Ќе и дадеш план на девојката со кето оброци и тоа да ти готви, со њоки да прекинеш кетоза не само што излегуваш неколку денови од патеката, туку и тоа го правиш со храна со висок гликемичен индекс. Јас на твое место би удрил 24-48 часа Фастинг и добри саат и пол кардио за казнаПа кетото планирам да го терам 3-4 месеци (еден веќе пројде). Така да ОК е сега - засега.
Ги вратив килограмите пошто знае да ми здосади од тој начин на живот и исхрана, ќе ми здосадат тегови и железа, ќе ми здосади пазење што јадам и толку е. Мене ми треба 1 недела да качам 3-4 кила, до толку ми е спор метаболизмот и до толку знам да се опуштам.
Бев со константна тежина подолг период (90кг), тежина во која се чуствував прилично удобно во сопствената кожа. Има периоди кога знам да се запуштам (прекинување со теретана/кардио/трчање/фудбал, јадење глупости касно навечер и сл) и тогаш качувам. Ова се случува претежно на есен. Јас немам проблем во стил "Еее абе не знам од што се поправив", многу убаво знам и сум свесен од што ми е. Имам проблем со контролирање на фрекфенцијата на тие периоди во кои се опуштам. Не се чести, но се катастрофални за сопствената тежина. И тогаш јадам благо, јас комотно можам да се удавам во благи работи. Не ми се проблем месишта, теста, кафани. Еве моментално лети фати - мене може човек да ме остави во фрижидер со сладолед и да си замине со чиста совест.
Затоа и се одлучив да пробам со кето за прв пат во животот, да видам како ќе ми реагира телото кога прима шеќери на минимум.
Еве вчера јадев њоки (@Кеплер , не ме карај, девојка ми правеше, МОРАВ) и денес ме гризе совеста затоа што сум излегол надвор од зацртаниот план, макар за еден оброк.
Главна причина за покачен холестерол е прекумерен внес на карбс(шеќер) премногу инсулин не масти.Дечки има ли некој искуство со благо покачен холестерол, се друго таман, триглецириди ниски, добар сооднос хдл лдл со кето диета и колку заситените масти навистина влијаат на холесетролот.
Дали маслинов помас е подобра опција за пржење, печење или е џабе фрлени пари.
Месецов јас сум на интермитент фастинг , со воглавно 16-8, 5дена во неделата. И се осеќам како машина никогаш подобро, прво имаше неколку недели адаптација. Иако сум на катинг сила немам значајно изгубено може да имам задржано 95% или повеќе. Редуциран стрес, подобар и подолг сон, полесно трпење наглад, подобра концентрација и фокус итн.
Сакам да искомбинирам со кето но малку сум загрижен околу тоа дали влијае на холестеролот.
На долг рок да, но изеди три цели јајца вечерта и сабајле направи крвна слика ќе видиш дека не е баш така.Главна причина за покачен холестерол е прекумерен внес на карбс(шеќер) премногу инсулин не масти.
12 жолчки јадеш на ден? Сакаш да кажеш дека ако изедеш 12 цели јајца не би имало влијание на нивото на холестерол во крвта мислам на утредента ?Брату, ја јадам по 12 јајца на ден а некогаш и повеќе и никад сум немал проблем, може генетски да ти е ама ти гарантирам дека 99% причина е премногу инсулин.
Така е.Се што е претерано не е здраво.
Така е.Холестеролот можи да се крени и кај лица кој што нејадат масти.
И тука веќе се е јасносистемацки