Како се нарекувале Македонците наспроти пропагандните тврдења!?

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.480
Поени од реакции
9.032
Ова е нешто од пред две години, веројатно се дискутирало во некоја група на форумов, но овде во пропагандиве гледам не.

Милош Биковиќ, најпопуларниот актер од кај северниот ни сосед, кога дедому (роден Беровчанец) се доселил во Србија се презивал Биковски, но ете тој имал ептен големо уверување дека е србин (бидејќи доаѓал од Стара Србија) и си го променил презимето во Биковиќ бидејќи Тито така рекол!

А старосрбски знае ли да збори испраниов мозок?
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
601
Поени од реакции
487
Бугарското „Здружение на потомците на бегалците и преселените од територијата на Северна Македонија“ се обратило до Конгресот на САД по повод „Неточности за минатото на географскиот регион Македонија во нацрт-резолуцијата (S.Res.311) поднесена до Конгресот на САД, со што се загрозуваат добрите партнерски односи меѓу САД и Бугарија“.

Обраќањето следи откако по иницијатива на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), републиканскиот сенатор од Индијана, Мајк Браун, пред Сенатот предложил резолуција со која се предлага септември 2023 година да биде прогласен за „Месец на македонско-американското наследство“ - да се слават македонскиот јазик, историја и културата на македонските Американци и нивниот неверојатен придонес за САД.

За попречување на оваа инцијатива прво се мобилизираше бугарската прекуокеанска заедница, а по бројни реакции во Бугарија уследи и обраќањето на ова бугарско Здружение. Негов копретседател е д-р Спас Ташев од Институтот за население и хумани студии при Бугарската академија на науките (БАН). Тој пред еден месец критикуваше дека битката против оваа предлог резолуција ја водат само бугарски невладини организации во САД, бидејќи немало никаков став од Народното Собрание а редно било да има, барем од парламентарната комисија за пријателство со САД.

„По 80-тите години на 19. век, не беше можно да има етнички Македонци во САД, бидејќи постоењето на такви не беше регистрирано во самата географска област на Македонија (...) До 1912 година, до кога Отоманската империја владее со географскиот регион Македонија, имало над 1.300 бугарски цркви со 73 бугарски манастири, 7 бугарски епископи и 1.310 бугарски свештеници, како и 1.370 бугарски училишта со 2.266 учители. Во исто време, ниту едно ‘македонско' училиште или црква не постоело, ниту еден етнички Македонец не бил регистриран“, се вели во текстот, и се потенцира дека во тој период името „Македонци“ не било со етнографско, туку со географско значење.

Линк од македонскиот прилог: https://www.dw.com/mk/gi-citaat-li-makedonskite-vlasti-bugarskite-pisma-do-vasington/a-66726408

Линк од целото писмо на Здружението до американскиот Конгрес: https://www.bta.bg/bg/news/bulgaria/oficial-messages/514630-sdruzhenie-potomtsi-na-bezhantsi-i-preselnitsi-ot-teritoriyata-na-rs-makedoniya
 

Kajgana Shop

На врв Bottom