Како да поврзам двоен прекидач и единечен штекер?

Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Дали некој знае како да поврзам двоен прекидач за светло и единечен штекер (како на сликата)?

Ако можи некој дијаграм или линк.

Инаку, имам троен кабел (нулта, фаза и заземјување) и штекеров е од тие без штрафови за стегање на жиците и појма немам како се ставаат жици на ваков штекер.

Благодарам!
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Пракса е во штекер десно да е фазата а лево нулата, заземјувањето е на средина, додека за прекидачот прво провери што горе електричарот ти довел до сијалицата дирекно. Да, има случаи каде фазата е дирекно а треба нулата да ја прекинуваш ако е некој налбат електичар без основни познавања...

Значи ако е по „правило“ инсталацијата треба да имаш нула веќе горе а бидеќи е двоен значи имаш две засебни светла за палење па така треба да имаш две сијалични места односно гранки во лустер. Пример имаш лустер со три сијалици и сакаш на едниот прекидач да уклучиш две а на другиот едно, ако сакаш сите три да светат треба двата прекидачи да се во запалена положба. Пракса да не речам правило е кога горе е пропаднато да е изгасено а кога поминиш со раката од горе на долу односно кога долу ќе е прекидачот пропаднат тогаш да е затворено струјното коло односно сијалицата да свети. значи ако горе во лустер имаш нула долу од фазата премостуваш во двојниов прекунувач довод на струја па истата низ прекинувач ја пушташ назад во инсталација низ две засебни жици до сијаличните места. Би требало да на прекинувачот е обележано кој контакт е влез а кој излез. Може со стрелка може со буква „I“ или нешто слично а обично излезот не е обележат но во случајов ако од другата страна има само еден контакт а од оваа прикажанава на сликава има два тогаш едниот е влез а овие два се засебните излези.

Инаку во овие само стегнувачки контакти нема да имаш проблем за ставање на жиците, проблем е ако сакаш да ги извадиш најверојатно од задна стран имаат како дугменца кои треба да ги стегниш за да ги ослободиш жиците и тек тогаш ќе може да ја извадиш жицата. Инаку не се наменети за лицнасти жици така да ако довод или одвод е по некоја глупа случајност лицнаст кабел барај друг прекинувач/штекер.

Друго пази само да не ги одголиш многу жиците затоа што во овие контакти не собира повеќе од 8-10 мм жица која не е потанка од 1.5мм
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Си ни пратил слики од штекерот и прекидачите, а не од каблите кои доаѓаат до нив.
За штекерот, како што ти кажаа, потребен ти е трожилен кабел. Ако е правилно изведена инсталацијата, до секој прекидач доаѓаат две жици. Трожилниот кабел се прикачува како што ти е кажано, а кај останатите четири жици не можеш да згрешиш
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
Дали некој знае како да поврзам двоен прекидач за светло и единечен штекер (како на сликата)?

Ако можи некој дијаграм или линк.

Инаку, имам троен кабел (нулта, фаза и заземјување) и штекеров е од тие без штрафови за стегање на жиците и појма немам како се ставаат жици на ваков штекер.

Благодарам!
еве ти објаснето ти е

тука за двоен

а тука за штекер

само биди внимателен и работи во безнапонска состојба грешките може да бидат фатални бидејќи се работи со мрежен напон од 230 V
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Благодарам за грижата. Секако дека пазам и тоа многу.
Да појаснам дека во прекидачи-штекерот (на сликата) влегува троен кабел (фаза, нулта, заземјување). А другиот крај од кабелот оди во штекер дома. Пуштам кабел во визбата.

Знаете како да се врзи кабелот и да се поврзи внатре штекерот со прекидачите за да добијам прекидач за една сијалица и штекер?
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Прво дали имаш жици/инсталација до сијалица или од тој трожилен што ти доаѓа сакаш да изведиш до сијалица?
Второ значи непотрбно имаш двоен прекинувач кога всушност ти треба една сијалица?
 
Имам инсталација до сијалица (две жици се што треба да одат во прекидач) .
Барав со еден прекидач и имаше само со два.

Знаеш како да се врзат?
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Пракса е во штекер десно да е фазата а лево нулата, заземјувањето е на средина, додека за прекидачот прво провери што горе електричарот ти довел до сијалицата дирекно. Да, има случаи каде фазата е дирекно а треба нулата да ја прекинуваш ако е некој налбат електичар без основни познавања...

Значи ако е по „правило“ инсталацијата треба да имаш нула веќе горе а бидеќи е двоен значи имаш две засебни светла за палење па така треба да имаш две сијалични места односно гранки во лустер. Пример имаш лустер со три сијалици и сакаш на едниот прекидач да уклучиш две а на другиот едно, ако сакаш сите три да светат треба двата прекидачи да се во запалена положба. Пракса да не речам правило е кога горе е пропаднато да е изгасено а кога поминиш со раката од горе на долу односно кога долу ќе е прекидачот пропаднат тогаш да е затворено струјното коло односно сијалицата да свети. значи ако горе во лустер имаш нула долу од фазата премостуваш во двојниов прекунувач довод на струја па истата низ прекинувач ја пушташ назад во инсталација низ две засебни жици до сијаличните места. Би требало да на прекинувачот е обележано кој контакт е влез а кој излез. Може со стрелка може со буква „I“ или нешто слично а обично излезот не е обележат но во случајов ако од другата страна има само еден контакт а од оваа прикажанава на сликава има два тогаш едниот е влез а овие два се засебните излези.

Инаку во овие само стегнувачки контакти нема да имаш проблем за ставање на жиците, проблем е ако сакаш да ги извадиш најверојатно од задна стран имаат како дугменца кои треба да ги стегниш за да ги ослободиш жиците и тек тогаш ќе може да ја извадиш жицата. Инаку не се наменети за лицнасти жици така да ако довод или одвод е по некоја глупа случајност лицнаст кабел барај друг прекинувач/штекер.

Друго пази само да не ги одголиш многу жиците затоа што во овие контакти не собира повеќе од 8-10 мм жица која не е потанка од 1.5мм
Јас сакам да вадам жици низ кои ќе тече струја од прекидачот и кои ќе одат преку двоен кабел во сијалица.
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Вака мислам дека треба:

(Слика 1)

Плавата жица е фаза.
Црвената е нулта.
Жолтата заземјување.
Тоа лево е прекидачот за сијалицата.
Десно е штекер.
Лево од прекидачот се жиците од сијалицата.
Десно долу се жиците од тројниот кабел чиј друг крај оди во штекер со заземјување.

Слика 2
 
D

Deleted member 12196

Гостин
За штекерот треба кабел 3Х2,5 кој се штити со осигурувач од 25А. За сијалицата треба кабел 2Х1,5 (претпоставувам дека е таков) кој се штити со осигурувач од 16А. И сега???
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Вака мислам дека треба:

(Слика 1)

Плавата жица е фаза.
Црвената е нулта.
Жолтата заземјување.
Тоа лево е прекидачот за сијалицата.
Десно е штекер.
Лево од прекидачот се жиците од сијалицата.
Десно долу се жиците од тројниот кабел чиј друг крај оди во штекер со заземјување.

Слика 2
Нешто на твојава шема не ми е логично. Мајстор ова го поврзува за две минути, а ние два дена ти се тресеме дали ќе те дрмне струја
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Друже, овде мајстор нема ни за лек ;)

Инаку ги поврзав како на сликата и кај мене работи без проблем.

Благодарам за помошта.
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Друже, овде мајстор нема ни за лек ;)

Инаку ги поврзав како на сликата и кај мене работи без проблем.

Благодарам за помошта.
Не е безбедно како што си ги поврзал, треба фазата да ја запираш кај прекидачот, а нулата(плавата) да ти иде директно.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Добар е начинот и штемата што си ја направил, функционална во секој случај.
Се надевам само дека доводниот кабел не е слаб па при врзана употреба и на штекерот и на сијалицата нема да има проблем со неговата издржиливост.

Затоа што рече дека доводот е од спрат за во визба провери колку е осигурачот на целата гранка од инсталација (спрат+визба). Добро би било да не е поголем од 16А, иако може и малку повеќе пример 25 како што рекле погоре но внимавај на кабелот, 1,5мм = 16А, 2,5мм= препорачано исто 16А но може и до 25А.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom