Конфликтите во Блискиот Исток - културни, религиозни и воено стратешки аспекти

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Блискиот Исток како регион на големи цивилизации од минатото секогаш бил во епицентарот на настани кои имаат глобална величина. По многу перипетии на судбината како современи културни фактори во регионот се овластуваат персискиот, арапскиот и турскиот. Во верски аспект доминира исламот со двете главни струи - сунизам и шиизам

Денес сите сме сведоци на уште еден голем судир на овие простори кој има опасност да прерасне во светски - последниот (од многуте) конфликт меѓу шиити и сунити и борбата за влијание меѓу главните играчи во регионот ИРАН, Саудиска Арабија и Турција. Тензиите деновиве силно ескалира по егзекуцијата во Саудиска Арабија на влијателниот шиитски водач Nimr al-Nimr
http://www.nbcnews.com/news/world/reformist-cleric-sheikh-nimr-al-nimr-among-47-executed-saudi-n489116

Богатите енергетски ресурси и коридорите за извоз на овие кон Европа неминовно води до интервенција на САД и Русија кои ги штитат своите стратегиски интереси. Од своја страна, Турција веќе отворено ја претстави својата доктрина за обновување на влијанието на Отоманската империја и на тој начин изјавува претензии како лидер на сунитскиот свет.

Сирискиот конфликт веќе позиционира главните противнички кампови - Саудиска Арабија, Катар и Турција (САД) + Исламска држава и сунитските сириски терористички фракции / ИРАН, Русија, Курдите, доминантно шиитски Ирак + Хезболах. Израел како и секогаш стои во сенка и засега не се меша воено, а ЕУ како воено џуџе стои во позиција на набљудувач.

Во темата би било добро да се коментира :
1 можниот тек на конфликтите според актуелните настани во моментот

2 потенцијалот во сите аспекти (воени, демографски, економски и научен) на главните сили во регионот

3 можни идни конфликти меѓу денешните сојузници
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Главниот проблем во светот е новиот светски ред. Сите треба да бидеме колонизирани и потчинети на ционистите, после тоа ќе следуваат другите етапи од таа идеологија. Горе долу имаме два вида земји во светот, завадеани или не од страна на Израел.
Од некаква причина во моментов заложуваат на страна на сунитите, да земеме Косово, Турска, ИСИС.
Едни од главните сојузници им се Саудијска Арабија, Катар, Бахреин, трите на практика се халифати со султан или крал на власт, запрашајте се зашто никој од САД или евросодомите не кажува лош збор против нив, иако сечат глави, раце, каменување до смрт и други методи идентични со ИСИС. Овие три земји се во некаква симбиоза со Израел, малку поразличен тип колонија, не бедна како што се обично, а им дават справедлив дел од нафтата, да земеме дека производствената цена на барелот е 20$, за кралското семејство му дават околу 15$ од барел, а со остатокот се должни да купат 35 годишни американски облигации, којшто не смее да ги продаваат или инвестираат, кога ќе дојде време за наплата, треба да купат нови.
За да сите тие кралеви се на власт треба да се 100% послушни, по сите теми, од цената на нафтата дали да е 120$ или 45$ па се до Вахибизмот и финансирањето на ИСИС, тие мислат дека работат за свое добро, да во краткорочен план, но долгорочно работат против гоите.
Конкретно мислам дека ќе има војна, во Саудиска Арабија кралот и 20% се сунити, останатите 80% се шиити, само со брутални репресии и меѓународна подршка се одржува тој тирански режим. После активното учество на Саудиска Арабија во конфликтите во Сирија, Јемен и Ирак против шиитите, Иран започна операција за револуција во Ријад, еден од најефективните методи за да се спречи тоа е саудијците да ги прекинат сите дипломатски односи со таа или тие земји што го подготвуваат пучот, што и стана денеска. Примерно Македонија би требало да прекине секакви односи со САД и ЕС, поради портокаловата револуција која е во тек кај нас.
Хуситите се шиити и тие ќе се детонаторот за револуција во Риад, во моментов Саудијска Арабија бомбардира во Јемен, но од таму Хуситите лансираат балистички ракети на територијата на Саудијците, исто така имаат и заземено територија од Саудијска Арабија, мислам дека работите ќе се развијат лавинообразно и брзо, за недела дена шиитите може да ја преземат власта.
Израел и нивните марионети, вклучително и САД нема да дозволат да пропадне целата таа конструкција за завладување на светот и ќе испровоцираат голема војна против Иран, вклучително и нукклеарна, така да ТСВ е на прагот.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
^Во Саудиска Арабија шиитите претставуваат малцинство со околу 15-20 проценти од вкупната популација.

Интересно, егзекуцијата на клерикот се поклопува со тајмингот и новите најави на САД за воведување на санкции против Иран, наводно поради нивната балистичка програма. Со еден збор се обидоа да ги насанкаат Иранците откако веќе се договорија околу иранската нуклеарна програма, а баш се очекуваше економска експанзија на Иран после договорот. Иран е технолошки надмоќен над Арапите, штета што неговиот народ е заложник на исламската револуција зашто реално имаат потенцијал да бидат регионален лидер. Не верувам дека некој ќе се осмели да го нападне, посебно не после договорот за С300. КСА е смејурија од војска, џабе модерното оружје, кога Хутите во сандали им го пренесоа конфликтот на нивна територија.

Освен КСА, дипломатските односи со Иран ги прекина Бахреин, земја со доминантна шиитска популација, и Судан.
 
Последно уредено:
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Слушај го Југослав Петрушиќ на јутуб.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Во Саудиска Арабија шиитите се наогаат баш таму каде што е нафтата, на истокот.
Сега ако се има во предвид дека 10-15% од 30-тина милиони не се малку, а и се над 80% од популацијата на истокот, каде што е 100% нафтата, мислам дека имате престава за што се работи.

Мислам дека ако во брзо време се затвори Сирија, ќе се пука во КСА, одоздола ќе бидат нападнати од хутите (каде и што во моментот губат), а на истокот ќе имаат граѓанска војна, е сега не се знае како ќе дејствуваат странските големи сили, всушност се знае за кој страна ќе бидат, ама не се знае дали директно ќе влезат.
 
red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Убаво е проблемите во регионот да се разгледаат и од гледна точка на култура, историја, икомомически и ресурсен потенцијал, технолошка и воена моќ.

Моето мислење на кратко :

На Блискиот Исток има само две држави кои се држави во вистинска смисла на зборот - ИРАН и Турција, сите други се племиња со знамиња. И двете држави се наследници на поранешни империи (Персиска и Отоманска) населението и на двете не е етнички арапско.

ИРАН е богата со енергетски ресурси, има најмоќниот научен потенцијал кој им овозможува да развијат сопствена нуклеарна програма за цивилни и воени цели, младото население е проевропски нагодено. Земја која е толерантна кон останатите верски заедници - евреите и христијаните не се предмет на гонење, а старите верски заедници на зороастриjците дури доживуваат ренесанса. Не треба да се заборави дека Иранците зборуваат јазик од индоевропската група. Кажано кратко ИРАН е природен и логичен партнер на Западот и ако го немаше еврејското лоби во Европа и САД тогаш таа требаше да биде прифатена како пријателска земја. Евентуалните проблеми на домашен план со кои се соочуваат иранските власти се присуството на курдско и азерско малцинство. Курдите сепак се народ кој зборува јазик од иранската група (претежно сунити), Азерите пак зборуваат јазик од турската група но се шиити што ги оддалечува од нивните блиски Турци, блиски повеќе јазично отколку културно и етнички (но тоа е тема со која се занимава историјата).

Турција - земја која постојано отворено изјавува стари империјалистички амбиции. Под раководство на Ердоган и Давутоглу (Стратешката длабочина) турските власти скинаа со кемализма и влегоа во конфликт со речиси сите свои соседи, поддржуваат сунитските терористички групи во Сирија и влегоа со свои трупи во северен Ирак. Турција има огромен проблем со курдското малцинство плус тоа од верски аспект не треба да се заборави и силниот алевитски фактор - според некои различни податоци од 10 до 20 милиони луѓе. Алевитите практикуваат релативно неагресивна форма на исламот како ритуалите им често се во целосна спротивност на самиот ислам, за сунитите тие се еретици и неверници. Во воено технолошки аспект Турција има огромни амбиции кои сепак е тешко да бидат покриени - сите нивни нови оружја со кои се гордеат се направени во соработка со западни фирми (хеликоптерот T 129 со италијанската Augusta Westland) и тенкот Altay кој се прави со техничка помош на јужнокорејската Hyundai Rotem. Иако е сиромашна со енергетски ресурси то Турција држи клучот на вратата на енергетските коридори од Каспискиот регион и Персискиот Залив кон Европа. Постојните проекти за испорака на гас кон Европа се дел од големиот сунитско - шиитски судир со главните улоги на ИРАН Саудиска Арабија Турција и малите но богати со гас Арапски Емирати. Патот на сунитските проекти се знае дека поминува низ Сирија што влоши до краjна степен војната таму и утврди интервенција на Русија и САД. Порано или подоцна, сепак дури иранските проекти за испорака на гас кон Европа по падот на ембаргото ќе влезат во конфликт со руските интереси да доминира на европскиот пазар

Во првиот пост во темата спомнав за можни идни конфликти меѓу денешните сојузници. Првиот таков конфликт според мене ќе биде судирот меѓу Турција и Саудиска Арабија. Арапите никогаш нема да дозволат Турци да имаат водечка улога во сунитскиот исламски свет.

Кажано со други зборови судирот сунити - шиити не е ништо повеќе од борба за територијална и економска доминација.
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
@red baron
Со последниве случувања и заострување на односите помеѓу СА и Иран, и молчаливата Турција по падот на руското сухои, првичен впечаток ми е дека Турција полека испаѓа од игра, освен ако навистина постои некој, дали формален, дали неформален турско - арапски сојуз, па да делуваат во позадина и чекаат шанса.

Мислам дека најбитно е Египет што ќе каже, и дали нешто ќе каже и ќе се сврста на страна на СА... и од тоа ќе зависат многу работи.

У меѓувреме израелски медиуми излегоа со информации дека Русија му продава на Хезболах софистицирано оружје.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748

Израел и Турција како најсилни држави во регионот се во игра под покровителство на САД и Велика Британија. Иран и Саудиска Арабија наскоро ќе испаднат од играта.. А руското влиание се повеќе и повеќе ќе опаѓа во Блискиот Исток. А иначе сепак не е случајно што израелците и турците деновиве преку ноќ се збратимија на политички и економски план. А тоа е лош сигнал за Русија и Иран. А од друга страна секако е во полза на САД и Велика Британија… Русите како и самите така и играчите им се слаби на терен. Тие се Иран,Сирија, Египет и останата багра. А САД и Велика Британија ги имаат Турција и Израел. И плус камиказата Саудиска Арабија заедно со вампирите на Исис.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2016
Мислења
38
Поени од реакции
20
Конфликтите на блискиот исток резултираа со појава на вишок нафта на пазарите од не евидентирано потекло, непознат сурплус.
Некои земји во блиската иднина ке го почуствуваат бенефитот од тоа.
 
red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
@red baron
првичен впечаток ми е дека Турција полека испаѓа од игра, освен ако навистина постои некој, дали формален, дали неформален турско - арапски сојуз, па да делуваат во позадина и чекаат шанса.
Таков турско - арапски сојуз има, но тој е миниран уште во самиот почеток. Во моментов Турција и Саудиска Арабија излегуваат против својот стар непријател Иран. Гледано од историски аспект Иранците се во непријателство со Турците уште од 6 век, а со Арапите од 7 век. Еден од најголемите проблеми на Отоманската империја се имено немирите во шиитските земјишта на денешен Иран.

Но овој сојуз нема да го биде поради тоа што Турција отворено претендира за водечката улога во сунитскиот исламски свет со што саудиската династија нема да се помири. Затоа беа и сите површински конфликти меѓу Израел и Турција, едноставно Турција изјавува својата амбиција да биде бранител и лидер на сунитите во регионот на Блискиот Исток. Ниту Турција ниту Саудиска Арабија имаат капацитет да влезат во отворен воен конфликт со Иран. Секој кој влегува во конфликт со Иран треба да знае со кого се зафаќа - ова е држава со огромна културна традиција која е во врска со европската. Дури Евреите не смеат да ризикуваат со воени акции без да се сигурни дека ќе бидат поддржани од САД.

Патем треба да се спомене дека освен познатата доктрина на неосманизам Турците обложуваат и на друга карта - пантуркизмот преку кој се обидуваат да бидат лидер на турксиот културен свет во Азиja. Со тоа влегуваат во директен конфликт со Русија (поради поранешните азиски земји од СССР) и Кина (поради поддршката за ујгурските сепаратисти). Турците предизвикуваат две светски сили - Русија и Кина на нивен терен и една регионална - Иран во близина. Според мене Турците отворија многу фронтови и се во конфликт со противници кои не се од нивниот ранг и не можат да победат. Ердоган и Давутоглу ќе бидат напуштени дури од своите партнери САД поради непредвидливата и агресивна политика која водат. Овие двајца се обидоа да се еманципират од Американците и мислам дека наскоро ќе бидеме сведоци на уште една цветна револуција во овој регион која ќе доведе отстранувањето на Ердоган.

А САД и Велика Британија ги имаат Турција и Израел. И плус камиказата Саудиска Арабија заедно со вампирите на Исис.
Има еден мал проблем - САД се сомневаат во искреноста на Турција. За самите Американци Турција секогаш ќе остане само еден потчинет вазал и ништо повеќе. Оваа улога сепак не му се допаѓа на Ердоган. Турција има амбиции да игра во елитната лига на светските сили поради империјалното си минато, но може да даде барање исклучиво за регионална сила и тоа кај многу предизвици. На светските сили не им требаат конкуренти, на нив им требаат послушни вазали.

Саудиска Арабија не е никаков воен фактор, а поради ниските цени на нафтата буџетскиот дефицит е огромен. СА не е држава, тоа е бензинска пумпа. Буџетот им не може да трае долго време на ниски цени на нафтата и ако работите продолжат така таму ќе има граѓанска војна. Саудијците не можат дури да помислат во моментов за воен конфликт со Иран, затоа немаат ниту човечки потенцијал, ниту пари.

ИСИС во моментов губат на сите фронтови, сириската армија и Хезболах след като се справат со помош на руската авијација со ''умерените'' џихадисти ќе се зафаќаат и со нив, Курдите на север бележат успеси, а во Ирак само американската дипломатија запира шиитските милиции целосно да прочистат областите кои се уште се под контрола на терористите.
 
До некаде во право си но јас сепак мислам дека Израел и Турција се единствените суперсили во Блискиот Исток. Иран е гола вода не се толку силни колку што се мисли. После падот на режимот во Сирија (кога и да се случи тоа) на ред ќе дојде и Иран. А Израел и Турција ќе останат верни сојузници на САД и Велика Британија. А Русија како економски така и политички ќе изгуби во Блискиот Исток.
 
Не би се согласил дека Иран е гола вода, како што тврдиш, посебно затоа што имаат огромен научно-технолошки капацитет и вистински потенцијал да бидат лидер на Блискиот Исток. Во моментов ниеден индикатор не посочува дека Иран ќе дојде на ред, ниту дека Сирија ќе падне, напротив впечаток е дека на Иранците баш добро им оди, иако се развлечени на многу фронтови, сепак истото важи и за Саудиска Арабија, а и ситуацијата не е баш поволна ниту за Турција, која дефакто веќе се наоѓа во состојба на граѓанска војна, што секако дополнително ќе ги исцрпува и покрај големата воена моќ. Ердоган и Давутоглу не се баш миленици на Западот и нивниот нео-османизам нема баш некои изгледни прилики да се оствари баш по нивните замисли. Од војната во Сирија и развлекување на ситуацијата можеме да кажеме дека бенефит имаме ние Македонците, иронично, но сепак е така, затоа што Турците заглавија премногу во нивниот двор и не можат да се фокусираат на Балканот ( Србија, БиХ, Косово, Македонија ). Не е баш тоа некоја сила која не може соседната држава да ја среди, т.е. да го реши сопствениот двор, и тука не можеме да говориме за регионална сила, а не пак за светска. Далеку е Турција од сето тоа. Видовме во Украина како се понаша една регионална( би кажал и светска ) сила која во своето двориште има граѓански конфликт. Замисли сеа ти ситуација Турција да пратеше авијација во Украина и да го бомбардираше источниот дел:icon_lol: Невозможно.

Арапите не се ништо подобри, огромен буџетски дефицит, немаат никакво производство, за технологија не правиме муабет, потенцијален конфликт во источниот дел. Се прашувам, зошто не успеаа да префрлат дел од жариштето во Иран, туку тоа им се деси на Саудијците? ( Јемен );) Значи, во моментов Иран се во најповолна положба.

Израел е посебна приказна, и се понаша како лешинар кој гледа да приграби дур непријателите се тепаат меѓу себе. Они вистински ја познаваат суштината на интересот.

А и целиот конфликт е толку сложен, толку многу интереси се испреплетени, огромни влогови, за да можеме така лесно со сигурност да предвидиме што наредно ќе се случува.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Турција полека но сигурно почнува да наликува на Ирак. Од земја која имаше потенцијал да стане сериозен регионален играч, наскоро ќе се соочи со распад. Многу слично како Ирак пред 2-3 децении. Ирак денес постои само на хартија (прашање на време е до кога), реалноста е многу поинаква. Курдите кои зафаќаат скоро четвртина од Ирак веќе имаат толкава автономија што се на чекор до комплетна независност. Економијата на Ирачки Курдистан е поголема од остатокот од Ирак. Друг дел кој веќе со години не го контролира Ирачката влада е тој што е моментално под контрола на ИСИС. Се дури беа Американците во Ирак, постоеше некаква контрола (иако во периодот 2005-2009 тогашните терористи денес наречени ИСИС го пустошеа Ирак вклучително и Американските сили), но после нивното заминување големи делови паднаа под контрола на ИСИС.
Пред 3 децении Ирак беше на работ да стане регионална, па и светска сила доколку успееше да го контролира текот на нафтата, во што теоретски беше блиску.
Слична ситуација во која денес е Турција. Доколку Ирак успееше да наметне контрола врз Иран, не само што ќе имаше огромно производство на нафта (многу повеќе од остатокот на ОПЕК) со кое ќе можеше да влијае на цената, туку ќе го контролираше и патот на нафтата со што ќе имаше големо влијание не само кај соседите, туку и на светско ниво. Слична е денес ситуацијата со Турција која има поповолна позиција каде е битен транзит на енергенси, но доколку Турција успее да наметне контрола врз делови од Сирија, ќе одлучува чии енергенси ќе врват низ нејзина територија и со тоа ќе има огромно влијание врз земјите на Блискиот исток.
Но се чини дека се е загубено за Турција после Руската интервенција во Сирија и силната поддршка што ја имаат Курдите од Западот и Русија. Не само што е загубено, туку Турција е пред опасност да се распадне, имајќи предвид дека покрај Ирачки Курдистан, наскоро реалност ќе стане и Сириски Курдистан после завршувањето на Сириската војна, со што Курдите ќе бидат во огромна предност (економска, воена) во однос на Турција и ќе биде прашање на време кога и Турски Курдистан ќе биде под целосна контрола на Курдите.
Како што впрочем и Ирак го загуби Иран и контролата на Персискиот залив која можеше да ја има.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Не би се согласил дека Иран е гола вода, како што тврдиш, посебно затоа што имаат огромен научно-технолошки капацитет и вистински потенцијал да бидат лидер на Блискиот Исток. Во моментов ниеден индикатор не посочува дека Иран ќе дојде на ред, ниту дека Сирија ќе падне, напротив впечаток е дека на Иранците баш добро им оди, иако се развлечени на многу фронтови, сепак истото важи и за Саудиска Арабија, а и ситуацијата не е баш поволна ниту за Турција, која дефакто веќе се наоѓа во состојба на граѓанска војна, што секако дополнително ќе ги исцрпува и покрај големата воена моќ. Ердоган и Давутоглу не се баш миленици на Западот и нивниот нео-османизам нема баш некои изгледни прилики да се оствари баш по нивните замисли. Од војната во Сирија и развлекување на ситуацијата можеме да кажеме дека бенефит имаме ние Македонците, иронично, но сепак е така, затоа што Турците заглавија премногу во нивниот двор и не можат да се фокусираат на Балканот ( Србија, БиХ, Косово, Македонија ). Не е баш тоа некоја сила која не може соседната држава да ја среди, т.е. да го реши сопствениот двор, и тука не можеме да говориме за регионална сила, а не пак за светска. Далеку е Турција од сето тоа. Видовме во Украина како се понаша една регионална( би кажал и светска ) сила која во своето двориште има граѓански конфликт. Замисли сеа ти ситуација Турција да пратеше авијација во Украина и да го бомбардираше источниот дел:icon_lol: Невозможно.

Арапите не се ништо подобри, огромен буџетски дефицит, немаат никакво производство, за технологија не правиме муабет, потенцијален конфликт во источниот дел. Се прашувам, зошто не успеаа да префрлат дел од жариштето во Иран, туку тоа им се деси на Саудијците? ( Јемен );) Значи, во моментов Иран се во најповолна положба.

Израел е посебна приказна, и се понаша како лешинар кој гледа да приграби дур непријателите се тепаат меѓу себе. Они вистински ја познаваат суштината на интересот.

А и целиот конфликт е толку сложен, толку многу интереси се испреплетени, огромни влогови, за да можеме така лесно со сигурност да предвидиме што наредно ќе се случува.
Израел не е лешинар Израел е сериозна воена сила. Делумно горе долу и за Турција мислам дека е така. А Иран е гола вода. Обама кога ќе биде сменет во САД со Иран ќе има голема разрешница.Како и да е Израел и Турција се убедливите единствени суперсили во Блискиот Исток. А другите се празна слама, какви Ирани какви Арабии, ма се е тоа ветар од мангла.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom