Како да дознаам за настани во скопје

Член од
2 јули 2019
Мислења
8
Поени од реакции
9
Сакам почесто да излегувам низ скопје на некои настани или така слично но проблемот е што секогаш последен дознавам за тие работи и нема време едноставно да се каже. Како дознавате пред време за некој настан што ќе се случува во Скопје? Ако е преку интернет како и каде.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.322
Сакам почесто да излегувам низ скопје на некои настани или така слично но проблемот е што секогаш последен дознавам за тие работи и нема време едноставно да се каже. Како дознавате пред време за некој настан што ќе се случува во Скопје? Ако е преку интернет како и каде.
Одговорот од моја гледна точка е едноставен, ама апликацијата на истиот не. Јас сум човекот што ти треба. Пошто настани ми се повеќе од хоби, може слободно да кажам и пасија и им посветувам многу време и енергија, со текот на времето дојдов до оние фејсбук профили на разни организации што во главно организираат настани што сакам барем јас да ги посетувам, а такви се прилично многу затоа што имам премногу дури и претерано широк дијазепам :Dна интереси, несфатлив дури и за оние со кои најмногу и најдолго се дружам. Уствари фејсбукот примарно го имам ради тоа, да следам настани и да си го организирам слободното време. Секако стално има нешто што сум заборавил или нешто ново што се појавува па го надградувам профилот ама во главном мислам дека најглавните работи во Скопје ги следам на дневна основа. Луѓето со кои се дружам генерално од мене чекаат линкови за настани, така што во мое друштво таа улога ја имам јас. Неколкумина дури и ми сугерираа ова мое хоби да го направам во форма на веб страна или страна на социјални мрежи кај што би служела на луѓе што се интересираат за настани да имаат се на едно место, на една веб страна без да се замараат со барање насекаде и "одење пешки" како што јас го правам тоа. Ова би идело и со некој теоретски потенцијал тоа да носи и некои микро дополнителни примања од реклами. Ама што ради мрза што ради тоа што сметам дека нема да има многу ентузијасти за следење на такви работи, никогаш не го реализирав тоа иако не дека не го размислував. Сепак мило ми е што налетав на човек што се интересира, се осеќам како Агда кога некој друг ќе пише на темата за минералите.
Така да прво кажи што конкретно те интересира, концерти, изложби, театар, спорт, субжанрови на музика, кинематографија или слично и јас ќе ти пуштам соодветни фејсбук страни од организации кои се бават со такви настани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom