува во статијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom