... готвењето е уметност која ги влучува сите наши сетила на вкус, мирис, вид и накрај разбира се посакуваност од главниот центар - мозокот !
одсекогаш сум била против едноставно јадење количински на едно место како една крајност но и одсекогаш сум била против претерано украсување и задржување на ситни детали што повеќе прстите брчкаат во јадењето отколку тоа има ефект, велам не сакам да јадам уметничка слика таа е за гледање, во друга крајност...
...како и да е пред да гласам ги погледнав сите приложени мостри на храна со јајца, па би сакала да искоментирам и да го споделам моето мислење :
@Sungerot Bob ги запази сите параметри на убава поставена маса со позадина на соодветниот зелечук кој одава смирувачи хоризонт, идеална одбрана посуда, идеално исечени парчиња и кога требаше да биде мојот фаворит даден глас приметив дека пресечените јајца, посебно горното лево има на својата белка останата вапсана црвена боја што не е допустливо макар било тоа прехрамбена боја....
@Goodfella направила три грешки, преголеми пресечени јајца на едно место чија белка скоро на сите е црвена од вапцана црвена боја која не е остранета посебно десно горно кое е скоро модра, како и недопустливо пре_биберување на одредени места посебно лево горе каде човек и да дегустира ќе се скине кивајќи од толкава покиреност со бибер кое не е допустливо за добар тек во исхрана...
@Agda Beata со уште малку труд ќе ја доловеше убавината на аранжираност, но остана така само поставено на дрвена даска без идеја во што ќе биде принесено и уште поважно прашање како истото ќе се јаде-гризне ? има да се распаднат сите компоненти...
@shumecha.tableta го исполнува мојот критериум за НАЈ фотка и НАЈ јадење со јајца со сите параметри со позитивни оценки, идеално поставени продукти во вид на торта да секој пресече колку сака, а целото да остане пак идеално со сите продукти цврсто споени без лигавење на некој слој иако богами има различен конзистентен материјал, убаво за око и можност за фантазирање за аранжираноста...
честитки до сите учесници, мојот глас дефинитивно овој пат оди за
@shumecha.tableta