Клима уред за домашна употреба

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Незнаев каде да ја постирам темава, но мора некаде. Ако мислат админите спротивно од мене, нека ја преместат каде што треба.

Ме интересираат клима уредите. Повеќето од нас ги имааат, некои ги немаат, употребата на овие уреди е се поголема.

Клима уреди има два модели. Оние со ИНВЕРТЕР, и оние без инвертер.

Клима уред без инвертер веќе сум користел - претежно за ладење. Ладат одлично а потрошувачката на енергија горе долу не преголема.

Сега дојде избор да ставам клима уред дома (за ладење немам мака, секој уред би ми бркал работа бидејќи куќата е прилично изолирана). Но, куќата ја затоплуваме со камин, а поголем дел од денот дома нема никој, размислувавме да ставиме клима што ќе може навечер (додека има не така ладни ноќи) наместо да палиме оган да ја вклучиме климата да грее.

Ме итнересираат ваши искуства, дали некој се греел на клима, обична или со инвертер, како оди потрошувачката на струја, и кој модел да го земам. Разбрав дека Самсунг со инвертер биле тотален промаш, според искуството на другар исто потполно работеле како обичен уред само што го плаќаш наместо 15.000 денари 40.000-ки.

Ајде, чекам искуства.

п.с. знам дека клима уредите со инвертер се баеги поскапи од обичните, па затоа и прашувам да не испадне само да ја платам, а разликата во квалитет и корисност да не се исплати
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Зависно од тоа колкава површина треба да загрееш , сметам дека клима уред не е најдобра опција за греење, зошто поголемиот дел од клима уредите неможат да загреат кога температурите се околу нулата, не доволно за да се постигне оптималната температура од 21степен, а додека оние кој можат цената им е голема.
Бидејки напомена дека обиектот е со добра изолација подобро би ти било да земеш некоја електрична или плинска греалка, со моќноста која ти е потребна за загревање на просторијата. Вакви греалки има многу видови , а кога сме кај изборот се е до изгледот и потрошувачката на истите :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Инвертер ќе ти брка работа .. ако не се работи за голема просторија
 
T

The Blob

Гостин
И јас ја имав истата дилема лани, го исклучив парното и барав друг начин на греење. Прашав колеги од местото кадешто работам а се занимаваат со климатизација, и тие ме советуваа ако ми е до 30-40 квадрати да земам инвертер. Грее до -18 некаде, ознаката му е 3.5 кW, грее со 4,8 kW а притоа троши 1,2 кW некаде. Ова мене ич ми немаше смисла, а не сум многу по физиките, па реков да не му мозгам многу и да му прифатам советот. Зедов Панасоник 3,5ка ,ама малезиска, а не кинеска пошто биле фуш. Ме фати некаде 52000 со се монтажа, ама инвестицијата ќе ја извадам за 2-3 години. Ко се греев на парно, плаќав по 3000 месечно (12 месеци).А годинава најмногу за струја платив 1500,на сред зима.Додуша и не сум цело време дома,ама и да е цело време вклучена климата,математиката е на страната на климата. Од климата сум презадоволен,тивка е,веднаш лади/загрева,ја имам пуштано и на ептен минус температури,гајле нема. Евентуално се мислев дека можеби требаше да земам Beko, и таа ја фалат,а е некаде 35000 за 3,5ка инвертер,ќе уштедев 300 евра,ама тоа е тоа,досега немам сретнато корисник на таква да ми кажи мислење за неа
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Инвертор, колку што јас разбирам е корисен ако климата се држи долго време уклучена (да не речам постојано) и одржува температура. Тогаш со инвертор се штеди струја. Мене би ми бил бескорисен, пошто мене принципт со климата ми е да ја вклучам на најјако и да не сум во собата додека работи.

Пробавме да се грееме една година на клима, ама се откажавме. Климата го суши воздухот и нон-стоп го чувствував грлото дека ми е суво, ме болеше глаата и таа зима бев повеќе пати болна од обично. И нема пушење со упалена клима, пошто после корне 3 дена.

Кога имаш грејно тело, навлажнувањето на воздухот е едноставно - само ставиш сад со вода на грејното тело. Со клима е понезгодно, треба да си купиш посебен апарат за навлажнување на воздухот.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Просторијата што сакам да ја затоплувам е околку 30 - 35 метри квадратни.

Зависно од тоа колкава површина треба да загрееш , сметам дека клима уред не е најдобра опција за греење, зошто поголемиот дел од клима уредите неможат да загреат кога температурите се околу нулата, не доволно за да се постигне оптималната температура од 21степен, а додека оние кој можат цената им е голема.
Бидејки напомена дека обиектот е со добра изолација подобро би ти било да земеш некоја електрична или плинска греалка, со моќноста која ти е потребна за загревање на просторијата. Вакви греалки има многу видови , а кога сме кај изборот се е до изгледот и потрошувачката на истите :)
Значи имав напишано погоре, дека климата ќе ја вклучувам само додека времето да речиме денски е 10-15 степени надвор, а навечер е ладно. И сега мене ми доаѓа за два-три сати да палам оган. Едно кога е топло оганот слабо гори (не трга) друго каминот што го имам откако ќе тргне (15-20 минути) загрева лесно па доаѓам до отварање врати бидејќи дома не се диши.

Инвертор, колку што јас разбирам е корисен ако климата се држи долго време уклучена (да не речам постојано) и одржува температура. Тогаш со инвертор се штеди струја. Мене би ми бил бескорисен, пошто мене принципт со климата ми е да ја вклучам на најјако и да не сум во собата додека работи.

Пробавме да се грееме една година на клима, ама се откажавме. Климата го суши воздухот и нон-стоп го чувствував грлото дека ми е суво, ме болеше глаата и таа зима бев повеќе пати болна од обично. И нема пушење со упалена клима, пошто после корне 3 дена.

Кога имаш грејно тело, навлажнувањето на воздухот е едноставно - само ставиш сад со вода на грејното тело. Со клима е понезгодно, треба да си купиш посебен апарат за навлажнување на воздухот.
Како што напоменав, не се откажувам од старомодниот начин на греење со дрва. Но, за да не се малтретирам како што наведив во погорниот пример барам алтернативно затоплување за собата за меѓусезона. Кварцна печка веќе имам, 3 KW не ја бива. Пак е ладно, колку сака нека е вклучена. Клима уред ќе ме затопли побрзо а ќе потроши помалку струја.
И јас ја имав истата дилема лани, го исклучив парното и барав друг начин на греење. Прашав колеги од местото кадешто работам а се занимаваат со климатизација, и тие ме советуваа ако ми е до 30-40 квадрати да земам инвертер. Грее до -18 некаде, ознаката му е 3.5 кW, грее со 4,8 kW а притоа троши 1,2 кW некаде. Ова мене ич ми немаше смисла, а не сум многу по физиките, па реков да не му мозгам многу и да му прифатам советот. Зедов Панасоник 3,5ка ,ама малезиска, а не кинеска пошто биле фуш. Ме фати некаде 52000 со се монтажа, ама инвестицијата ќе ја извадам за 2-3 години. Ко се греев на парно, плаќав по 3000 месечно (12 месеци).А годинава најмногу за струја платив 1500,на сред зима.Додуша и не сум цело време дома,ама и да е цело време вклучена климата,математиката е на страната на климата. Од климата сум презадоволен,тивка е,веднаш лади/загрева,ја имам пуштано и на ептен минус температури,гајле нема. Евентуално се мислев дека можеби требаше да земам Beko, и таа ја фалат,а е некаде 35000 за 3,5ка инвертер,ќе уштедев 300 евра,ама тоа е тоа,досега немам сретнато корисник на таква да ми кажи мислење за неа
Е вакво мислење чекав, од корисник што испробал. Особено Битолчанец, бидејќи зима во Битола и зима во Скопје се две различни работи :smir:. Фала ти на одговорот.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Прашање.

Климата ми е уклучена на ладно да дува само, има можност и за топло. Знам дека треба да се премостат каблите да може и ладно и топло.
Побарав по упатсвото, никаде не пиши како, туку само дека можи :) мислам ...дебилна италијанска работа.

Paulo PI-120 е климата.

Toshiba компресор.

De-Longhi tehnologija
5 režima rada
Za kvadraturu 50-70 m2 u zavisnosti od rasporeda
Kapacitet hlađenja: 3.45 kW
Kapacitet grejanja: 3.34 kW
Potrošnja struje pri hlađenju: 1.3 kW
Potrošnja struje pri grejanju: 1.2 kW
Gas: R22
Protok vazduha: 540 m³/h
Nivo buke unutrašnje/spoljne jedinice: 41dB / 52dB
Napajanje: 220-240V
Frekvencija: 50Hz
Boja: bela
Težina unutrašnje jedinice: 9.5 kg
Težina spoljne jedinice: 33 kg
Tehničke karakteristike:

Kapacitet hlađenja 12000Btu/h
Kapacitet grejanja 12000Btu/h
Potrošnja pri hlađenju 1300W
Potrošnja pri grejanju 1200W
Uklanjanje vlage Ima
Programabilni tajmer Ima
Tip gasa R22
Nivo buke unutrašnje jedinice 41dB
Nivo buke spoljašnje jedinice 52dB
Daljinski upravljač Ima
Težina unutrašnje jedinice 9.5kg
Težina spoljašnje jedinice 33kg
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Немој со клима дома, не е пријатно.
комшиите пробаа една зима со таа со инвертер и не се ич задоволни, не е пријатно нешто така да дува нон стоп, одма се откажаа.
Татко ми затоплува во ординација со клима ама само во меѓупериоди.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Клима уред и инвертер се различни уреди, климата лади али не може да загрева ако надворешната температура е околу -5 степени. Е сега слушнав дека некој монтирал грејачи на надворешната единица и можеле да грејат и испод -5 но не знам колку е ефикасно,
Инвертерот има можност да грее и кога надворешната температура е под -10 (-15 па дури и -17). Лично знам човек во Битола кој има куќа во на падините на пелистер, тој и жената работат (до кај 4-5 сатот нема никој дома) и се грее комбинирано со инвертер и камин (со парно). Презадоволен е е сега мислам дека има Тошиба инвертер, грее со него 50 квадрати, програмира да се уклучи сат два пред да дојде од на работа таман иди топло дома одедка да запали и разгори камин, и пола сат сат пред да стане да му биде тѕопло.... малку троси струја а добро грее е сега не знам што снага е али мислам дека е околу 5киловати (греење) додека потрошувачката е 2-3.
Значи тој е многу задоволен од таква комбинација
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Znaci ako si spremen da gi potrosis parite na nesto kvalitetno ke si zemes Toshiba ili Carier se drugoto u sporedba so ova nemoze da se nosi. Najevtinite toshiba pocnuvaat od 45 000 pa nagore. Ali se vrv na tehnologija. Jas da zemam takvo nesto bi zel i bi rabotelo skoro 24h samo so namaluvanje na temperaturata. Vivax, Quart, Neo, LG, Samsnug se igracki vo sporedba so proizvoditelite gore spomnati
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Кај мене монтираа LG инвертер пред 3 дена... засега е добра, и ќе се користи за загревање во меѓусезона. На зима ќе се пали каминот, стандардно. Површината што ќе ја загрева/лади е некои 50 квадрати. Мада летно време е прилично ладно, така да и без неа сосема нормално се живее :)

Па фалење/кудење ќе има по првата сметка за струја :)
 
Член од
8 август 2011
Мислења
91
Поени од реакции
67
Toshiba e иноватор на инвертер технологијата се друго е бледа копија. Сите останати фирми од типот на Нео, Беко, Ролс, Самсунг, Панасоник и кои уште не, користат Тошиба компресори. Тоа се застарени модели на инвертер компресори кои Тошиба повеќе не ги користи во своите модели ( оние кои имаат вакви клими нека видат сами што пишува на плочката на надворешната единица). Трет показател за квалитетот на еден уред е цената, значи не правиме муабет за Најк тренерки или патики од 6000, кои "истите" може да ги најдеме на шутка или бит пазар за 1000 денари па и овие и тие ги носиме 2 години. Тука се работи за машини кои треба да работат долго време и да даваат добри перформанси така да сигурно не е ист инвертерот од 40000 на панасоник, да не збориме инвертерот од 25 000 на НЕО и инвертерот на Тошиба или Кериер од 50 000. Да не споредуваме работи кои не може да се споредуваат и да не ја кудиме инвертер технологијата за џабе.
На крајот и Фиат и Мерцедес ќе не однесат до Германија ама каква ќе биде вожњата до таму колку ќе потроши, и најважно, како ние ќе се осеќаме тоа е друга работа.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Кај мене монтираа LG инвертер пред 3 дена... засега е добра, и ќе се користи за загревање во меѓусезона. На зима ќе се пали каминот, стандардно. Површината што ќе ја загрева/лади е некои 50 квадрати. Мада летно време е прилично ладно, така да и без неа сосема нормално се живее :)

Па фалење/кудење ќе има по првата сметка за струја :)
И ... Џиш не си се пофалил за сметката од Ладење/Греење со инвертер?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
И ... Џиш не си се пофалил за сметката од Ладење/Греење со инвертер?
Задоволен сум, прилично многу. Најмногу ја користиме за греење, за ладење ја пуштаме само кога ќе работи рерната дома (читај некои 6-10 пати цело лето). Најголемата разлика ја осетив некаде во март месец... имаше проблеми со напонот кај мене па црнка електрониката (според она што го ископав, нежни биле на пад на напон па размислувам UPS да монтирам наскоро). 5 години гаранција, ја средиа за 4-5 дена, ама го папав машки... ги имав извадено ќумците од каминот, а климата си грееше навечер прилично солидно. И ај викам да не ги местиме привремено со кварцна ќе се грееме... се инаетев 2 дена, и на крај си ги наместив ќумците. Не се издржуваше ладно камен.

Е сега предноста е што се вклучува и на ниски температури... мада му треба 15 минути дури да загрее добро ако надвор е под -10. Во спротивно, дува млако. Кога сето тоа ќе се искомпензира со голем простор, 3.5 KW е мала како сам апарат за загревање. Меѓутоа моите потреби ги исполнува според очекуваното.

Сметката за струја, мрдна некои 400-500 денари во месеците март/април кога се користеше греењето поактивно.
 
А чекај... како шо те разбрав си терал цело зимо со неа?

Ако е цело зимо тогаш и те како се исплаќа.....
(7 грејни месеци од Октомври до Април) 7 * 500 ден = 3500
3000 ден кубик дрва.....во просек да се потрошат 10 кубика за 7 месеци излегува 30 000ден...

Значи ти за максимум 2-3 зими по 7 месеци ја вадиш климата на 0!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom