Каков ноќен живот имате / сакате да имате?

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Темава е за излегувања навечер односно разликата помеѓу преферирате и сакате... Ке почнам од себе пошто е некултурно јас да почнам, отворам тема а да го избегнам прашањето и да не одговорам. Јас не испаѓам односно многу многу ретко зошто не можам да го поднесам сивилото на ова општество не сум див човек само знам што сакам а што не и што одговара на моето јас. Почитувам испаѓања по дискотеки и кафичи, но не го можам тоа едноставно ми е преку глава од гужва, испотени мишки, намуртени вратари, дигнати шанкерки и келнерки и општиот хаос кој зјапа во телефоните и глуми лудило али лошо глуми лудило онака вештачки. Несакам да звучам како да се празнам на темава или барам тешење али навистина е банално луѓе ноќниов живот ни е слика до каде е цивилизацијава... Единствено поштувам сакам читај обожавам се испаѓања во парк како дечишта тоа што го прават и многу ретко некој повозрасни од дечишта. Значи здружување некој денар ако е работата за јадење и пиење купување и седиш опколен во зеленило со пријатен мирис и уживаш. Слободно друштво, улична култура зборување се и сешто и што по далеку од фазонот на бедата глумење холивуд по кафичи. Слободните сваќања кои ги имаат се помалку луѓе ми се храна за да останам социјализиран и да продолжам да го есапам општеството. Не зборувам за крајности него (зборувам глупости колку за пр.) ако еден фраер измисли мода дека повеке е сељачки да се носи бела блуза преку ден тогаш за неколку недели тоа го прифаќа целиот град и ако ти носиш бела блуза преку ден си цел на исмевање само затоа што си контра лудата колективна свест. Хаос еден на поспаност кој ствара сивило.

Каде е животот на младите кои држеше силна позиција пред 10, 12 години. Кога се повеке млади возеа скејтборд, ролери, скејт парковите беа полни, оние генерации кои почнаа да прават траки и снимаат рап, они кои фаќаа девојки во живо, каде е скромното облекување без да ги жртвуваш родителите а да имаш облека на тебе според нивото на општеството и притоа да те прифатат сите, каде е таа почит помеѓу металци, рапери, панкери, рокери и тие што никаде од овие групи не припаѓаат, каде се дечките кои знаеја да се степаат онака машки и да си подадат рака, каде е дремењето по клупи, каде се дечките што чуваа кучиња и ги дружеа по паркови со огромни бројки и секакви раси, каде се девојките кои не сонуваа да станат старлети, каде е возењето на томоси кои ги крадевме од дедовците ? Размислете каде е оваа свежина сега по 10, 12 години ? Ја нема ?

И целата оваа уметност на различност и меѓусебно вистинско созревање згасна со фазон, со фазон на сивило на кој му се поклонуваат сите кој од што уживаат во тоа од секогаш зошто толку можат да видат, кој од што мораат зошто сите ама сите се придржуваат на тоа.

Колку и да ме тресе носталгија не смеам да дозволам тоа да ја преплави темава пошто сосема е друга целта а и не коректно празнење по теми не е ова јавување во утринска емисија...




"Целта на темава луѓе е да си кажете: Како испаѓате ? А какво испаѓање ве исполнува ?"
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Да има барем по една пристојна свирка не мора еднаш неделно, еднаш на две недели нека биде.
По можност авторски бендови онака да слушаме оригинална музика, оти преку такво од тезги. Ако се тезги да бидат по мој вкус ко шо се едни другарчиња од Битола кои би ги слушал секој викенд (значи не ГНР, Ејсидиси, Цепелин, Парпл) него поразличен рок, чунки овие првиве шо ги набројв често пати се препевувани од кој ќе стигнат.

Сакам да има и проекција на филмови, онака вечерно, како што имаше претстави на театарскиве игри, исто вечерни после 00. Има некој посебен шмек во таквата колективна дружба.


Отприлика не барам многу, ова е тоа што ми недостига. За другите гајле ми е :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Ноќниот живот во Скопје е мизерен и тоа го потврдувам и потпишувам со две раце.
Скопје е станато една обична паланка, во која доминира „Караоке со Мето и остали забављачи“, заебани вратари и прескапи пијачки.

Инаку за само неколку години, ниќниот живот во скопје е паднат за 90%. Од 33.000 посетители на ноќни клубови, кафани за викенд, на 3.000. Најверојатно е поради цената на искачањето, и немаштијата на народот.

Сепак, малку останаа што се спремни да издвојат од се живо за да искочат, уствари 3000 останаа. И тоа знаеме какви 3000, не некои со кои би сакал да искачам :D

Ова инаку од аспект на некој што би бил разочаран пошто не може да искача, јас и да има каде не сум таков тип. Ама сакам фестивали рецимо, имавме Скопје Стрит Фестивал, кој како во вистинска паланка заврши и луѓето се разбегаа пред 1 саатот. Тоа е тој ноќен живот.

СУБОТА ЈЕ ДАН ЗА АЛКОХОЛ!
 

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Па тука сме бе друже. На лето на улица, на зима кај некој другар дома. Годините немаат врска, демек еве јас имам 22, и срамота е да пивкам на улица/ во парк? Никако :D

За дискотеки/кафиќи и такви работи, на вакви места излегвам многу ретко... И ко шо идет годините, се поретко и поретко. Одам ради реда, чисто да се видам со некој/а со кој си стојам убо а шо се немам подолго време видено, инаку не ми е по ќејф ич.

Ми е галје, не излегвам да сум виден. Зато немам ни желба да одам на овие места.
Преферирам најмногу да одам на журчиња(транс, рап). То ми е приоритет и ги пратам досега веќе 7-8. И ќе ги пратам цел живот, да се надеваме, ако не рикнам за брзо :D. То ми е број 1. И тоа ме исполнува најмногу.

Одење по кафиќи/дискотеки и остали такви објекти е залудно трошење пари, според мене. На ова мислев редовно одење, викендашки или 3-4 пати неделно.
Се каам за сите пари шо ќе ги поебам за едно пиво 100(сега на лето и поскапо) денари и жестоко 120, АЛО БРЕ, ви ебам семката, охридска семка неуба. Зато посаквам да немат ни еден турист. Многу клет народ сме oхриѓаниве, то е факт.
За кој кафиќи/дискотеки вакви цени еј, абе скапани се. Ненаситни,лакоми створења со никаква понуда, никакво место а високи цени.
Ради горенаведениве причини - фино културно неколку пати неделно(на лето некогаш и прајме маратон по 4-5 дена и појќе :pos:) си се собираме со екипата кај другар дома(сега во лето во дворот негов), си земаме пијачка, грицки и така натаму и многу и поефтино и поуба дружба и се... Нит те замарат некој, нит гледаш некакви фаци неубај, одбрана екипа и си возиш.

Епа толку за моите *испаѓања* , накратко. Вака го терам овај филм во последно време. :)
И супер ми е :ROFLMAO:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Дур бев у средно ме носеше бранот на генерацијата кој не тераше сите да идеме по дискотеки. Оттогаш имав некаква одбивност, али си мислев до мене е. Како може сите да сакаат да идат таму, а ја да нејќам? Нелогично ми беше, па продолжував да идам (дури после сфатив дека ни на барем 50% од луѓето не им се свиѓа тоа искачање, али идат од други причини). А идењето, освен ако не си фаца нормално и ако не се познаваш доволно добро со такви, се состои од дремење пред дискотеки и буквално молење да те пуштат вратарите без два грама мозок (после сфатив дека тие се таму пошто не биле доволно интелигентни за да направат нешто подобро од животот, а таков на интелигентна личност како мене не може да му наредува ама баш ништо). Оттогаш ми беше понижувачки тоа и често се нервирав, па кога евентуално ќе влезеш, после тоа нема веќе забава у тебе. А внатре не е ни ништо посебно, да не објаснувам, сите знаеме како е во дискотеки. Долго време ми требаше да сфатам и дека тоа е едно место кај што мангупите кои се родени со пари проектираат моќ, а останатата раја слепо ги следи, верувајќи дека и тие ќе помирисаат малце од „моќта“ ако доволно се лижат. Да не збориме што прават девојките. Како и да е, од повеќе вакви причини кои се насобраа сфатив дека тоа не е место за мене. Не е дека ги мразам тие места, не е дека никад не ми било интересно, имаше периоди кај што баш се забавував и памтам интересни моменти, не е ни дека никад веќе не би идел, ама едноставно веќе не ми се дел од животот, ми немаат никаква важност. Искрено не се сеќавам каде и кога последен пат бев, можеби беше пред 3-4 месеци, можеби пред година. Не знам ни кога пак ќе идам, може уште утре, може нема ни за цела година. Немам ни ништо против луѓето што идат, секој си има своја причина, некои и стварно се забавуваат, не ги осудувам или нешто.

Наместо ваквите места, многу покомотно се осеќам во кафичи кај што ќе се напиеме со друштво, ресторанче кај што ќе каснеме нешто, или кафанче кај што ќе јадеме, боцкаме, пиеме и ќе се заебааме. Не е на одмет и да се шетне негде ко у паркче, али друштвата не ми се на тој начин ориентирани, повеќе сме по седењето на столици :D Искачам и по маало со маалски другари, ќе ги прошетнеме старите места кај што израснавме, евоцирање спомени и такви ствари, дур воедно си ги кажуваме „маките“ од сегашниот живот и секојдневните предизвици. И искрено откако почнав малце полабаво да го сфаќам тој „ноќен живот“, многу по stress-free сум. Местата на коишто излагам се топ, пошто не се места кај што се собира огромен народ ко во дискотеки, но сепак има доволно луѓе за да се осеќаш како да си излегол негде. Така што во врска со локациите е топ, се што сакам повеќе од ноќниот живот е да ги натерам друштвава мои што се моја генерација, малце помалце да се замараат и да не влагаат у филм ко да се возрасни и да се потресуваат толку за нивното секојдневие. Пошто у последно време многу го добивам тој vibe како „леле ич неам време у животов, факултетов цела социјала ми ја одзеде“, што се глупи муабети пошто ако сега толку се потресуваш, што ќе биде кога ќе бидеш вработен и ќе треба да почнеш да издржуваш некого. Ако сега не ги искористиш годините, може лесно да ти се сјебе цел живот, пошто на секој му треба малку повеќе опуштање. Не може цел живот да ти е работа, што и да сакаш да работиш, ти треба малце... живот... ноќен живот. Али океј, тоа е друг муабет и забегување од темата.

Такада све што сакам од ноќниот живот е лицата од мојава генерација и околу неа, малце помалку замарање да имаат. Да не идат со сила на места кај што нејќат да идат само пошто тоа е мејнстрим (пошто јасно ми е дека некои исти мислења имаат ко мене, а уште тераат по старо), а истовремено да ја искористат малку младоста и да го прават тоа што стварно сакаат да го прават. Мислам дека со таква промена сам по себе ќе се подобри квалитетот на ноќниот живот на сите нас, а со тоа делумно и на општеството. Некако осеќам дека проблемот е што брза ни е трансформацијата од безгрижен живот во живот исполнет со обврски. Треба малце да се оддели периодот на транзиција, а моменталната ситуација некако не го дозволува тоа. Можеби коренот на проблемот е тоа што тешко се наоѓа работа, па сите веднаш по завршување средно се запишуваат на факултет и пробуваат колку што може побрзо да го завршат, и сметам дека тука е тој дел што сите нас не убива и што ни го квари ноќниот живот, па останува само некаква квази забава која повеќе е забава ради-реда. Али ајде, и тоа би било идење у друга тема.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Преферирам помирни места со не премногу луѓе, значит најголем дел од времето се движам во пабој ил ресторани. Луѓето си се супер, служат добра храна, цените се прифатливи, немат динга љуѓе и чергари натре, опуштено е и мојш да си тераш муабети со рандом девојки (ак ги имат, ак ги немат онда гураш котењере до Саве, јер тако каже брат Тадија:D), на тељевизор имат миленце (шо то ме радвит) и секојпат имат некоја интересна содржина пуштено, така да све то си се продлабочвит уз муабети, пиење, смеење и одлична дружба. Чат пат носат и некои бендови за викендите, од Тетово, од Битоља... Се си е супер, така да немам никаква замерка.
Кај рестораните е друга приказна, особено ми е супер стар амбиент натре со жива музика. За парите шо ги даваме (е сеа заеби ќе те фатит плус две и пол стотки) ама уживаш во посебен третман, јадењето и пијачката тука на маса распотелено (Сеа сме на цвекло и моркој и тро ракија, зш ми рече матичнава оти многу тантела крфта ми била:DА јас матичнава ја поштовам), најбитно од се е да имат жива музика и фала Богу да знает песни, зш немат париња давање иначе.
strad.gif

Е сеа ко ќе ме удрит будалијата в гла, влегвам во места шо и Ѓаолот избегават да ојт. То све е натре дивиот запад, брачки шо чекет некој да спљујет од мање, организација никаква, абе све шо е изгубено од мајка и од татка вкључуваќи и мене е таму ќе го најдет, се онаквет во вецињана, друг черевата си ги исповратил зш се прегргаљил од пијање, немојт да се поминит да го пушчиш Тасета на писоар да се олеснит, отаде некој парче издрогирани сторени шо ни самите незнает кј се наоѓет:D Све се вртит, некој еартикулисан диџеј со ар ен би, денс менс хитој и сечени песни тешки накрај:D То е само ко ќе ме удрит будалијата, накрај жими се се завржвит со некој песни од Балканов
:ROFLMAO:

Ма нек си ебит мајката све бајо мој. јас сум задоволен, не би менвел ништо и не сакам друг ноќен живот. Доволен ми е овај и си уживам со екипата во него.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Интересна тема за дискусија :)
Мојот идеален помин надвор искрено зависи од расположението.Но најголем фактор игра тоа што музика слушам и какво друштво преферирам.Никогаш не сум одел по места како Колосеум или слично или некои од познатите кафичи.Секогаш сум сакал да искочам надвор со друштво да земеме пиво/вино и уште нешто да искочиме во парк,маало и да дремеме.Цела вечер ни поминува во смеа и заебанции но и речиси секогаш забегуваме во некои филозофски муабети.Таа разновидност и ми се допаѓа,бидејќи тоа не можам да го правам сегде.
Е сега сакам и да искачам и по локали.Највеќе што сакам е да искачам по местата каде што има добар рок,метал или панк.Кога сме веќе кај ова,јас би сакал навистина панк сцената да се врати кај нас.Особено ои панкот што ми е омилен жанр.Бројот на панк свирки е значително опаднат во споредба од пред да речеме 5-6 години уназад.
А да и морам да додадам,воопшто не сметам дека Скопје има лош ноќен живот.Тоа ми е многу кич муабет.Дали може да биде подобар?ДА секако.Но во глобала Скопје нуди за секого по нешто.Имате најразлични свирк,настани изложби промоции и слично.И што прават луѓето?Не идат.И после кукаат брааааат нема сцена брааат овде,ее у Германија да бевме да видиш таму шо е.Хах.Тоа е нешто што ја уништува секоја сцена во Ск.Кога последен пат сте отишле да дадете поддршка на некој нов бенд на свирка?Кога последен пат сте отишле на промоција на некоја наша книга?Мислите дека сцената во Германија,Данска,Сенегал или Боливија умп дека никнале од земја?НЕ.Ако нема доволно луѓе кои ке ја поддржат сцената нема да има и сцена.А со такво праење паметни,заеби брат Скопје нема ништо верувај утре и у Њу Јорк да отидеш пак ке се праиш паметен,заеби брат нема ништо досадно е .
На крај краева,за повеќето нас Скопје е град во кој ќе живееме подолго време,зошто да не пробаме да го направиме нашиот ноќен живот подобар сами,бидејќи нашиот секојдневен живот политичарите и така нема да ни ги направат подобар.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Онаков ноќен живот каков што јас сакам да имам, во денешно време нема, а и не верувам дека во иднина ќе има, од проста причина што луѓето не се тие што беа.

Сакам ноќен живот каде знам дека ќе излезам, а ќе бидам на безбедно, а тоа да не биде како денес да се вртат наокулу секакви исфрустрирани сељаци, дебили, кретени, кои се без домашно воспитување или ја кренале чашката нешто повеќе.

Сакам ноќен живот кој ќе го живеам, а не каде ќе излегувам ради реда. Порано седевме на клупа во маало и со саати муабетевме, а сега се седнува во кафич со напумпана атмосфера, се седи на телефон и се јаде само. Не ми треба човек кој ќе ми покаже кој што направил на Фејсбук, туку ми треба човек со кој ќе си направам асален човечки муабет.

Сакам ноќен живот каде ќе излезам во кафана и низ добра храна и муабет ќе ги потпевнуваме песните, а тоа да биде без срам, а да не биде како денес да се срамиш од тоа да кажеш дека слушаш народна музика, а дома одлепуваш на 104.4 радио.

Сакам ноќен живот каде ќе отидам на концерт со добро осветлување на отворено во лето или на добра забава во зима, но тоа да биде одење каде ќе се пејат сите песни, ќе се игра, а не како денес ако отидеш стоиш како уштиркан, го држиш телефонот во рака и правиш селфина.

Сакам ноќен живот каде ќе излезам, а нема да бидам воочен по тоа каква кола возам и каква облека носам.

Сакам ноќен живот каде ќе запознаам нови луѓе со кои во иднина можеш да продолжиш да комуницираш, а не напатени луѓе кои дали воопшто спаѓаат во групата луѓе.

Сакам ноќен живот каде можеш вечерта да ја поминеш со 100 денари, а не со 300 или повеќе.

И најглавното од сите............, сакам ноќен живот кој има душа, кој ќе го почувствувам, кој ќе ме натера да уживам во моментот и да го запамтам истиот, а не ноќен живот каде излегувам во непријатна атмосфера.



Има и други работи, но воглавно тоа би било тоа:)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Се согласувам со другарот Рики за ноќниот живот, и ја сум на тој став. Генерално избегнувам дискотеки и такви места, освен ако не сум ептен пијан, тогаш можам да одам секаде на секаква музика. :pijanco:
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Да имат појќе дешавки на отворено и луѓето да се маалце поопуштени, ништо друго.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.341
Имам приметено, у диско не идат луѓе кои мислат да си поминат убаво туку у фаца кога ќе ги видиш како да им е смачено од животот, седат како здрвени цело време. и упорно го фураат тој стил.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Сликава и музикава кажува доволно....
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
До сеа да чукнам у дрво имам квалитетен ноќен живот, сеуште фурам харкор, висам по паркови и клупи али идам у во клубови, кафичи, кафани и журки насекаде кај што можам.
Постои уште хардкорот и му се радувам највише, летно време класика парк цело време.. а зимно време се пикаме по гаражи, идеме на плочник и пиеме алкохол и пушиме многу цигари.
Први другари ми се скејтери и уште возат скејт, сеуште се се фура рапот и засекогаш ќе се фура.
Не е лошо воопшто да отидете на некоја журка во кафич или во клуб, таму има многу девојки кој што идат за забава .., плус има и доста квалитетни дј = и а тие куртоните што висат само немате потреба ни да ги гледате, идете да се забавувате не идете да глеате фаци што не знаат да џускаат.
Скопје има многу места за искачање .. цело време, во било кој период, не спие градот.
Се зависи кој стил на живот фурате... дали е тоа шаблонски или е права ствар, тука е штосот.
Јас практикувам пиење надвор, идење на повеќе журки и после главење некаде на афтер.
Се во зависност од парите а за квалитетно искачање ти требаат парички , иако за добра журка не ти требаат многу пари , ти треба само екипа, добра вибрација и сенс за жур. :)

п.с: Денсам Секогаш Во Клубот !
 
Член од
23 март 2015
Мислења
22
Поени од реакции
10
да има место по сечии вкус.. нека има и кафанчина и пејачкии.. итие се нечи вкус сепак да не бидиме ограничени и да си бидиме кај шо ни е најкев нас
 

Kajgana Shop

На врв Bottom